In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Талентот е Божји дар

Објавено на 18.06.2019 во 17:06

Талентот е Божји дар
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Твојот талент е Божји подарок за тебе.
Што ќе направиш со него е твој начин
да му возвратиш на Господ за подарокот.“
~ Лео Бускаља

Драги пријатели, ако некоја работа, што на другите им е тешка или невозможна да ја направат, вие ја правите со леснотија, тоа значи дека имате талент за таа работа. И ве молам, не го мешајте талентот со вештината, бидејќи тие се две различни нешта! Она за кое сме талентирани го правиме сами од себе, без да учиме и да се обучуваме. Сетете се само на примерот со Моцарт. И покрај фактот што неговиот татко бил композитор и свирел виолина, само дете со вроден талент може на тој начин да свири клавир на свои пет години и да компонира на осум. Од друга пак страна, за разлика од талентот, вештината е научена способност и во нејзиното совладување вложуваме многу време и труд. Но, наместо да им завидуваме на талентираните, треба да имаме на ум дека талентот освен благослов е и проклетство. Затоа што од оние на кои многу им е дадено и многу повеќе се очекува отколку од другите луѓе.

Но, велат дека ѓаволот се крие во деталите. Па, заради фактот што надарените луѓе ја добиваат својата дарба без труд, тие лесно можат да се занесат дека се нешто посебно и дека нивната способност потекнува од нив самите. Забораваат дека се само медиумот низ кој се излева Божјата креација и гениј. Низ историјата има многу примери на гении чиe што премногу надуено его го уништило нивниот талент. Кога егото ќе надвладее, луѓето наместо да го користат својот талент, пропаѓаат во декаденција. Ако зборуваме со јазикот на кармата, тие со својот површен однос кон подарокот што го добиле во моментот на раѓањето ги активираат причинско-последичните односи и во следниот живот, а може дури и во истиот, ќе трпат реперкусии за тоа. Па, можно е да го загубат талентот, да бидат блокирани во неговата реализација. Додека во следниот живот би можеле да се родат како неинтелигентни, трапави луѓе на кои ништо не им поаѓа од рака.

Уште пострашно е ако оној, кому Бог му дал некаков талент, го злоупотреби истиот за правење лоши дела. Во тој случај, таквиот човек, доколку нема последици во актуелниот живот за своите недела, во идниот живот со сигурност ќе се роди со некакви проблеми или со инвалидитет поврзан со рацете. Тоа е така, бидејќи рацете се секогаш поврзани со талентите и способностите. Но, ако душата на човекот, под товарот на проблемите, не стане позлобна туку омекне, тогаш се смета дека тој ја научил лекцијата и тогаш ќе му се даде можност да ја смени својата судбина на подобро, во своја корист.

Токму за талентот и за казната за неговата злоупотреба зборува мојава приказна. Се викаше Адријана и ја нарача Наталната Карта преку мојот сајт Астроскопиа. Дента, пред да се сретнеме, работев на нејзиниот случај. А, таму што ќе видам? Стануваше збор за личност која во минатиот живот била маж кој бил славен заради неговите таленти. Но, занесен од славата, тој се однесувал арогантно, очекувал луѓето секаде да се поклонуваат пред него, а жените да го обожаваат. Завел многу жени. Брутално се однесувал со нив. Откако ќе ги искористел ги отфрлал како валкани чорапи. Многу жени абортирале од него или родиле деца, но тој не сакал да чуе за нив. Дури имало и жени кои ги навел на самоубиство. И додека светот го славел и му се воодушевувал заради талентот, само луѓето кои лично го познавале знаеле за каков нечовек станува збор.

Овие сознанија веднаш ме асоцираа на големиот Пикасо, најбогатиот сликар во историјата. Мислам дека не постои човек на светот кој не чул за него. Но, веројатно малкумина се оние кои знаат дека тој имал садистичка природа. Всушност, тоа не е чудно ако се знае дека Пикасо е роден во знакот на Шкорпијата и тоа со карактеристики од најниското ниво на овој знак. Страсен, налудничав, безмилосен, одмаздољубив, човек кој се насладувал на туѓата болка. Е, токму поради неговиот неподнослив карактер, две жени се самоубиле, а две завршиле во лудница. За Пикасо се раскажуваа анегдоти дека кога сакал некоја жена да одведе во кревет, прво и подарувал фигура на мал човек со голем фалус. Како еден вид ретро реклама за себеси, со која и навестувал што очекува од неа. А, тоа го правел отворено, без пардон, кон сите жени кои му се допаѓале, дури и во присуство на својата сопруга.

Нејсе. Да се вратам на мојата приказна за Адријана. Заради тоа што нејзината Натална Карта недвојбено ме асоцираше на Пикасо, едно време се прашував дали Адријана што допрва треба да ја сретнам е можеби реинкарнација на Пикасо? Бидејќи, теоретски, тоа беше остварливо. Пикасо е умрен во 1973 година, а Адријана беше родена десетина години подоцна. Потоа заклучив дека не е важно која личност била таа во минатиот живот. Единствено нешто што беше важно е дека Адријана, во овој живот, ќе мораше да плати за своето тогашно однесување, така што ќе биде спречена да го реализира својот талент.

Не беше исклучена ниту можноста да има некакви проблеми со рацете. Додека во љубовниот живот ќе требаше да биде третирана онака како што таа ги третирала жените во нејзиниот минат живот, како крпи од кои се брише половиот орган пред да се фрлат во ѓубре. И сето тоа требаше да го издржи стоички, да не потклекне со духот, да не ја колне ниту Судбината ниту Господ за проблемите во својот живот. Само тогаш ќе ги отплатеше кармичките долгови. Па, можеби ќе имаше шанса да го покаже својот талент и останатиот дел од животот да го помине во љубов.

Кога се сретнавме, првиот мој впечаток за Адријана беше дека станува збор за кршлива и уплашена девојка. Беше слабичка, со средна висина и со невпечатлив изглед. Една од оние девојки кои не можеш да ги запамтиш ако само еднаш ги видиш, бидејќи се втопуваат во средината. Се поздрави брзо, но срдечно. Потоа открив дека е разговорлива. Па, на крајот излезе дека дури познаваме исти луѓе. Не беше сликарка. Нејзината професија повторно имаше допирни точки со една од гранките на уметноста. Но, работеше во позадина и немаше контакт со публика. Потекнуваше од добростоечко семејство и парите не и претставуваа ниту проблем ниту предизвик. Беше амбициозна. Но, можноста да оствари некој повпечатлив успех, во наши услови, беше речиси еднаков на нула. И, како што покажуваше нејзината Натална Карта, немаше среќа во љубовта. Привлекуваше дечковци што бараа девојка само за една ноќ. Во нејзините врски постоеше борба за доминација, љубоморни сцени, манипулации, кавги, безобзирни отфрлања.

Кога и зборував за минатиот живот, за злоупотребениот талент и за последиците, само се насмевна со едниот крај на усната, ги извади своите раце од под џемперот и мирно, како да прави нешто најнормално, ми ги покажа потврдувајќи:

„Точно е. Родена сум со инвалидитет.“

Тогаш јас се збунив, бидејќи не очекував дека нејзината карма е реализирана до тој степен со таква прецизност и искрено, сочувствувајќи со нејзиниот проблем, одговорив:

„Не можам да верувам. Па, како не забележав до сега?“

Адријана се насмеа и ми возврати: „Секако дека нема да забележиш кога цел живот сум учела како да ги скријам.“

„И одлично го правиш тоа“ се надоврзав јас. „Меѓутоа, сега кога знаеш која е причината за твоите проблеми и кои се начините да се избориш со нив, судбината на твојот живот ја контролираш ти. Значи, да повторам, не смееш да потклекнеш со духот кога ќе ти се случуваат крахови, неправди и понижувања. Не смееш да манипулираш со луѓето и со туѓите чувства, а посебно не со дечковците. Без оглед дали си во позиција да го направиш тоа или дали тие те повредиле. И како врв на се, не смееш да ја колнеш ниту Судбината ниту Господ за проблемите во својот живот, бидејќи тие се само последици од некогашните твои постапки. Ова посебно треба да го имаш на ум во следните две години, кога ќе поминуваш низ тежок период и на професионален и на семеен и на емотивен и на здравстевн план. Бидејќи, од твоите реакции на случувањата во следните две години ќе зависи твојата иднина во следните 28 години.“

Адријана имаше израз на лицето кој ми покажуваше дека конечно сите коцки дошле на свое место, дека сите нејзини дилеми нашле одговор и дека навистина е решена да даде се од себе и да го смени својот живот на подобро. Па, наместо жртва да стане победник над судбината.

„Да, сега ми е полесно кога го знам сето ова. Секогаш се прашував зошто јас морам да бидам ваква. Секогаш на тоа гледав како на неправда. Им се лутев на родителите што ме родиле. Лута сум им бидејќи мислам дека останаа во брак заради мене, а тој брак не личи на ништо. Секој ден се караат. Па, затоа јас решив да се исселам и да живеам сама. Ама сакам тој чекор да биде симболичен гест кој ќе означи нова страница во мојот живот, ново се. И од сето тоа што ми го кажа, само делот со Господ не можам да го сфатам и да го прифатам. Знаеш, јас не верувам во Господ.“

Оваа нејзина констатција воопшто не ме збуни, бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе кои ми го кажуваат истото. Но нив најмногу ги сакам, затоа што во душата на секој атеист лежи најголемиот верник кој само чека причина да ја искаже својата вера. Затоа, само помирливо се насмевнав и продолжив:

„Дали веруваш или не веруваш, Адријана, тоа е твој избор. Но, тоа што не веруваш, не значи дека тој не постои. Секако и јас не верувам дека Господ е дедо со бела брада што не гледа од небото и мафта со показалецот. Но, зарем ти изгледа поприфатливо дека светот кој функционира попрецизно од часовник можел да се создаде по пат на случајност и природна селекција? Никола Тесла, кој ги знаел сите физички закони за функционирањето на природата, секогаш тврдел дека има повисока сила која раководи со нив. Па, дури и Ајнштајн на крајот прифаќа дека Господ не си игра со зарови.“

Адријана на ова не рече ништо, но нејзиниот презрив поглед како да велеше: „Како да не. Зборувај си ти што сакаш, нема да ме убедиш. Јас сум попаметна од сите.“

И поради тоа што јас не сум човек што сака некого да убедува, прифатив дека секој има право да верува во што сака додека не се убеди во спротивното. Па, остатокот од нашата средба помина во муабети за она што Адријана го работи и за нејзините амбиции за иднината, за на крај да се разделиме како најдобри пријателки.

По две години од нашата прва и единствена средба, еден зимски ден, Адријана ми прати имејл со траорна содржина. Во него кажуваше дека поминала две пеколни години, дека и било многу тешко, дека сум требало да ја предупредам низ колку тежок период ќе минувала, за да се подготви. Кога и одговорив дека и го кажав токму тоа на нашата средба, таа ми возврати дека не сум била доволно конкретна и не сум и кажала колку ќе бидат страшни настаните. На тоа и одговорив дека штом е здрава и жива ништо не било толку лошо и дека најдобри се оние учители кои ти покажуваат каде да гледаш, но не ти кажуваат што треба да видиш. А, дека Наталната Карта и Соларниот Хороскоп ја покажуваат предиспозицијата да се случи некој настан и неговата поставеност на временската линија. Но, дека крајниот резултат никој не го знае и дека тој произлегува од нејзиниот карактер и од нејзините реакции.

Но, моите зборови како да удираа во ѕид. Навредена на судбината, на лошите настани, на мене, која не ја заштитила со тоа што детално ќе и ги опише и ќе им забрани да и се случат, таа продолжуваше во својот арогантен тон да реди навреди и незадоволства. Како божем само таа поминала низ тежок период во животот. Како божем таа е избраната, а другите луѓе се отпад. Па, нејзе треба да и тече само мед и млеко во животот, а другите може и да страдаат. Фала Богу беше здрава и жива. Но, таа не го ценеше тоа толку базично нешто, здрава и жива. Требаше да биде вечно среќна, без никакви проблеми, најпаметна и најуспешна.

Тогаш се разочарав. Не, бидејќи Адријана покажа непочитување и неблагодарност кон мене, туку бидејќи моите зборови отишле во празно. Таа падна на тестот на судбината и не ја одработи кармичката задача. Штета, бидејќи однапред ги знаеше чувствителните места и моменти лоцирани на нејзината животна траекторија, каде што би можела да падне на испитот.

Во тој миг се сетив дека средбата со Адријана можеби требаше да ми се случи мене за да стекнам искуство кое ќе можам да го споделам со вас, драги пријатели, искуство за тоа што се случува во ситуациите кога ароганцијата на човекот е поголема од неговата желба за подобар живот, кога силата на ентропијата е поголема од силата на креацијата и од желбата за подобра иднина. Од друга страна, случката со Адријана ме потсети на една друга приказна. Таа гласи вака:

„Еден човек влегол во берберница да се ишиша и да се избричи. Додека траела целата процедура си разговарал со берберот. И така, збор по збор, од тема на тема, некако дошле и до темата за Господ. Тогаш берберот се изјаснил:

„Знеш што, бадијала ми зборуваш за Бога кога јас не верувам дека постои“

„Зошто?“ прашал муштеријата.

„Па, многу едноставно. Треба само да излезеш на улица и само ќе ти се каже. Еве, на пример, ако Бог постои, зошто има толку болни луѓе на Земјава? Зошто има напуштени деца? Зошто дозволува војни? Кога би постоел Бог, сигурно немаше да дозволи да се случуваат вакви работи. Штом има толку болка и страдања, тоа значи дека Бог не постои.“

Муштеријата замолчал бидејќи немал контра-аргументи. А, кога берберот ја завршил работата платил и си заминал.

Кога муштеријата излегол на улица здогледал некој човек со долга, неисчешлана коса и запуштена брада, кој изгледал како да е бездомник. Извесно време гледал во него и како да му текнало дека нешто заборавил во берберницата, забрзано се вратил назад. Берберот го погледнал со чудење, а овој му рекол: „Знаеш што, сега имам доказ дека берберите не постојат.“

„Што сакаш со тоа да кажеш? Како не постојат“ се збунил берберот.

„Па, така убаво. Не постојат.“ Тогаш покажал со прст кон бездомникот на улицата и продолжил: „Го гледаш ли оној човек? Да постоеја бербери тој немаше да шета со обрасната коса и брада.“

Кога берберот продолжил да гледа без збор, не сеќавајќи се што сака да му каже, муштеријата продолжил:

„Е, пријателу мој, берберите постојат, само што луѓето не доаѓаат кај нив. Исто така и Господ постои само што луѓето не доаѓаат кај него.“

А, кај Господ, пријатели мои не се доаѓа со ароганција, лутина и омраза. Туку со понизност, љубов и разбирање. Тоа одлично го објаснува изреката која вели:

„Талентот доаѓа од Бога. Биди понизен.
Славата доаѓа од луѓето. Биди благодарен.
Гордоста доаѓа од тебе самиот. Биди внимателен.“

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби