In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Вера, Надеж и Љубов

Објавено на 17.01.2018

Вера, Надеж и Љубов
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелскиот,
штом љубов немам,
ќе бидам бакар што ѕвони,
или кимвал што звечи.

Да имам пророчки дар,
и да ги знам сите тајни,
да ги имам сите знаења за сите работи,
а и така силна вера,
што и планини да преместувам,
ако љубов немам, ништо не сум.

Овие зборови што апостол Павле им ги упатил на Коринтјаните, секогаш ми паѓаат на памет кога се сеќавам на трите сестри, Верица, Надица и Љубица.

Тие имињата ги беа добиле според своите баби. Најстарата, Верица, беше крстена според својата баба од татко, Вера. Средната, Надица, го носеше името по својата баба од мајка, Нада. Додека најмалата, Љубица, беше родена од копнежот на нејзините родители по машко дете. Па, кога нивната желба останала нереализирана со добивањето на уште едно девојче, името и го беше дала мајката на кумот, инаку голема верничка, со цел девојчињата да бидат овоплотување на големиот православен празник Вера, Надеж и Љубов. Уште повеќе, што најмалата, Љубица, беше родена токму на овој ден, на 30-ти септември.

Јас прво ја запознав средната по возраст од трите, Надица. Беше таа висока, преубава девојка со прекрасно тело и долга коса со боја на лешник. Образована, со убави манири, беше како мелем и за очи и за уши. „Да ја грабнеш и да бегаш“, што би рекле старите. Имаше 35 години и работеше како професорка. Но, работата некако не ја исполнуваше комплетно. Имаше чувство дека нешто и недостасува, како нешто да пропушта од животот. Иако имаше се што ќе посака, бидејќи нејзините родители беа добро ситуирани, таа чувствуваше некаква празнина што станот, колата, работата, па дури ниту дечкото што тогаш го имаше, не можеа да ја исполнат. Затоа, никогаш не мируваше. Постојано беше во акција. Па, или одеше на фитнес или на трчање или по козметичари и фризери или на кафиња со недогледниот број пријатели. Речиси секогаш имаше хонорарна работа. Често патуваше. Но, таа од внатре се чувствуваше празна, а не знаеше да ми одговори зошто.

Одговорот на тоа прашање ми го даде нејзината Натална Карта. Таа, меѓу другите прекрасни работи, покажуваше и нешто не толку убаво. Покажуваше дека Надица на својот грб, преку мајчина линија, го носеше проклетството на семејната карма, кое беше поврзано со убиство на љубовта. Тоа значеше дека некоја од нејзините баби и прабаби, до седум генерации наназад, сакала некого и тој нејзе. Но, на крајот го оставила човекот со кого нејзините душа, срце и тело биле едно, само поради тоа што тој бил сиромав и се омажила за човек кој бил подобра прилика. Наталната Карта на Надица понатаму откриваше дека оставениот тоа не можел да го поднесе. Па, или никогаш не се оженил или уште пострашно, се самоубил.

Меѓутоа, заради тоа што во Универзумот убиството на љубовта е најголем грев, поголем дури и од убиството на човек. Бидејќи, оној што може да убие друго битие мора прво да ја убие љубовта во својата душа. Со ваквиот гест на некоја од женските предци на Надица се покренал механизмот познат како акција-реакција, причина-последица, карма. Па, сите женски потомци од тој род ќе мораа да бидат емотивно повредувани, отфрлани, несакани, со несреден љубовен живот, додека не успеат со помош на моќта на прошката и на безусловната љубов да го доведат тркалото на случувањата во рамнотежа.

Надица остана мртва-ладна на ова што го слушна, бидејќи, според нејзините кажувања, бабата и дедото по таткова линија живееле во љубов и хармонија. Додека баба си од мајчина страна не ја познаваше, бидејќи таа била умрена многу години пред нејзиното раѓање, во некое планинско село населено со Срби, во Босна. Додека дедо и по мајчина страна бил кроток човек, кој не можел се уште да ја прежали смртта на баба и.

„Можеби се работи за некои прапрабаби“ реков. „Не заборавај дека проклетството се пренесува дури на седум генерации.“ И додадов дека е пожелно да направи процес на барање прошка за гревовите што ги беше направила некоја од нејзините женски предци.

Тогаш Надица ме праша збунето:

„Да барам прошка? Ама јас ништо не сум згрешила. И не знам дали воопшто е точно тоа што го зборувате. Па, дури и да е точно, тие луѓе се мртви. Што ќе сменат моите молитви?“

Тогаш и објаснив дека времето не постои. Дека тоа е само илузија што ја креира умот кај нас, битијата кои живееме во тродимензионалниот свет. Затоа, ако таа сега се моли за предците, нејзините зборови ја имаат моќта да ги хармонизираат нивните постапки низ вековите, да ја исчистат нејзината аура, да и ја подобрат судбината. Бидејќи, не постои збор, а камоли постапка без ехо во вечноста.

Не знам колку навистина ме разбра што и кажувам. Но, се разделивме со нејзиното ветување дека ќе направи се што е во нејзина моќ да биде среќна.

Некое време по Надица, кај мене дојде нејзината најстара сестра, Верица. И таа беше убавица. Но, на поинаков начин. Беше експерт во една хумана бранша и постојано професионално се усовршуваше. Живееше сама. Всушност, живееше со својот полнолетен син кој беше плод на некоја нејзина младешка љубов со човекот на нејзиниот живот. Како што таа си замислувала во своите младешки фантазии. А, тој човек ја оставил и се отселил во странство кога дознал дека чека негово дете.

И во нејзината Натална Карта стоеше семејното проклетство поради убиената љубов. Ми кажа дека, откако Надица била кај мене, ја распрашувале мајка си што се има случено во нејзиното семејство. Но, таа била категорична во тврдењето дека нејзините родители имале нормален живот. Барем таа не забележала ништо сомнително додека не заминала во големиот град, да учи во средното медицинско училиште.

„Знаеш“ ми се обрати Верица „Како созревам и ги набљудувам луѓето, имам впечаток дека секое семејство си има некоја своја тајна. А, тие тајни се најтешки за откривање. Изгледа најчесто си одат во гроб со тој што ги чува во себе. Но, како и да е. Откако Надица беше кај тебе, се собравме трите сестри, ги анализиравме нашите животи и заклучивме дека сигурно има нешто штом сите три сме несреќни во љубовта. Па, ништо не губиме ако го направиме тој процес на барање прошка.“

Можеби поминаа две години без да чујам некаков абер од сестрите. А, потоа се појави и најмалата, Љубица. Според моите критериуми за убавина таа беше најубава од трите и ми измами насмевка на лицето кога се сетив дека е потврда за изреката „Најмалото-најубавото“. Всушност, цртите на Верица и Надица како да се беа слеале во ликот на Љубица. Но, во тој процес, исто како и во процесот на брусење на скапоцениот камен, тие црти добиле на мекост и уште поголем сјај. За разлика од своите сестри, Љубица беше во брак. Но, тој се одржуваше само поради нејзината толерантност и поради нејзината наивна потреба да верува дека нејзиниот маж би можел да се промени.

Нејзиниот сопруг беше познато градско фраерче кое си живееше ергенски живот и покрај тоа што веќе долги години беше во брак и имаше деца. Така што Љубица им беше и мајката и таткото на нејзините два ангела. Наталната Карта откриваше дека таа веќе неколку пати се обидувала да се разведе. А, Љубица го потврди тоа со зборовите:

„Да, така беше. Јас во секој миг можам да започнам нов живот. Имам мој стан што ми го купија родителите. Всушност, тие купија по еден стан за секоја од сестрите, токму за да не мора да трпиме вакви ситуации. Но, секогаш кога бев цврсто решена дека сега е конечно крај, тој ми се јавуваше, плачеше и се колнеше дека ќе се смени. А, јас му верував, бидејќи сакам да верувам.“

„Те разбирам“ се надоврзав јас. „Ти всушност го сакаш и покрај се. Го знаеш ли посланието на апостол Павле за љубовта?“

„Не. Што е тоа? Нешто од Библијата?“ се заинтересира таа.

„Да. И ти го правиш токму она што тој им го советува на Коринтјаните. Сега ќе ти прочитам.“ Станав, ја пронајдов Библијата, отворив на 13-тото поглавје и почнав да и читам:

„Љубовта е долготрпелива, полна добрина.

Љубовта не завидува, не се превознесува, не се гордее.

Не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло.“ Го дигнав погледот само за да забележам колку внимателно ме слуша, па продолжив:

„Љубовта се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува...“

„Имаш право“ ме прекина Љубица „Ова многу личи на мене. Меѓутоа, и покрај мојата љубов и трпеливост, работите со маж ми не се подобруваат. Зарем со тоа што покажувам безусловна љубов не сум успеала да го победам семејното проклетство? Нели тоа беше начинот?“

„Начинот беше прво да се освести проблемот. Па, потоа да се бара прошка за гревовите на предците. И на крајот доаѓа однесувањето исполнето со љубов. Меѓутоа, ако те споредам со сестрите, ти си во далеку подобра ситуација од нив.“

„Леле!“ извика таа. „Се замуабетивме и ќе заборавев да ти кажам. Умре дедо ми од Босна. Таткото на мајка ми. Долги години беше болен. Одеше на дијализа. Веројатно го претчувствувал својот крај, па сакал да си ја олесни душата пред жената што му помагаше околу домашните работи. И раскажал дека на млади години до уши бил заљубен во баба ми Нада. Но, дека таа не го забележувала, бидејќи била вљубена во друг. Се обидувал на секаков начин да и се приближи. Но, таа имала очи само за саканиот. На крај, му текнало и испратил стројници кај нејзините родители. А, бидејќи бил од угледно семејство, најбогатото од тој крај, тие ја убедиле баба ми да се омажи за него. Така, делумно од почит кон своите родители, делумно бидејќи била заведена од идејата за богат живот, таа дала збор. Но, немала храброст да се сретне со човекот што го сакала и тоа да му го каже во очи. Тој бил од друго село и за свадбата дознал на самиот ден. Но, не верувал на тоа што му го кажале пријателите, па го јавнал коњот и галопирајќи дошол до селото на баба ми. Но, веќе било доцна. Таа и дедо ми излегувале од црквата, веќе венчани. Им пришол качен на коњ и им го честитал бракот. А, потоа се вратил дома и цела недела не излегол од соба. Посивел, се исушил. Потоа се спакувал и заминал за Америка.“

„Добро е што не се убил. И за него и за вас.“ искоментирав јас. Љубица задлабочена во приказната, како да ја гледа на филмско платно во тој момент, не ме ни слушна, само продолжи:

„Замисли, ние дури сега дознавме дека дедо ми, иако ја земал за жена, никогаш не и простил на баба ми Нада што сакала некого пред него. Бил љубоморен. Не ја пуштал никаде сама. А, кога по 17 години нејзината прва љубов се вратила од Америка како богат човек, но се уште ерген, љубомората на дедо ми не му давала мир. Уплашен дека баба ми, која тогаш била во најубавите години, би можела да ја обнови својата врска со старата љубов, тој ја задушил со перница, на спиење. И ние дознаваме дури по неговата смрт. Сите до сега знаеја дека баба ми починала од инфаркт и никој не се сомневаше во тоа. Ете, тоа е таа семејна карма што ти ја виде во нашите Натални Карти.“

Извесен период останав без зборови, бавно преџвакувајќи ги информациите што ги слушнав. Навистина трагичен крај на една одамна убиена љубов и тежок печат ставен врз грбовите на женските наследници на ова семејство. Но, и покрај тоа бев оптимист за иднината на овие убави млади жени, бидејќи тајната беше веќе расветлена и беше започнат процесот на чистење.

Поминаа неколку години без да чујам ништо за Верица, Надица и Љубица. А, потоа, како гром од ведро небо, добив имејл во кој Надица ме известуваше дека таа и Верица се омажиле речиси во исто време. Дека таа го фатила последниот воз и е бремена во четириесеттата година, а Верица се отселила во странство. Додека најмалата, Љубица, повторно му простила неверство на сопругот. И откако тој неколку години живеел со друга жена, таа повторно го прибрала дома.

„Ах“ си реков во себеси „Љубовта е навистина слепа. Но, можеби таква треба и да биде.“

„А, знаете ли зошто?“

Одговорот ќе го најдете во приказнава:

Некогаш одамна, на почетокот на времињата, сите човечки квалитети и чувства си живееле на некој пуст остров. Па, кога здодевноста зевнала по трет пат, лудоста, секогаш откачена, предложила:

„Ми текна што ќе правиме! Ајде сите да се скриете! Оној што нема да го пронајдам ќе биде победникот меѓу сите нас.“

Така, додека лудоста мижела и броела до 100, мрзеливоста, да не се мачи, се скрила зад првиот камен. Верата се качила на небо. Зависта се скрила во сенката на успехот, кој пак се качил на врвот од највисокото дрво. Великодушноста им ги препуштила сите убави места на пријателите. Убавината скокнала во езерото во кое се огледувала. Себичноста нашла засолниште, но само за себе. Страста се скрила во гротлото на вулканот. А, заборавот? Тој заборавил да се скрие. Додека љубовта не можела да најде засолниште и во мигот кога лудоста броејќи извикала: „Сто!“, скокнала во градината со ружи и го покрила лицето со прекрасните пупки.

Лудоста ја започнала својата потрага и прво ја пронашла мрзеливоста зад каменот. Верата сите ја чуле како расправа за теологија со Господ. Стравот сам излетал од кошницата со пчели...И така, еден по еден, лудоста ги пронашла сите, освен љубовта. Изнервирана од долгото барање таа започнала бесно да удира по гранките со ружи во градината. Одеднаш се слушнал болен крик. Лудоста ја тргнала гранката и гледајќи во очите на Љубовта кои биле изгребани од трњата извикала:

„Го најдовме победникот!“

Така, Љубовта ги победила сите чувства и особини на човекот, но останала слепа. Додека лудоста, во знак на извинување, одлучила вечно да ја следи и да и помага.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби