In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

 
Објавено на 01.04.2019 во 06:27

Ѕвезденото небо над светот во април 2019
 

Ситуацијата на небото во април ќе биде баш пролетна, променлива. Имено, Меркур и Венера речиси во исто време, првиот на 18-ти, а Венера на 21-ви април 2019 година, ќе поминат од знакот на занесените Риби во знакот на пионерски расположениот Овен. Додека Сонцето, кое веќе се наоѓа во Овен, ќе го продолжи својот престој во овој знак до 20-ти април, за потоа да го смени својот хоризонт минувајќи во Бик. Енергичниот Марс веќе на 1-ви април ќе го напушти бавниот Бик, продолжувајќи ја својата пролетна прошетка низ разиграните Близнаци. Во април дури три планети, од оние што бавно се движат, Јупитер, Сатурн и Плутон ќе започнат ретроградно да се движат.

Целиот сплет на промени би требало да предизвика периодот, од 1-ви до некаде 20-ти април, да помине во знакот на романтиката, љубовта, фантазијата, креативноста, пијанството, нерационалните постапки, неверствата, претерувањата, критиките и озборувањата (Меркур и Венера во Риби коњукција Нептун, Меркур квадрат ретрограден Јупитер). Под влијанието на овие растреперени вибрации постои можност да бидете поконфузни од обично, оптоварени со спомените од минатото, песимистички расположени, интелектуално инертни, невротични, склони на неверство, премногу нереални во своите врски, со без'рбетно однесување, слаби на алкохолот и другите опојни средства. Ова ќе биде најзабележливо кај Рибите, Близнаците, Девиците и Стрелците родени во втората декада.

По 20-ти април 2019, ситуацијата би требало да се смени. Па, во овој период можеме да очекуваме дека ќе станеме поактивни, поагресивни и поимпулсивни отколку обично. Затоа, ќе имаме желба да комуницираме со другите, повеќе да се забавуваме, да се шегуваме, да заведуваме и да освојуваме. Ќе има повеќе вљубувања на прв поглед, повеќе страст во комуникацијата со луѓето и во љубовните односи. Мотивот за реакциите на луѓето ќе биде љубопитноста и желбата да се задоволат потребите на егото. (Меркур, Венера во Овен, Марс во Близнаци). Оваа ситуација одлично ќе им одговара на Овните, Лавовите и Стрелците родени во првата декада. Но, неповолно ќе се одрази на Раковите, Вагите и Јарците родени во првата декада. Тие би можеле да доживеат големо љубовно разочарување по 20-ти април.

Како ситуацијата на небото во април ќе се манифестира на дванаесетте зодијачки знаци ќе можете да прочитате подолу:

Начин на читање:: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот подзнак. Потоа можете да ги проширите сознанијата со текстот што одговара на вашиот знак. Доколку не си го знаете подзнакот, Асцендентот, направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Некаде до 20-ти април, заради својот долг јазик, трапавост, брзање или заборавност, би можеле да имате проблеми на професионален план. Посебно во периодот од 7-ми до 16-ти април. Додека во периодот од 8-ми до 13-ти април, можно е да доживеете романтични љубовни мигови кои, поради некоја причина, ќе мора да ги криете. Додека во периодот од 13-ти до 18-ти април можно е да расчистувате некои стари работи во љубовниот живот, да имате контакт со некоја стара љубов или да доживеете кармичка љубовна средба. Посебно ако сте родени во третата декада од вашиот знак.

Затоа пак по 20-ти април ќе имате чувство дека се отвориле завесите кои принудно го беа затвориле вашиот живот и дека конечно дошол живот за вас. Посебно ако сте родени во првата декада од вашиот знак. Вашиот надалеку познат шарм повторно ќе се врати и вие ќе ги воодушевувате луѓето со кои ќе стапувате во контакт со својот остар ум, досетливоста, со безсрамните коментари и со отвореното кокетирање со личностите кои ви се допаѓаат. Па, ако вашата професија е поврзана со говорот, уметноста и публиката, април ќе биде месец обележан во знакот на успехот. Сепак, вашата импулсивност и невнимателност би можеле да ви донесат конфликтни ситуации во односите со роднините и соседите. А, би било пожелно да бидете повнимателни и во сообраќајот.

Бик

Вие ќе бидете еден од најсреќните знаци во љубовта во првите десетина дена на април. Така, од 1-ви до 8-ми април би можеле да дојдете до креативни решенија во остварувањето на вашите планови и цели. Додека од 8-ми до 13-ти април би можеле да доживеете непланирани, романтични мигови во љубовта. Во периодот од 13-ти до 18-ти април ќе постои можност да го обновите контактот со некоја стара љубов или пак да расчистите со љубовните стеги што ве ограничуваа во минатото. Посебно ако сте родени во втората декада на вашиот знак.

Професионално, искористете го периодот до 20-ти април да ги преземете позначајните одлуки и да го трасирате патот на вашите идни планови. Она што ви се чинело нерешливо, до 20-ти април би можело да се реши во ваша корист. Најмногу успех до 20-ти април ќе имаат Биковите кои се занимаваат со политиката, невладиниот сектор, хуманитарните организации. Притоа, ќе добиете и неочекувана поддршка од пријателите. По 20-ти април полека ќе потонете во сенка, далеку од очите на јавноста. Тогаш ќе имате шанса за таинствени љубовни средби. Во текот на целиот април ќе трошите повеќе отколку обично. А, ако сте родени на 22, 23 и 24-ти април, Уран од корен ќе ви го менува животот на најнеочекуван начин.

Близнаци

Во месец април, Марс ќе се врати во вашиот знак и ќе ве исполни со енергија и желба за акција. Па, ако не ја изберете вистинската активност на која ќе се трошите, можно е да станете незадоволни и премногу агресивни и тоа да го манифестирате во комуникацијата со колегите, што ќе ви создаде проблеми на работното место. Во тој случај не ќе можете да ги реализирате креативните идеи кои ќе ги имате на план кариера. Посебно во првите дваесет дена на април. По 20-ти април пријателите би можеле многу да ви помогнат во решавањето на некој проблем поврзан со парите, здравственото и пензиско осигурување. Додека од 25-ти до 30-ти април ќе треба да бидете внимателни во комуникацијата со пријателите, бидејќи вашите очекувања и реалните случувања нема да бидат во согласност. А, пријателите би можеле да го заземат почесното место на тронот на предавниците.

Вашиот љубовен живот би требало да процвета по 20-ти април. Посебно привлечни ќе ви бидат личностите родени во знакот Овен, Стрелец и Лав. Поради силната сексуална привлечност некое ваше пријателство би можело да се претвори во нешто сосема друго.

Рак

Сите ваши активности кои се поврзани со странство, патувањата, учењето, законот и судењата до 20-ти април би можеле да се одвиваат во смер кој вам ви одговара. По 20-ти април, иако постои можност за професионален успех, посебно ако се занимавате со креативна работа, можно е да не ја процените ситуацијата реално и да се најдете во сериозен проблем. Имајте на ум дека најголеми кочничари на вашиот успех ќе бидат вашите колешки или други помлади жени со кои соработувате. Овие случувања, како и некој внатрешен немир, би можеле да ви предизвикаат проблеми со сонот.

На љубовен план, ако сте во брак, веќе извесен период минувате низ заладување на односите со партнерот. Во април ќе постои опасност од конечно распаѓање на лошите врски и развод. За да го поминете процесот полесно би требало повеќе да се потпирате на разумот, а помалку на чувствата. Но, ако помислувате дека со влегување во нова врска ќе ги решите старите проблеми, се лажете себеси, а го лажете и партнерот. На тој начин само нерешените проблеми со себеси ќе ги префрлите на новата врска и за кусо време би можеле да доживеете ново фијаско. Но, можно е и некоја неискрена личност да ја искористи вашата моментна емотивна слабост за остварување на своите себични амбиции. Посебно ако сте родени во првата декада на својот знак.

Лав

Што се однесува до парите, до 20-ти април хармоничниот танц на Венера со Меркур и Нептун, би можел да ви донесе шанса за убава заработка од некои таинствени извори или активности. А, би можеле да имате голем успех и преку инвестиции, кредити, заеми, осигурувања. Можно е да вратите некој долг или да добиете подарок што не сте го очекувале. Посебно во периодот од 11-ти до 18-ти април. По 20-ти април на повеќе профит би можеле да се надеваат Лавовите чија што професија е поврзана со комуникациите, транспортот, образованието, трговијата. Посебно онлајн и со странство.

Во текот на целата година, Јупитер, планетата на среќата, би требало да ви донесе среќни мигови на план љубов и деца. Додека во периодот до 20-ти април, хармоничните вибрации меѓу Венера, Меркур и Нептун би можеле да ги зголемат вашите сексуални апетити и да ви овозможат незаборавни мигови во љубовта и сексот. По 20-ти април, шансите за љубовни моменти ќе се префрлат од физичко на духовно ниво. Па, постои можност за романтични мигови со личност која има развиени морални и духовни квалитети. Оваа шанса ќе се зголеми ако често патувате, вие или другата личност. Помладите Лавови веројатно ќе се вљубат во некој Овен, Риби или Шкорпија, со кого посетуваат исти предавања или имаат иста животна филозофија.

Девица

Ако планирате да започнете некој ортачки бизнис или некои свои проблеми да решавате на суд, иако работите ќе ви се чинат идилично, во реалноста нема да биде така, до 20-ти април. Додека негативните реперкусии по работата и партнерските односи ќе се манифестираат во периодот од 25-ти до 30-ти април. Ако пак вашата работа се одвива пред публика, вашата харизма ќе биде посилна од се и ќе ви носи јавни симпатии. По 20-ти април, би требало да најдете несекојдневен начин да се ослободите од финансиските обврски, да ги вратите долговите или дури да заработите пари. Посебно успешни во финансиските трансакции би требало да бидат Девиците банкари. Додека Девиците политичари ќе ја имаат поддршката од јавноста и од спонзорите.

На план љубов, Девиците кои се во брак веќе подолг период се оптоваруваат со размислувањето за некоја своја љубов од минатото, имаат нарушени брачни односи, се караат со партнерот заради децата или се соочуваат со губење на интересот за партнерот или тој за нив. Па, ако не најдете заедничко прифатливо решение за проблемот, вашиот нестабилен однос ќе продолжи на истиот начин уште еден подолг период. Но, и покрај тоа, во периодот од 11-ти до 18-ти април е можна судбинска средба со некоја кармичка љубов или затворање на комуникацијата со некоја личност од минатото со која сте останале недоречени. Многу слободни Девици токму во април ќе донесат одлука да стапат во брак.

Вага

Работата би требало да го окупира вашето внимание некаде до 20-ти април. Дури постои можност под влијанието на сплетот вибрации меѓу Меркур, Венера и Нептун да дојдете до некои интересни идеи или решенија за вашите професионални проблеми или дилеми. Додека по 20-ти април доаѓаат тешки денови за Вагите со јавни професии, за Вагите судии, адвокати и за оние кои се во ортачки бизниси. Голема е веројатноста некои бизнис партнерства да се распаднат заради неискрениот однос на другата страна. Па, дури и да завршат на суд. За да не дојде до тоа, внимавајте со кого, каде и што зборувате, правите и потпишувате по 20-ти април. Посебно ако сте родени во првата декада на вашиот знак.

На љубовен план, веќе некое време Вагите кои се во брак се соочуваат со проблеми поврзани со изборот на местото на живеење, со проблеми во домот и меѓу членовите на семејството, со нерешени прашања поврзани со недвижниот имот. Овие проблеми би можеле да ескалираат во периодот до 20-ти април. Па, дури и да ве донесат пред лицето на судот. Но, би можел да страда и вашиот брачен живот. Посебно ако сте родени во периодите од 11-ти до 17-ти октомври. Најголемиот пак број од вљубените Ваги кои не се брак, токму во периодот од 20-ти до 30-ти април ќе се одлучат да го направат судбинскиот чекор.

Шкорпија

Првите дваесет дена од месец април за вас ќе бидат обоени во нежните бои на романтичната љубов. Па, ако сте слободни можно е вашето внимание да го привлече некоја харизматична, романтична и поетска душа и вие нема ниту да забележите дека сте се вљубиле. Ако сте веќе во врска, првите дваесет денови на април толку ќе уживате во љубовните мигови споделени со партнерот што ќе имате чувство дека сте на Седмо Небо. Така, ако сте од женски пол, постои можност да забремените. Ако сте во брак, копнежот за љубов или ќе ги обнови романтичните чувства меѓу вас и вашиот сопруг или ќе привлече во вашиот живот нова љубов. Но, ако неверството е нешто што не си го дозволувате себеси, ќе го фокусирате своето внимание и љубов на децата. А, децата можеби ќе ве израдуваат со веста дека ќе добијат нивни деца. Родените на 24-ти, 25-ти и 26-ти октомври, под влијанието на Уран, ќе доживеат турбуленции во брачните односи.

По 20-ти април вашето внимание ќе се пренасочи на работата. Ќе биде наградена вашата креативност во извршувањето на секојдневните работни задачи. А, најмногу успех ќе имаат Шкорпиите со уметнички професии.

Стрелец

Веќе извесен период се соочувате со финансиски проблеми поради погрешни инвестиции во минатото. Затоа пак, во периодот од 10-ти до 18-ти април хармоничните вибрации меѓу Венера, Меркур, Сатурн и Плутон ќе ви ги зголемат шансите за подобрување на односите со членовите на семејството и за решавање на некој проблем поврзан со местото на живеење или со некој недвижен имот.

Затоа пак, ако сте во брак, во месец април би требало да го контролирате своето импулсивно однесување и својата агресивност, со цел да се поштедите од кавги. Не заборавајте дека нападот само во прв момент е најдобра одбрана, која се растура како кула од карти пред добрите аргументи на другата страна. Но, со растурањето на таквата кукавичка одбрана, вие ќе ја загубите почитта во очите на партнерот. Ако се однесувате помалку себично, а поодговорно, ќе покажете дека се залагате за духот на соработката. Ако сте слободни, по 20-ти април ќе имате шанса да се вљубите во некоја несекојдневна личност. А, ако сте од женски пол, можно е да одлучите да имате бебе. Ако сте веќе родители, среќни ќе ве прават случувањата од животот на вашите деца. Но, можно е и да дознаете дека ќе добиете внуче.

Јарец

Веќе извесен период се наоѓате во фаза на трансформација на вашата личност, на вашите ставови, на вашиот досегашен живот. На моменти се чувствувате онеправдани, ограничени во делувањето, бесни на тие што ве искористија, предадоа, повредија. Минатиот месец најмногу конфликти требаше да имате со членовите на семејството. По 20-ти април би можеле да дојдете до спасоносно решение на проблемите поврзани со домот, членовите на семејството и имотот. Додека на професионален план ќе бидете поенергични и поагресивно ќе се борите во докажувањето на своите убедувања. Сепак, потрудете се да најдете вентил за своето незадоволство, бидејќи ако потрае подолго ќе страда вашето здравје.

На љубовен план, во првите дваесет дена на април ќе ве здрма средбата со една личност која ја знаете преку социјалните мрежи или преку роднините и соседите. Повторната средба би можела да го смени текот на вашата љубовна историја.

Водолија

Во првите дваесетина дена на април фокусот на случувањата во вашиот живот ќе биде насочен кон парите. Така, ќе постои голема шанса до пари да дојдете на некој несекојдневен, оригинален и креативен начин. Па, охрабрени од тоа веројатно ќе се изложите на непотребни трошоци во периодот од 10-ти до 14-ти април. Меѓутоа, ако бидете премногу лековерни и ако верувате во шарени лажги за брзо богатење, можете да ги ставите сите пари на една инвестиција и да останете со куси ракави.

Во периодот од 20-ти до 30-ти април е можно да заминете на пат и да си поминете подобро отколку што сте се надевале. Професионално, по 20-ти април, следува подинамичен период за Водолиите трговци, транспортери, наставници, ученици, писатели, вработени во бизнисот со телекомуникации или во ИТ секторот. Но, тие би можеле да претрпат напад од тајните непријатели во периодот од 7-ми до 16-ти април.

Вашиот љубовен живот под влијанието на Марс ќе добие на интензитет. Но, тенка е границата меѓу интензитетот и агресијата. Потрудете се да не ја пречекорите.

Риби

Во првите дваесетина дена на април вашата надалеку прочуена фантазија ќе работи под полна пареа. Таа ќе ве направи интересни во очите на луѓето. Па, тие ќе го бараат вашето друштво, бидејќи вие ќе ги кажувате познатите работи на поинаков начин. Но, вашата харизма која ќе сјае со заводлив сјај во комбинација со слаткоречивоста ќе направи да се засили и вашиот заведувачки потенцијал. Како резултат на тоа можно е да ви се случат романтични љубовни моменти или барем флерт. Ако сте во врска, ќе ви биде тешко да останете верни.

Затоа пак од 20-ти до 30-ти април би можеле да се случат некои непредвидливи настани кои ќе ви донесат шанса да ја подобрите вашата финансиска состојба. А, можно е да откриете и некои необични или нестандардни начини на заработка. За сметка на тоа, атмосферата во домот ќе биде запалива. Па, доволно ќе биде некој да фрли чкорче на завист за да се разгори омразата и конфликтот меѓу членовите на семејството. За да го избегнете тоа, би требало да ги сочувате за друго друштво вашите рибарски приказни поврзани со вашиот успех и со имотната состојба.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби