In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Двете Марии

Објавено на 01.11.2017

Двете Марии
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Беа тоа две другарки. Едната беше црна и ниска. Другата висока, тенка и русокоса. Другарите ги викаа Марија црната и Марија плавата. Се познаваа уште откако знаеја за себеси, бидејќи нивните мајки се беа породиле во исто време, во Државната болница во Скопје. И бидејќи истата мака, болка и радост ги споила, исто како што војниците доживотно се збратимуваат за време на војна, така и мајките на двете Марии продолжиле да се дружат и откако ја напуштиле болницата со своите две векни замотани во пелени и повои. Па, дури им дале и исто име на своите ќерки, Марија. Мајката на црната Марија на пријателите им објаснуваше дека ја крстила ќерка си по свекрвата. Додека мајката на Марија плавата, наводно голема верничка, со гордост истакнуваше дека на својата ќерка и го дала името по мајката на Исус.

Инаку, она што за мене беше интересно беше податокот дека двете Марии беа родени во истиот ден и речиси во истиот час. Плавата беше само 25 минути порано родена од црната. Во астролошка смисла тие беа близнаци, бидејќи нивните натални карти беа речиси идентични. Имаше мала разлика во степенот на Подзнакот, во степенот и положбата на Месечината и во распоредот на некои од полињата. Во такви ситуации во астрологијата се применува таканаречениот метод на дванаестини за да се согледа разликата во нивните карактери, а со тоа и во нивните судбини. Бидејќи, судбината не е нешто мрачно и мистично што некои наречници ти го одредиле на третиот ден од раѓањето. Напротив, судбината ја одредува карактерот на еден човек. А, наталната карта филигрански прецизно го оцртува карактерот.

И токму во вакви ситуации, кога наталните карти на две личности се речиси идентични, може да се согледа колкаво е влијанието на семејството и средината врз формирањето на карактерот на една личност. Всушност, јас преку случајот со двете Марии го научив токму тоа. Но, да не должам, да се вратам на приказната за нив.

Прво ја запознав црната Марија. Беше дојдена кај мене за изработка на Натална Карта. А, неколку дена подоцна, по нејзина препорака, ме посети и плавата Марија. Јас не знам како црната Марија изгледаше во очите на другите, бидејќи имаше многу додворувачи, но мене ми изгледаше просечно. Со средна височина, малку поизразен нос и куса коса со недефинирана фризура. Беше облечена вкусно и со стил, колку што може да го има девојка на дваесет години, која се уште не е жена, а повеќе не е ниту дете. Тогаш беше на втора година на еден од нашите факултети. Не беше многу по учењето и нејзината главна амбиција беше да се омажи и да стане мајка.

Нејзината Натална Карта покажуваше потенцијал за многу работи, на прво место за уметноста, модата и дизајнот, за странските јазици, за сите професии што бараат вешти раце. Но, заради нејзината површност стекната уште со раѓањето и заради просечната интелигенција, прашање беше што од тоа ќе се реализира во нејзиниот живот. За среќа, таа добиваше силен ветер во грбот во вид на помошта и поддршката од страна на нејзините родители, кои ревносно ги покриваа сите нејзини недостатоци и глупави постапки.

„Добро“ си реков во себе „Можеби не е многу амбициозна. Меѓутоа, нејзиниот безгрижен однос кон животот и заразната насмевка сигурно ќе и обезбедат многу додворувачи и остварување на сонот да роди деца.“

Плавата пак Марија беше натпросечно убава и интелигентна девојка. Висока и витка, со долга, бујна коса, таа го привлекуваше вниманието и на мажите и на жените, каде и да се појавеше. Различната позиција на Месечината и Асцендентот во нејзината Натална Карта во однос на нејзината другарка, црната Марија, ја правеа постабилна и поодговорна личност, со силна амбиција. Таа беше свесна за својот креативен потенцијал и сакаше да го реализира во една професија за која е потребна креативност. Но, нејзиниот хендикеп беше во тоа што потекнуваше од традиционално семејство, од родители кои на женското дете гледаа како на непотребен товар кој е пожелно што побрзо да си замине од дома, за да му го ослободи просторот на нивниот вистински наследник, на синот.

Свесна за неправдата, но немоќна да ја промени свеста на своите кусогледи родители, плавата Марија знаеше дека нема кој да ја заштити, дека мора самата да се бори за себеси и дека нема да дозволи да зависи од некого во животот, ниту емотивно, ниту материјално. Затоа се трудеше во што покус рок да го заврши факултетот и да се вработи. Па, откако ќе се дигне на нозе и ќе стане независна, дури тогаш ќе размислува за мажачка и за деца.

Меѓутоа, мене само едно нешто ми пречеше во наталните карти на двете Марии. Тие го имаа озлогласениот аспект на вдовица, кој беше делумно поврзан и со нивниот однос со таткото. Црната Марија имаше тивок и повлечен татко, безгласна буква или „слика без тон“, како што зад грб го викаа луѓето. Тој секогаш ја поддржуваше и таа беше поповрзана со него отколку со мајка си. Но, не и беше соодветен пример преку кој таа би развила здрава, машка страна на својата личност. Таткото на Марија плавата пак беше нешто сосема спротивно. Бучен, фалбаџија, со потценувачки однос кон секого, незаинтересиран за жената и децата, постојано отсутен од дома. Но, во суштина, тоа беше само маската зад која тој ја криеше сопствената несигурност и чувството на помала вредност.

Крајниот резултат беше ист и за двете Марии. Тие немаа од кого да научат како изгледаат и како се практикуваат машките особини за да можат истите да ги развијат и во сопствената личност. А, бидејќи според законот на привлекувањето каков си од внатре, тоа привлекуваш и во надворешниот свет, двете Марии, заради оштетената машка страна на својата личност, беа предодредени да привлекуваат исто такви мажи, слабаци, неспособни, сексуално незаинтересирани. И конечно, постоеше голема веројатност да се разведат или да останат вдовици.

Многу размислував дали и како да им го кажам овој податок, а притоа да не направам програмирање на нивната потсвест за таков избор на мажи и за таква судбина. На крајот одлучив да не ги споменувам деталите со разводот и смртта, а сепак да им ја кажам вистината за да им помогнам да го сменат погрешниот програм во својот карактер. А, со тоа и нивната судбина. Им раскажав како несоодветниот однос со таткото би можел да се рефлектира во нивниот избор на партнер и како тоа да го надминат. Ги охрабрив да посетат психолог, ако не можат тоа да го сторат сами.

Поминуваа години и јас повремено ги гледав двете Марии, час едната, час другата, тогаш кога имаа потреба да ги обноват нивните натални карти со соларен хороскоп или со нови предвидувања. Преку тие средби се информирав кога и како се реализираа моите предвидувања. Така дознав дека и двете се вљубиле приближно во исто време кога покажуваа и нивните натални карти. Црната Марија како да го дочека тоа со олеснување. Веднаш остана бремена и го напушти студирањето. Плавата Марија не сакаше да се омажи пред да дипломира и да стане економски независна. Го заврши факултетот со висок просек, ама не можеше да најде работа. А, нејзините родители ангажирани околу животот на брат и, не и помогнаа во тоа. Таа пак, како што самата ми кажуваше, беше премногу горда и достоинствена за да се подаде некому кој би ја вработил. Со момчето раскина бидејќи зад неговата љубезна фасада се криеше пасивно- агресивен карактер со недефинирана сексуалност. Потоа, работеше хонорарно секаде каде што ќе се укажеше шанса за тоа, го претвори своето уметничко хоби во дополнителен начин на заработување. Но, никогаш не прекина да се усовршува ниту професионално, ниту духовно.

Во меѓувреме, црната Марија роди две деца, син и ќерка. Додека Марија, плавата, повторно се вљуби во момче што потајно ја обожаваше со години. Како што и беше рекол, тој прв пат ја видел на улица, додека се симнувала од автобус, и му рекол на својот другар: „Ако некогаш се оженам тоа ќе биде или таа или никоја.“

Марија за него велеше дека е олицетворение на се што посакувала кај еден маж. „Ете, изгледа конечно го надминав комплексот на таткото, штом привлеков ваков човек во мојот живот“ велеше со суптилна гордост и со сјај во очите. На прашањето кога ќе се мажи, ми одговори дека чека директорот конечно да ја пријави како редовно вработена и да почне да и тече стажот, пензиското и здравственото осигурување, бидејќи со Владо, така се викаше нејзиното момче, сака да има деца, но сака и да ја чека работното место откако ќе се врати од породилно.

За жал, уште еднаш се потврди генијот на старите народи кои своите животни искуства ги преточувале во поговорки. Па, една од нив вели дека додека ние, луѓето планираме, боговите паѓаат од смеење. Така, по неколку години брак и две родени деца, во периодот кога ѕвездите укажуваа на тоа, мажот на црната Марија заболе од рак и по неколку месеци почина. А, неколку години по тој немил настан, и Владо на Марија плавата погина во сообраќајка, со што се срушија и сите нејзини соништа за иднината.

Црната Марија ја доби сета помош од родителите и финансиска и околу чувањето на децата. Нејзината мајка, сметководителка во пензија, дури повторно започна да ја работи старата професија со цел да може финансиски да ја подржи ќерката и внуците. Така што црната Марија, по извесен период на жалење по сопругот, го продолжи својот живот и никогаш не остана без љубовник.

Денес и двете Марии се повторно омажени. Велат дека се задоволни од своите сопрузи. Меѓутоа, додека црната Марија се оствари на секој план од животот, Марија плавата не се реализираше, барем до сега, во улога на мајка. Еднаш кога зборувавме за тоа, бидејќи во нејзиниот Соларен Хороскоп стоеше можност за бременост, таа само одмавна со раката и ми рече:

„После смртта на Владо нервите ми се толку истенчени што не можам да ја поднесам помислата дека детето што ќе го родам може да се разболи или не дај боже нешто непредвидено да му се случи и да го загубам. Едноставно не можам.“

Јас пак не можам да се мешам во нејзиниот избор. Но, длабоко и вистински се надевам дека таа ќе го смени своето мислење додека има време.

Приказната за судбината на двете Марии неподносливо ме потсетува на басната за двете семки од лубеница. Басната вели дека некогаш, на некоја нива си биле две семки од лубеница, две сестри, кои потекнувале од иста мајка. Едната лежела на плодна почва, додека другата, малку понатаму, на каменливо тло. И двете ги греело нежното мајско сонце. Во еден миг, поттикната од еден сончев зрак, првата семка се разбудила од зимскиот сон и си рекла: „Ех, колку сакам да пораснам, да ги пуштам моите корења длабоко под мене, да процветам и на своите листови да ја почувствувам утринската роса.“ И како што обично се случува во басните, што посакала, тоа се случило.

Другата пак семка си рекла: „Мене ми е страв. Сама сум овде и нема кој да ме заштити. Ако ги пуштам корењата не знам на што ќе наидам под мене. Ако се пробивам низ камењава можеби ќе ги оштетам ластарите. Што ако ги отворам цветовите, а некој човек ме прегази. Не. Подобро ќе почекам подобар момент.“ Во тој миг, една кокошка, чепкајќи низ бавчата во потрага по храна, наишла токму на семката која чека и веднаш ја изела.

Што сакам да кажам?

Приказнава треба да ви порача дека ако сакате нешто или некого, не треба да чекате да ви се исполнат сите услови. Бидејќи, условите можеби никогаш нема да се исполнат. А, ако се исполнат, тогаш можеби тоа нешто што ви е важно повеќе нема да ви треба, а тој некој што го сакате повеќе нема да биде покрај вас.

А, вие родители, имајте во предвид дека сте почвата на која вашите деца треба да растат и да ја исполнат својата животна цел. Ако ги храните со љубов, разбирање, помош и поддршка, тие побрзо ќе напредуваат. Ако секојдневно ги труете со навреди, потценувања, понижувања или ги оставате да се борат сами, тогаш она што утре ќе порасне од нив е ваша заслуга.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Многу сум задоволна.
 
Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
 

Ана, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби