In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Млада Црна Месечина на 30 август 2019 - ден за нови почетоци

Објавено на 28.08.2019 во 12:45

Млада Црна Месечина на 30 август 2019 - ден за нови почетоци
 

Како прво, не треба да стравувате. Можеби името Млада Црна Месечина звучи таинствено и злокобно, но нејзиното влијание е позитивно.

Што претставува Младата Црна Месечина?

Во астрологијата, кога во еден ист месец ќе се случи два пати да се појави Млада Месечина, втората по ред се нарекува Црна Месечина. Оваа појава не е толку честа и се повторува на секои 30 месеци (две ипол години). Првата Млада Месечина се случи на 1-ви август и беше во Лав. Додека Младата Месечина на 30-ти август ќе се најде во Девица. Интересен е податокот дека Младата Црна Месечина овој пат ќе добива силна енергетска поткрепа од речиси сите планети, но најмногу од Меркур, Венера и Марс, кои исто така ќе транзитираат низ Девица. Додека Сатурн и Плутон од Јарец и Уран од Бик, ќе и го чуваат грбот. Тоа значи дека лечебната енергија на Девицата ќе биде изразито силна и би требало да предизвика некаков позитивен пресврт во нашите животи, како и шанси за нови почетоци.

Каков пресврт ќе предизвика Младата Црна Месечина во Девица?

Под влијанието на аналитичната и организирана Девица, на прво место, секој од нас, на овој или оној начин, ќе се најде во ситуација да ги преиспита своите животни одлуки. Како резултат на тоа би требало да добиеме порив за внесување ред во проблематичните сегменти од нашите животи и импулс за акција да го смениме она што не чини со подобро. Затоа, Младата Црна Месечина ќе биде како создадена за обновување на енергијата и за нови почетоци на секој план. Посебно во љубовта. Па, голем број на нови љубови, одлуки за брак и забременувања ќе се случат токму на овој ден и во деновите потоа.

Очекувано, Младата Црна Месечина во Девица најголемо влијание ќе има токму на Девиците. Но, пожелно е секој од нас на 30-ти август и во деновите потоа, да се фокусираме на ослободување на нашето тело, ум и дух од насобраните отрови во минатото, бидејќи само така ќе направиме простор за новото. Тоа подразбира да се ослободиме како од лошата храна, така и од лошите мисли и дела. Бидејќи Девицата е склона на перфекција, би требало да го почнеме позитивниот пресврт со тоа што прво ќе ја зауздаме потребата да се критикуваме себеси и другите и да се фокусираме на добрите страни на секоја работа. Затоа што она што го храниме со нашето внимание и емоции има тенденција да расте и да се зголемува.

Какво ќе биде влијанието на Младата Црна Месечина на знаците од Зодијакот?

Начин на читање: Најмногу ќе ви одговара текстот што одговара на вашиот Подзнак (Асцендент). Но, поголема ширина во сознанијата ќе добиете ако тие информации ги комбинирате со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете вашиот Подзнак (Асцендент), направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Вие, драги Овни, почнувајќи од 30-ти август, па во следните неколку месеци, конечно ќе успеете да внесете ред во извршувањето на вашите работни обврски, ќе го средите бирото, ќе направите позитивни измени во вашиот работен простор или во односите со колегите. Фокусирајте се на добрите страни од вашата работа и од вашиот однос со колегите, па позитивните случувања на професионален план би требало да се зголемуваат од ден на ден. Така, можно е и да започнете да работите нешто ново или да добиете понуда за нов проект или ново работно место.

Во исто време, ќе станете посвесни за вашите нездрави животни навики и ќе направите напор да ги смените со нешто што е подобро за вашето здравје.

Бик

Љубовта ќе биде полето обоено од позитивните вибрации на Младата Црна Месечина. Тоа, драги Бикови, значи дека ако сте во моментов осамени, новата љубов само што не ви се случила во деновите што доаѓаат. Ако сте среќно вљубени, сигурно ќе добиете порив да ја крунисате вашата љубов со брак или да станете родители. Ако пак сте веќе родители на возрасни деца, веројатно ќе се радувате на убавите вести што тие ќе ви ги соопштат поврзани со љубовта и децата.

Професионално, нови убави почетоци претстојат за Биковите уметници, наставници, берзански работници, како и за вработените на местата за забава.

Близнаци

Кај вас, потребата од нови почетоци веројатно ќе се манифестира во поривот да внесете некаква промена во просторот за живеење, во местото на живеење или во односот со членовите на семејството. Полесно ќе ги преџвакате неминовните промени ако престанете да наоѓате маани на просторот во кој живеете и во однесувањето на членовите на семејството со кои го делите својот дом.

Професионално, најмногу промени ги очекуваат Близнаците кои работат во агенциите за недвижности, во катастарот, Близнаците архитекти.

Рак

Промените кај вас, драги Ракови, ќе се случат на план патувања и учење. Тоа значи дека е можно, на некој краток пат, да се случи некаков настан или средба кои ќе бидат вовед во нов период од вашиот живот. Можно е да започнете да учите нешто ново или своето знаење ќе посакате да го споделите со поширок круг на луѓе. Во односите со браќата, сестрите и роднините ве очекуваат нови вести. А, голем број од вас активно ќе се ангажираат околу колата или ќе планираат да купат нова. Имајте на ум дека зборовите ќе бидат вашето најсилно оружје. Затоа, мерете ги внимателно.

Лав

Вам, драги Лавови, Младата Црна Месечина ќе ви донесе позитивни промени на финансиски план. Тоа значи дека почнувајќи од 30-ти август, па во следните неколку месеци, би требало да добиете повисока плата, нов извор на заработка, хонорарна работа, исплата на некаков стар долг, профит преку некои инвестиции направени во минатото или преку некоја ризична зделка. Исто така, имајте предвид дека она во што ќе инвестирате во овој период, ќе ви се исплати во иднината.

Девица

Младата Црна Месечина најмногу ќе влијае на вас, драги Девици. Па, од 30-ти август во следните неколку месеци, бидете подготвени за големи и длабоки промени на својата личност, на својот начин на размислување, кои ќе доведат до промени во речиси секој аспект од вашиот живот. Првенствено, би требало да се најдете во ситуација која ќе ве принуди да ги преиспитувате вашите животни одлуки. А, под влијанието на Младата Црна Месечина и на стелиумот во Девица, вие ќе имате доволно самодоверба и нескротлив порив за внесување ред во сите сегменти од вашиот живот, како и импулс да го смените својот живот на подобро.

Бидете фокусирани на убавите работи, престанете да се критикувате себеси и другите луѓе и зауздајте го својот перфекционизам, така полесно ќе го одржите позитивниот курс на промените.

Вага

Младата Црна Месечина на 30-ти август ќе го означи стартот на еден период од неколку месеци, во кој би требало да доживеете интензивен и длабок процес на духовни промени. Во зависност од тоа како ќе се однесувате во овој период ќе зависи и квалитетот на вашиот живот потоа. Ако излезете од својата зона на комфорот и ако се посветите на хумана работа од која нема да имате финансиска корист, како што е волонтирањето, истражувањето, запишувањето на своите искуства или добротворната работа, тогаш, во следните неколку месеци, би можеле духовно да се издигнете на повисоко ниво и да имате повеќекратна корист. Ако продолжите по старо, депресијата не ви бега. А, можни се и посериозни здравствени проблеми кои ќе бараат хоспитализација.

Љубовните случки нема да недостасуваат. Но, заради некоја причина, ќе мора да ги криете.

Шкорпија

Искористете ја Младата Црна Месечина на 30-ти август да си поставите нови цели во животот и нови планови. Бидејќи, енергијата на тој ден ќе има улога на добар замаец кој ќе ви помогне, тие ваши планови и цели, да ги реализирате во следните неколку месеци. Периодот што следува ќе биде посебно поволен за создавање нови пријателства, влегувања во сојуз со луѓе кои делат исти уверувања како вас, за политички ангажман.

Сепак, најубавите промени ќе се случуваат во вашиот љубовен живот, во следните неколку месеци. Па, ако сте слободни, ве очекува љубов на прв поглед. Ако сте во брак, љубовта би можела да се продлабочи или пак ќе доживеете пријатни изненадувања поврзани со децата.

Стрелец

Ако копнеевте за некаква промена во вашата кариера, Младата Црна Месечина ќе го означи почетокот на промените. Имајте предвид дека нема да ви биде лесно. Но, она што ќе ви се случува не ќе можете да го смените. Затоа, ќе ви биде поедноставно ако прифатите дека некои работи не се добиваат без мака и дека ќе мора да предадете по некоја битка, ако имате за цел да ја добиете војната. А, војната се добива кога ќе одлучите што точно сакате на професионален план и кога ќе бидете сигурни дека вашите соништа имаат реална основа да се реализираат. Во спротивно, ќе останете „со прстот во уста“, додека „сонувате со отворени очи“.

Не заборавајте дека жените ќе бидат пресудни во вашата кариера. Само, вие ќе треба правилно да ја изберете вистинската, која ќе ви помогне да напредувате. Ако згрешите во изборот, подгответе се за скандали на професионален план. Посебно ако „таму каде што го вадите лебот“, вадите и она што не се вади на работно место.

Јарец

Младата Црна Месечина на 30-ти август ќе биде благонаклона кон вас, драги Јарци. Па, таа ќе иницира во вас потреба за учење и совладување нови вештини во следните неколку месеци, кои ќе ве направат најдобри во областа со која се занимавате. Некои од вас ќе започнат процес на духовно патување за спознавање на себеси. Во секој случај, патувањата, престојот во странство и контактот со странци, во периодот што следува, би требало да ги иницираат најдобрите промени во вашиот живот. Ќе сретнете една личност која ќе ви биде и духовно блиска и сексуално силно ќе ве привлекува. Оваа средба би можела да ве натера да преземете коренити промени во вашиот живот.

Водолија

ладата Црна Месечина на 30-ти август, драги Водолии, ќе иницира длабоки трансформации на вашата свест, на вашите сфаќања за животот и смртта, на вашето однесување во сексот и кон парите. Посебно кон туѓите. Така, вие во следните неколку месеци би требало да почнете појасно да ги забележувате работите кои се кријат зад превезот на тривијалните случувања, да ја откриете причинско-последичната врска на случувањата во вашиот живот, да се искупите за погрешните постапки, да си олесните на душата барајќи и давајќи прошка на луѓето од вашето минато. Можно е да се подвргнете и на некоја неопходна хируршка интервенција или да ги смените вашите навики во интерес на здравјето.

Од друга страна, следните месеци ќе бидат одлични за средување на вашата финансиска состојба. А, можен е и поголем прилив на пари кој ќе ви помогне во остварување на вашите соништа.

Риби

Ако се држите до препораката „по секоја цена да останете цврсто на земја и повеќе да го слушате гласот на разумот отколку на чувствата“, Младата Црна Месечина на 30-ти август ќе се покаже широкограда кон вас, драги Риби. Па, ако сте сами, во следните месеци би можеле да запознаете личност која ќе ги разбуди пеперутките во вашиот стомак. Ако сте во врска, заедничкото живеење со партнерот и бракот ќе ви изгледаат како најдобра перспектива за вас двајца. Но, ако сте веќе во брак, би можеле да се соочите со проблеми што претходно ги игнориравте.

На професионален план, бидете внимателни со документите што ќе ги потпишувате. Во следните неколку месеци би можеле да добиете поволен професионален договор и повисока плата. Избегнувајте судења.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби