In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Денови на опасни искушенија — Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Објавено на 30.05.2019 во 09:42

Денови на опасни искушенија — Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
 

Ситуацијата на небото во јуни ќе биде тешка и сериозна. Затоа ќе треба со големо внимание да се однесуваме во секојдневниот живот, да не паѓаме на искушенијата, добро да ги обмислуваме нашите реакции на случувањата, да бидеме трпеливи во лошото и над се, ќе биде пожелно постојано да се прашуваме на што секоја ситуација би сакала да не научи, на што да ни укаже и каде треба да се прилагодуваме и менуваме себеси.

Чисто информативно, Меркур, планетата на говорот, комуникациите, трговијата, дури два пати ќе го промени знакот. Па, на 5-ти јуни ќе излезе од комуникативните и разиграни Близнаци и ќе влезе во таинствениот и манипулаторски расположен Рак. Тоа ќе придонесе поемотивно да реагираме на случувањата околу нас. Но, тоа ќе ги зголеми и обидите за манипулација и валкани игри на луѓето со понизок морал. Па, тие ќе се обидуваат преку кревање магла да ја заташкаат вистината и да остварат лична корист. Додека по 28 јуни, Меркур ќе влезе во одважниот Лав и ќе не направи повоинствени во размислувањата.

Венера, на 10-ти јуни ќе премине од знакот на хедонистички настроениот Бик во знакот на палавите и нестабилни Близнаци и таму ќе остане до 4-ти јули 2019. Тоа би требало да не направи поопуштени и понесериозни по прашање на работите поврзани со срцето. Затоа, остварувањето на контакти со личностите што ќе ја заскокоткаат нашата љубопитност ќе ни оди полесно, ќе ги доживуваме како забава и игра.

Енергичниот Марс во текот на целиот јуни ќе го има својот пад во пречувствителниот Рак. Ваквата негова разводнета и задушена вибрација ќе предизвика мотивите за нашите акции и реакции да биде нашето моментно расположение. Додека ќе имаме тенденција да ги потиснуваме лутината и бесот и да ги изразуваме таму каде што се чувствуваме најбезбедни, во своите домови, меѓу членовите на нашето семејство. Некои не ќе можат ни тоа да го направат, па потиснатата агресија ќе им создаде проблеми со стомакот.

Од 10-ти до 28-ми јуни, Марс ќе прави сојуз со Северниот Месечев Јазол кој е одговорен за кармата и ќе им испраќа Молотови коктели на Сатурн и Плутон во Јарец, кои ќе бидат во близок контакт со Јужниот Месечев Јазол. Ова се опасни вибрации кои не предупредуваат дека се можни конфликти и судири на секое ниво, меѓу луѓето и меѓу државите. Ако Плутон или Ад е Богот на смртта, подземјето и метаморфозите. Ако Сатурн е поврзан со реализацијата на судбината и е показател на се што е старо, конзервативно, скаменето и непотребно. Ако Јужниот Месечев Јазол е одговорен за големите кармички искушенија и загуби, не е тешко да заклучиме дека ќе бидеме изложени на големи притисоци и ќе минуваме низ денови на опасни искушенија.

Затоа ќе мора да бидеме исклучително присебни, да се воздржуваме од ризици од секаков вид и брзо да се прилагодуваме на новонастанатите ситуации. На тој начин побрзо ќе излеземе од искушенијата со најмали лични загуби и ќе ги имаме сите шанси да доживееме препород.

Во спротивно, овој аспект би можел да внесе тага во нашите животи, да не соочи со загуба на пари, време, луѓе, имот, работа, здравје. Притоа, најмногу опасности и искушенија ги очекуваат родените во знакот Рак, Јарец, Вага и Овен.

Триото Сатурн, Плутон, Јужен Месечев Јазол во непријателска позиција кон Ракот, покажува дека на удар ќе се најдат семејните вредности, домот, родителите, недвижниот имот. Тоа покажува дека е можно зголемување на бројот на случаите на семејно насилство, загубите на недвижен имот, растурање на многу семејства и домови заради пропаѓање на бракот, загуба на постарите и болни членови во семејствата. Непријателската позиција на опасното трио Сатурн, Плутон, Јужен Месечев Јазол кон Вага, која е симбол за партнерските односи и бракот, покажува дека од јуни, па до крајот на 2019 ќе се зголеми бројот на измамите во бизнис партнерствата и судски разрешници на истите. Но, би требало да се зголеми и бројот на разводите. Непријателскиот однос на судбинскиот триплет Сатурн, Плутон, Јужен Месечев Јазол кон Овен, навестува период кога ќе се зголеми насилството, кавгите, физичките пресметки.

Уште еднаш ќе повторам, овие опасни сценарија ќе имат шанса да ги избегнат само луѓето со развиена будност и висока свест, луѓето кои ќе сфатат дека е време да ги променат своите убедувања, да се надминат себеси и својот стеснет светоглед и да свртат нова страница во животот. Оние кои ќе останат скаменети во просторот и времето и ќе чекаат работите сами од себе да се сменат на подобро, тие самите ќе работат во корист на сопствената штета. Уште повеќе ако се деструктивни по природа, импулсивни или ако се склони на пороци.

И горе-долу ова е општата слика за случувањата на небескиот свод во јуни. Но, како таа ситуација на небото ќе се манифестира на дванаесетте зодијачки знаци ќе можете да прочитате подолу во текстот.

Начин на читање:: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот подзнак. Потоа можете да ги проширите сознанијата со текстот што одговара на вашиот знак. Доколку не си го знаете подзнакот, Асцендентот, направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Атмосферата во вашиот дом ќе биде запалива. Па, доволно ќе биде некој да фрли чкорче на недоверба за да се разгори омразата и конфликтот меѓу членовите на семејството. Посебно во периодот од 10 до 28 јуни. Меѓутоа, под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол, главното искушение ќе го имате на план углед, кариера и односот со авторитетите. Затоа, добро е да знаете дека полесно ќе си поминете ако успеете да ги зауздате својата импулсивност и желбата за доминација. Во спротивно, проблемите што ќе започнат во јуни, би можеле да ескалираат во декември 2019 и јануари 2020, предизвикувајќи ви опасност од јавен срам, губење на работното место, професионална деградација, промена на брачниот статус. Размислете како би можеле да им се прилагодите на новонастанатите услови и луѓе на работното место за и волкот да биде сит, а овците да бидат на број. Во јуни, посебно на удар на проблемите ќе бидат родените меѓу 7 и 13 април. Тие би требало да избегнуваат конфликтни ситуации, бидејќи е можно да претрпат повреди на главата.

На план љубов, ако сте млади и слободни, во месец јуни ве очекуваат непредвидени, несекојдневни случувања со личност запознаена преку роднините, соседите, на училиште или факултет, на патување, на улица или преку социјалните мрежи. Ако сте во врска, заедничките патувања и контактите со роднините би требало да внесат свежина во вашите зачмаени односи со партнерот.

Бик

Вашите нетолерантност и нетактичност би можеле да ви донесат конфликтни ситуации во односите со роднините и соседите од 10 до 28 јуни. А, би било пожелно да бидете повнимателни и во сообраќајот. Додека под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол, најголемите искушенија за вас во месец јуни ќе се случуваат на план учење, закон, одлука за преселба, духовен развој. Аспектите покажуваат дека од овие искушенија, со многу свест и малку напор, би можеле да излезете како победници на почетокот на следната година. Ако пак вашата тврдоглавост и инертност бидат посилни од потребата за промени, тогаш во декември 2019 и јануари 2020 би можеле да се соочите со законски проблеми, проблеми со дипломи, на патување, со роднините на партнерот.

Затоа пак во месец јуни би требало да се зголемат шансите за подобрување на вашата финансиска состојба и тоа треба да го искористите на најпаметен начин. Посебно во периодот од 10 до 20 јуни. Додека од 20 до 28 јуни, хедонистичката жичка во вашата природа би можела да ве доведе во ситуации кога ќе трошите повеќе отколку што заработувате. Но, можно е дури и да се задолжите само да ја задоволите потребата од луксуз, конфор и уживање. А, ако сте родени на 25 и 26 април, Уран ќе ги менува вашите погледи на светот и вашиот живот од темел.

Близнаци

Дефинитивно, јуни ќе може да се нарече ваш месец. Бидејќи вие ќе бидете еден од најсреќните знаци на секој можен план. Посебно до 21-ви јуни. Тогаш планетарните вибрации ќе придонесат сите ваши најдобри особини да блеснат во полн сјај. Па, разубавени и сигурни во себе, вие ќе бидете подготвени да им се препуштите на сластите што ги носи животот, почнувајќи од храната, забавата, па до сексот. Притоа, имајте на ум дека најмалку отпорни на повикот за ексцентрични љубовни искуства ќе бидете во периодот од 20-ти до 28-ми јуни. Посебно ако сте родени во периодот од 8-ми до 14-ти јуни.

Професионално, вие во јуни ќе ги живеете вашите 5 минути на слава, кога ќе бидете во состојба да ги освоите луѓето со својот шарм, ведрина, со духовитоста. Посебно ако вашата професија е јавна или е поврзана со уметноста. Меѓутоа, постои опасност во јуни да трошите пари без мерка. Додека под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол, најголемите искушенија и потреба од промени ќе ги доживувате на план секс, последици од нечија смрт, поделба на имот, односот кон туѓите пари. Мора да покажете флексибилност на новонастанатите услови и да не избрзувате со поделба на имотот, ниту да земате заеми и кредити. Додека на сексуален план се можни проблеми, заради лична инхибираност или заради болест на репродуктивните органи. Ако не го смените начинот на однесување во јуни, во декември 2019 и во јануари 2020 ќе се соочите со последиците.

Рак

Јуни ќе биде најнемилосрден токму со вас. Посебно ако сте родени од 10 до 16 јули. Од една страна, Марс ќе престојува во вашиот знак исполнувајќи ве со енергија и желба за акција. Па, ако не ја изберете вистинската активност на која ќе се трошите, можно е да станете незадоволни и премногу агресивни и тоа да го манифестирате јавно, во комуникацијата со луѓето на јавните места или во комуникацијата со брачниот или со бизнис партнерот. Но, можно е бесот да го голтате во себе и да ја пореметите својата витална енергија, да бидете постојано болежливи, да ги активирате хроничните проблеми со стомакот или со репродуктивните органи. Посебно во периодот од 10-ти до 28-ми јуни.

Во вашиот љубовен живот ќе се случуваат таинствени работи кои би требало да ескалираат во периодот од 20-ти до 28-ми јуни. А, заради тоа што со работите што ги криеме ние сме на чекор од порокот, можно е да започнете некоја нестандардна љубовна врска што ќе ја криете од другите и ако сте и ако не сте во брак. Под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол, токму Раковите кои се во брак ќе минуваат пеколен месец јуни, кога конфликтите со партнерот би можеле да ескалираат и да доведат до развод. А, судскиот процес може да се покаже како бескраен лавиринт во кој ќе нема победници, туку само психички, емотивно и финансиски истрошени луѓе. Затоа, обидете се да ја смирите топката, да сфатите дека и за љубов и за војна се потребни двајца и да ги закопате воените секири. Во спротивно, декември 2019 и јануари 2020 ќе ви ги испорачаат последиците од вашите постапки. Предупредувањето важи и за бизнис партнерствата.

Лав

Во месец јуни, посебно од 10 до 28 јуни, некој ваш, внатрешен немир, би можел да ви предизвика проблеми со сонот и автодеструктивни постапки. Од друга страна, колку и да се претставувате силни пред луѓето, ќе имате потреба од нивното охрабрување и поддршка за било што да започнете и спроведете во дело. Доколку тоа отсуствува, ќе имате тенденција агресијата и незадоволството повторно да ги свртите кон себеси и да се соочите со здравствени проблеми. И токму полето на работата, животните навики и здравјето ќе бидат најчувствителното место во вашиот живот што ќе претрпат најголеми притисоци и искушенија под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол. Па, ако случувањата во јуни не ги сфатите како сигнал кој ви порачува дека треба брзо да се менувате, да станете поприлагодливи, да ја зауздате суетата и да внесете здрави животни навики во вашето секојдневие, декември 2019 и јануари 2020 би можеле да ви испорачаат опасност за зачувување на работното место и сериозни здравствени проблеми.

На план љубов, јуни ќе ви донесе многу нови можности за среќавање интересни личности преку пријателите. Па, ако го насочите своето внимание во овој правец, деновите од 20 до 28 јуни би можеле да ви бидат обоени во најинтензивните бои на хедонизмот, претерувањето со задоволствата, баханалиите.

Девица

Јуни, професионално, ќе биде мошне активен и интересен период за вас. Посебно ако вашата професија е јавна или е на некаков начин поврзана со некоја од гранките на уметноста. Меѓутоа, ако се занимавате со политика, ако работите во клубови, ако сте во невладиниот сектор, за вас доаѓаат денови на опасно живеење. Посебно од 10 до 28 јуни. Тогаш бидете подготвени на се. На удари под појас, сопки, ножеви забодени во грб. Меѓутоа, наместо да ја барате вината во другите, ќе мора да си признаете дека вашата агресивност и потценувачкиот однос кон луѓето се причината за ваквите последици. Затоа, менувајте го однесувањето и избришете каде што сте плукнале.

Сепак, под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол, најголеми потреси во јуни би можел да претрпи вашиот љубовен живот и односите со децата. Можно е да се соочите со некаков кармички љубовен долг кон некоја личност од минатото, да плаќате за вашите грешки, можно е вашите деца да ве изненадат со купот замерки на адреса на вашето однесување кон нив или со нивните непромислени постапки. А, вие ќе бидете соочени да донесувате тешки одлуки за промена на правецот во кој ќе се движи вашиот живот во иднина. Затоа, ќе биде пожелно брзо да учите од новонастанатата ситуација и брзо да се прилагодите. Нека ваш мотив во одлуките биде само љубовта, не егото, ниту материјалната корист. Така ќе имате шанса да ги намалите последиците и да ја свртите ситуацијата во позитивен правец. Во спротивно, во декември 2019 и јануари 2020 ќе се соочите со последици кои би можеле да бидат болни.

Вага

Марс во вам непријателскиот Рак ќе ве измачува во текот на целиот месец јуни, принудувајќи ве да трошите повеќе енергија во исправањето на „кривите Дрини“ на професионален план или во начинот на работа кој се практикува во вашата фирма. Можеби ќе бидете доведени во ситуација да ги исправате грешките на колегите или ќе ве изморува комуникацијата со нив и со претпоставените. Максимумот на незадоволство и агресија на професионален план ќе ги доживеете во периодот од 10-ти до 28-ми јуни. Од друга страна, сите активности поврзани со патувањата, контактот со странство, учењето, високото образование и законот ќе ви одат како по лој. Па, во периодот од 20 до 28 јуни постои можност да имате несекојдневни љубовни искуства на патување или со личност која доаѓа од друга средина.

Под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол, најпроблематичниот аспект во вашиот живот и во месец јуни ќе биде домот, местото на живеење, односот со членовите на семејството, недвижниот имот. Тука ќе се случуваат длабоки промени на кои не ќе можете да влијаете, туку ќе мора да ги прифатите. Можеби ќе биде време да се преселите, да го продадете недвижниот имот, да го прифатите новиот распоред на силите и односите меѓу вас и останатите членови на семејството. Можеби ќе се соочите со болест на некој од постарите членови или негово заминување. Меѓутоа, ако не го сфатите духот на новото време и не им се прилагодите на промените, ќе си создадете живот полн со незадоволство, обвинувања, страдање. Посебно ако сте родени во периодот од 11 до 17 октомври. Дали сте ја научиле лекцијата ќе ви покажат случувањата во декември 2019 и јануари 2020.

Шкорпија

Месец јуни ќе биде во знакот на решавањето на финансиските и имотни проблеми. Тоа значи дека постои можност да отплатите некаков долг, да земете кредит, да добиете некаков подарок или финансиска инјекција од страна на родителите, со еден збор да ја подобрите својата финансиска положба. Меѓутоа, во периодот од 10 до 28 јуни не е препорачливо да заминете на пат во странство. Ако сте студенти можно е да влезете во конфликт со професорите. Под влијанието на триото Сатурн, Плутон и Јужен Месечев Јазол, односот со роднините, ваши и оние на партнерот, ќе ви создаваат доплнителен притисок. Но, бидејќи неповолните аспекти ќе доаѓаат од вам пријателските Јарец и Рак, после првичниот шок и времето што ви е потребно да се прилагодите на новонастанатата ситуација, вие би требало да имате сила да ја свртите ситуацијата во своја корист. Дали ќе биде така ќе покажат настаните во декември 2019 и јануари 2020.

На љубовен план, заведувачките вибрации на Венера и Сонцето ќе ве отворат за нови сексуални искуства и уживања во сексот. Па, вашата страсна Шкорписка природа би можела да се занесе и опсесивно да се однесува кон сексуалниот партнер во периодот од 20 до 28 јуни.

Стрелец

Професионално, активен период ги очекува Стрелците со јавни професии и Стрелците адвокати и уметници. Тие, иако ќе пленат со својот вокабулар, во периодот од 20-ти до 28-ми јуни, ќе мора да бидат повнимателни во комуникацијата со жените. Бидејќи, некоја од нив што е поамбициозна или што сте ја повредиле во минатото, би можеле да ги преврти вашите зборови и да направи проблем од пошироки размери. Исто така, вашето претерување со сексуалните игри во минатото и нездравиот начин на практикување на сексот би можеле да ви донесат проблеми во урогениталната област. А, доколку сте имале хронични здравствени проблеми и не сте ги третирале соодветно и на време, во јуни би можеле да бидете соочени со поагресивен третман на истите.

Сепак, најголемото кармичко искушение што ќе ви го приреди триото Сатурн, Плутон, Јужен Месечев Јазол ќе се одвива на план животни вредности, приоритети и пари. Тоа значи дека ако не направите доброволно промена во вашиот вредносен систем, ако не ги смените приоритетите во својот живот и ако не станете поодговорни кон парите, кон нивното печалење и штедење, би можеле да се соочите со финансиски колапс. Во јуни ќе бидете само опоменати од ѕвездите и ќе имате време да ги направите промените во сопствената свест до декември. Во зависност од тоа што ќе го направите самите со себе, во декември 2019 и јануари 2020 ќе се соочите или со враќање на контролата врз вашите финансии или со финансиско дно.

Јарец

Веќе подолго време се наоѓате во период на длабоки промени во вашиот живот кои требаше да ве принудат да направите промени и на личен план, во начинот на кој се доживувате себеси и другите, промени во стилот на вашиот живот, како и на вашите планови за иднината. Овие промени веројатно беа предизвикани од други луѓе и од ситиациите кои не ви се допаѓаа, но немавте влијание на нив. Во месец јуни, под влијанието на триото Сатурн, Плутон, Северен Месечев Јазол, процесот на промени би требало да влезе во втората фаза и ќе бара од вас активно да учествувате во нив. Ако тоа го прифатите и започнете да се менувате себеси и начинот на кој до сега сте го воделе својот живот, тогаш ништо страшно нема да се случи.

Но, ако не можете да се ослободите од минатото, ако слепо се држите до начинот на живот што до сега сте го практикувале, ако не ги пуштате луѓето што сакаат да си отидат од вашиот живот, тогаш е можно да ја нарушите својата витална сила и да се разболите или потсвесно ќе си предизвикате несреќи и повреди. Опасноста е најголема за родените меѓу 8 и 14 јануари. А, дали сте ја примиле пораката и сте ја спровеле во дело ќе се види во декември 2019 и јануари 2020. Конкретно, во јуни, би требало да го контролирате своето импулсивно однесување и својата агресивност, со цел да се поштедите од кавги со брачниот партнер и од распаѓањето на бракот.

Водолија

Во месец јуни ѕвездите ви се насмевнуваат на план љубов и деца. Тоа значи дека ве очекуваат шанси за отпочнување нова врска, за средување на љубовниот живот, за прекрасни мигови поминати со партнерот. Па, токму во јуни голем број Водолии ќе одлучат да станат родители или повеќе време да им посветат на децата. Додека Водолиите кои имаат возрасни деца сега веројатно ќе доживуваат среќни мигови преку нив или ќе дознаат дека ќе добијат внуци. Тоа ќе го пренасочи вашето внимание од конфликтната ситуација на работното место или ќе ја намали вашата решеност да прегорите за работата. Затоа пак вашата здравствена ситуација ќе бара од вас почести контроли и придржување до режимот на лекување.

Од друга страна, блиската врска меѓу Сатурн, Плутон и Јужниот Месечев Јазол би можела посериозно да се одрази на вашата психа. Па, дури е можно да минувате низ сериозни депресивни епизоди и потреба од изолација, принудна или самонаметната. За да се поштедите од посериозни здравстевни проблеми пожелно е да одржувате активна ментална хигиена, така што нема да се полните со негативни информации, размислувања и чувства. За таа цел одлична улога би можеле да одиграат молитвите, афирмативните реченици, медитацијата, разговорот со стручни лица. Ако успеете да се изборите со негативното во себеси, новоослободената енергија ќе можете да ја искористите на креативен начин. Доколку оставите работите да си течат по инерција, во декември 2019 и јануари 2020 ризикувате влошување на вашата состојба.

Риби

Во месец јуни, Небото ќе ви отвори канал да решите еден проблем поврзан со домот, недвижниот имот и членовите на семејството, што долго време „со памук“ ви ја пиеше енергијата. Со тоа, конечно ќе се затвори еден долг процес, и вие ќе почувствувате дека повторно ви се враќа силата. Најголемите изненадувања поврзани со домот ве очекуваат во периодот од 20 до 28 јуни. Нив веројатно ќе ги предизвика еден женски член од вашето семејство или вашиот партнер и тие одненадеж ќе ви ги отворат очите и душата и ќе ве исполнат со нов бран емоции.

Професионално, најмногу ангажман и успех во работата ќе имаат Рибите кои се занимаваат со градежништво, внатрешно уредување или работат во агенциите за купопродажба на недвижен имот.

Триото Сатурн, Плутон и Јужниот Месечев Јазол, ќе ги манифестираат своите моќи на план пријатели, планови во животот, начин на кој ја покажувате љубовта, грижа за финансиската иднина. Тоа значи дека на некој од овие планови ве очекуваат сериозни искушенија кога она што било до сега повеќе нема да важи. Прифатете ја новата реалност, бидејќи така ќе си заштедите и време и пари. Некои работи едноставно не ќе можете да ги смените. Ако тоа не го направите во јуни, во декември 2019 и јануари 2020 би можеле да се разочарате во некој од пријателите и да ги менувате плановите за иднината под притисок, а не со своја волја.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби