In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Објавено на 27.09.2019 во 02:09

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
 

(Шкорпиите најсреќни на секој план, Биковите и Вагите најсреќни со парите, а Раковите во љубовта)

На небото во октомври ќе се случат неколку промени. Така, Меркур, планетата на рационалниот ум, комуникациите и трговијата, од 4-ти до 31-ви октомври ќе се движи низ длабокоумната Шкорпија. Тоа ќе предизвика повеќето од нас да се затворат во себе, да не ги изразуваат отворено своите мисли и ставови. Додека, од друга страна, ќе се интересираме за туѓите животи повеќе отколку обично, истражувачките новинари ќе имаат полни раце работа и веројатно ќе бидат откриени некои долго чувани тајни пред јавноста. На последниот ден од октомври, 31-ви, Меркур ќе го започне својот ретрограден од низ Шкорпија. Но, неговите најнегативни особини, како што се доцнењето, лажењето, крадењето, невниманието, површноста, озборувањето, тој ќе ги покаже во ноември.

Венера, планетата на љубовта, уметноста и земните задоволства, од 10-ти октомври влегува во порочната Шкорпија, каде што не се чувствува баш како своја на своето, и тука ќе остане до 1-ви ноември 2019 година. Таа би требало да внесе драма во нашите љубовни односи, како и повеќе страст. Но, ќе се зголеми и потребата да ги контролираме оние кои ги сакаме, да манипулираме со туѓите чувства. Посебно ако во нашата природа веќе постои посесивност и љубомора. Меѓутоа, поради хармоничниот аспект што Венера ќе го прави со Сатурн и Плутон во последната декада на октомври, би можеле да се средат некои стари проблеми во љубовните односи кај водените знаци. Тие дури ќе имаат шанса да се сретнат со некоја стара љубов и да ја затворат комуникацијата на човечки начин.

И воинствениот и храбар Марс, со пола сила и затапен меч, ќе го прави својот хармоничен пат низ тактичната и шармантна Вага, со што би требало да се намали агресијата во меѓучовечките односи. Но, затоа пак ќе се зголеми непостојаноста и неодлучноста кај повеќето луѓе. Па, тие нема да го слушаат својот внатрешен глас, туку ќе се трудат да го задржат својот мир со тоа што ќе им се прилагодуваат на туѓите желби и барања. Ова посебно се однесува на Вагите, Овните, Раковите и Јарците.

Јупитер во октомври ќе продолжи со сигурен и оптимистички чекор да се пробива низ слободољубивиот Стрелец, каде што се чувствува свој на своето. Додека Уран ќе се движи наназад во Бик. Сатурн, полека ама сигурно, ќе чекори низ знакот со кој владее, Јарец. Нептун и понатаму бавно и занесено ќе се движи ретроградно низ Риби. Додека Плутон од 3-ти октомври повторно ќе започне да се движи директно низ Јарец, вежбајќи цврстина и моќ.

Планетарната конфигурација во октомври за секој знак

Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот Подзнак. Но, потоа можете да ги проширите своите сознанија со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете својот Подзнак (Асцендент), направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Во првата декада на октомври, под влијание на предизвикувачкиот однос меѓу Сонцето и Сатурн, би можеле да претрпите негативни последици по вашата кариера и углед. Додека, Меркур во октомври би требало да ви донесе некакви решенија за проблемите на финансиски план поврзани со враќање на заеми, кредити, даноци, како и во решавањето на проблемите со извршителите. Посебно во периодот од 25-ти до 31-ви октомври, кога тој и Венера ќе работат со здружени сили. Тогаш е можно да добиете некоја креативна идеја за подобрување на вашата финансиска состојба, да добиете некаков подарок или помош на кои не сте се надевале, од страна на родителите.

Потоа, октомври за вас ќе биде во знакот на лесното полагање на испитите, во знакот на патувањата, комуникацијата со странство и странци, со луѓето вработени на факултетите, во дипломатските претставништва. А, постои и можност, ако сте во некој судски спор, тој да заврши во ваша корист. И покрај тоа не се опуштајте премногу, бидејќи Марс од 5-ти октомври до 20-ти ноември 2019 година ќе ги направи силни вашите јавни непријатели и тие би можеле да го загрозат вашиот углед јавно објавувајќи некои ваши тајни. Па, постои и можност за правна разврска на проблемот.

За сметка на тоа, хармоничниот однос меѓу Венера и Плутон, би можел да испровоцира некој страстен љубовен однос во последната декада на октомври. Така, можно е да се сретнете со личност со која сте кармички поврзани, со цел да ги одработите кармичките задачи. Но, ако сте во брак, октомври ќе биде месец на опасно живеење и проблеми во брачниот живот.

Бик

Октомври обично не е ваш месец, но оваа година правилото ќе трпи промени, драги мои Бикови. Па, во периодот од 25-ти до 31-ви октомври, вие или некој ваш пријател, би можеле да дојдете до креативен пристап во реализацијата на една ваша цел или во реализацијата на вашите идеи. Ако пак вашата професија е поврзана со банките, инвестициите, осигурителните компании, даночната управа, тогаш октомври ќе биде месец за напредување на професионален план. Октомври ќе биде и месец кога би можеле да дојдете до повеќе пари, награда во вид на пари, добивка преку наследство, преку партнер, од инвестиции или од осигурување.

Во третата декада на октомври 2019 година, под влијанието на хармоничните вибрации на Венера и Плутон, би можеле да имате кармичка средба со една личност од која би научиле се за моќта и контролата на силата, во љубовните и во професионалните односи.

Близнаци

Во првата декада на октомври, под влијание на негативниот аспект меѓу Сонцето и Сатурн, можно е дојдете во конфликт со партнерот поради вашата тврдоглавост или поради вашиот лефтерен однос кон парите или кон сексот. Додека во третата декада на октомври, под влијание на пријателски подадената рака меѓу Венера и Плутон, би требало да доживеете судбинска средба на работното место. Што ќе направите, ќе мора вие да одлучите. Но, секогаш имајте ја на ум поговорката која вели дека „Онаму каде што се вади лебот, не се...води љубов“. А, ако љубовта веќе се водела, мангуп е оној кој стоички ги поднесува последиците.

Октомври ќе биде мошне напорен месец и на професионален и на здравствен план. Па, ако не ги одредите своите приоритети во работата и не покажете истрајност во нивното остварување, би можеле да се соочите со помали резултати од очекуваните. Затоа пак во периодот од 25-ти до 31-ви октомври, безгрижниот танц меѓу Меркур, вашиот владетел, со Венера, ќе предизвика да ја имате помошта од колегите во совладувањето на професионалните обврски. Од друга страна, ќе мора да се свртите кон здравите животни навики со цел да го сочувате и одржите своето здравје. Пушењето, масната и нередовна храна, недостатокот на сон и физичка активност негативно ќе се одразат на вашиот изглед и би можеле да ги активираат вашите хронични здравствени проблеми.

Рак

Вашиот љубовен живот во октомври, драги Ракови, ќе ги доживее и најголемите падови и најсреќните мигови. Така, под влијанието на непријателските вибрации меѓу Сонцето и Сатурн, октомври ќе почне непријатно, со решавање на некои стари, натрупани проблеми меѓу вас и партнерот. Тогаш е можно да чувствувате дека никогаш нема да излезете на чистина. Но, ако успеете да ја сочувате присебноста и да не намразите, во третата декада на месецот можно е да се случи средба со некоја ваша дамнешна кармичка љубов. Но, можно е да започнете и нова љубовна врска со некоја забавна личност, помлада од вас. Ако сте од женски пол, постои можност за лесно забременување во периодот од 25-ти до 31-ви октомври. А, доколку веќе имате возрасни деца, тогаш тие ќе ви приредат убаво изненадување.

Затоа пак проблемите со членовите на семејството, родителите и имотот ќе ескалираат во првата декада на октомври. Тогаш треба да бидете воздржани и одмерени. Во спротивно, можно е да се соочите со судски процес, да загубите дел од имотот, да се соочите со развод. Опасноста од развод ќе биде поголема доколку одржувате паралелна љубовна врска надвор од бракот.

Лав

Јупитер во вашето поле на љубовта, до почетокот на декември 2019, ќе ви ги зголеми можностите за среќавање на личност која ќе ги задоволи вашите високи критериуми. А, тоа е неопходно за да си дозволите да се вљубите. Меѓутоа, месец октомври сепак ќе биде некако повеќе во знакот на семејството и домот, отколку на страстите. Така, ќе треба да ги средувате проблемите поврзани со семејството и имотот кои веќе подолг период ги туркате под тепих. Доколку не го направите тоа, тие би можеле да ескалираат во последната декада на октомври и да ви предизвикаат и здравствени проблеми. Пред се со покачениот притисок. Но, можно е да се активираат и некои гнојни процеси и цисти. За да не дојде до тоа, ќе мора да најдете најадекватен начин да се ослободите од бесот и од лутината.

Професионално, под влијание на непријателските стрели разменети меѓу Сонцето и Сатурн, првата декада на октомври ќе биде проблематична за Лавовите професори, возачи, туристички работници, маркетинг стручњаци, ученици. Тогаш потрудете се да бидете тактични, бидејќи постои можност да се вратат старите професионални проблеми, како и судирот со авторитетите во работната средина. За да не дојде до тоа, би требало да имате посериозен пристап кон работата и почит кон надредените.

Девица

Цел месец октомври ќе биде неповолен по вашата финансиска состојба, драги Девици, бидејќи и покрај заработувањето пари ќе бидете соочени со големи трошоци. Сепак, ситуацијата ќе биде најкритична во првата и третата декада на октомври. Тогаш, под влијание на непријателските вибрации меѓу Сонцето, Сатурн и Марс, би можеле да се соочите со решавање на некои стари финансиски проблеми. Тие ќе бидат предизвикани од вашето ризикување со парите во минатото или од вашата склоност за коцкање или обложување. Но, можно е паричниот издаток да е предизвикан и од вашиот партнер или од децата. Не заборавајте дека тие проблеми се решаваат со студена глава.

Од друга страна, во третата декада на октомври би можело да се случи нешто што ќе ви го разубави здодевното секојдневие. Имено, големи ќе бидат шансите да сретнете една своја кармичка љубов од минатото на улица, на гости кај соседите, на некое предавање, или на социјалните мрежи и да го обновите контактот.

Вага

Додека престојува во вашиот знак, од 5-ти октомври до 19-ти ноември, Марс ќе ве напојува со енергија, драги мои Ваги. Но, има една поговорка која вели дека „Додека силата трупци тркала, умот царува“. Оттука, енергијата е опасна ако човек ја поседува, но не знае како да ја канализира. Во тој случај од благослов се претвора во проклетство, бидејќи предизвикува изливи на бес, поттикнува на конфликти, истерување на правдата, борба со ветерници. Затоа, памет во глава и најдете вентил за ослободување од вишокот енергија. Така нема да ги иритирате луѓето со своето однесување, ниту тие ќе ве иритираат вас и ќе избегнете безпотребни конфликти. Посебно со членовите на вашето семејство околу прашања поврзани со имотот или со местото за живеење, во првата и третата декада на октомври.

Затоа пак, цел месец октомври ќе биде одличен на финансиски план. Посебно третата декада од месецот. Па, ако бидете отворени да го чуете туѓото мислење и сугестии, во последната недела на октомври би можеле да чуете едно креативно решение за вашите проблеми кое ќе ви го соопшти една помлада личност.

Марсовите вибрации би требало да ве направат поагресивни и на работното место, со поголема желба за докажување. Така, веројатно ќе си натоварите на врат нови обврски, но и нови непријатели. Тие во периодот од 19-ти до 31-ви октомври би можеле да ве наклеветат или да ви постават некоја сопка. Не реагирајте лекомислено! Исто така, не заборавајте дека не смеете да претерувате со работата и со нервозата, бидејќи на тој начин би го загрозиле здравјето. Спортувањето би било одличен вентил за ослободување од стресот. Во спротивно ќе ви опадне имунитетот, па ќе бидете подложни на разни инфекции, воспаленија, висок притисок.

Шкорпија

Иако ноември е ваш месец, драги Шкорпии, кога вие ја регенерирате својата сила и го почнувате својот нов, едногодишен циклус, оваа година октомври ќе биде вашиот ноември. Па, под влијание на Венера и Меркур во вашиот знак, кои ќе бидат поддржани од Сатурн и Плутон, од вас ќе пршти енергија и страст. Ќе се зголеми вашиот мистичен шарм, а со тоа и вашата заводливост. Но, ќе се зголеми и вашата способност да уживате во животот. Тие промени ќе бидат забележливи и луѓето сигурно ќе ви делат комплименти дека сте се разубавиле и дека повторно зрачите заводливо и среќно, како во најубавите времиња. Овие позитивни промени би требало да ви донесат шанса за убави случувања и на љубовен план, во третата декада на октомври. Но, можно е да остварите контакт и со некоја ваша, кармичка љубов. Посебно весели и ведри ќе бидат деновите од 25-ти до 31-ви октомври.

Но, за да можете да уживате во убавите настани ќе мора да се обидете да ја пуштите кочницата со која ги контролирате случувањата во својот живот и да и се препуштите на животната река да ве носи. Меѓутоа, ако работите некоја ризична или таинствена професија, имајте предвид дека голема ќе биде силата на вашите тајни непријатели од 19-ти до 31-ви октомври. А, доколку имате некои проблеми поврзани со членовите на семејството, тие би можеле да станат поинтензивни во третата декада на октомври.

Стрелец

Во првата декада на октомври, кога Сонцето ќе ги одмерува своите сили со Сатурн на небото, кај вас би можела да се појави потреба да отплатите некои стари финансиски долгови, да имате финансиски проблеми, непланирани трошоци или изјаловени финансиски планови поради вашата наивност или поради предавство од страна на пријател. Случувањата во животот ќе ве наведат мирот да го побарате во изолацијата од светот и луѓето. Но, некои од вас ќе го бараат својот спокој и ќе уживаат во својата анонимност затоа што не ќе можат да му одолеат на поривот да се впуштат во авантурата наречена „врска што мора да се крие“. Ако дојде до таква ситуација, имајте предвид дека во третата декада на октомври љубовното минато ќе ви тропне на врата со цел да ги измирите вашите долгови кон една личност. Првенствено финансиските.

Јарец

Во првата декада на октомври, кога Сатурн од вашиот знак ќе ги одмерува своите сили со Сонцето од вам непријателски настроената Вага, вие ќе треба да донесете важна одлука поврзана со вашата професионална иднина. Но, бидејќи одлуката би можеле да ја донесете водени од потребите на суетата, би било пожелно да почекате до средината на месецот. Во третата пак декада на октомври, под влијанието на Марс, би можеле да покажете нетрпеливост кон авторитетите на вашето работно место и со тоа да го навлечете нивниот бес. Но, пред да тргнете во докажување на тоа кој е поспособен и попаметен, сопрете се на време. Во спротивно, вие ќе бидете тие кои ќе пострадаат во борбата.

За сметка на тоа, во љубовта ќе откриете дека ваш најдобар пријател е вашиот партнер. А, не е исклучена ниту можноста некое пријателство да прерасне во нешто повеќе или пак да сретнете интересна личност преку пријателите. Посебно во третата декада на октомври.

Водолија

Во првата декада на октомври, кога Сонцето ќе му пркоси на непоткупливиот Сатурн на небото, пред вас ќе се откријат работите што за вас беа тајна. Така ќе го дознаете името и намерите на оние кои ви работеле зад грб, со што ќе им ја одземете моќта. Во овој период ќе биде пожелно повеќе да одморате, бидејќи стресот низ кој поминувавте би можел да го земе својот данок во здравје. А, некој план поврзан со патувањата, учењето или работата со странство би можел да се изјалови. Но, кога Венера ќе добие поддршка од Плутон, во третата декада на октомври, тогаш би можеле да добиете поттик за напредување во кариерата од страна на некоја жена, Шкорпија или Бик.

Од друга страна, Марс во периодот од 5-ти октомври до 19 ноември 2019 ќе ви помогне да ги средите своите документи, да добиете виза или дозвола за престој и работа во странство или да го положите најтешкиот испит. Уран пак во вашето поле на домот открива дека ве очекуваат непланирани и брзи промени на местото на живеење, во односот со членовите на семејството или во имотната состојба, во периодот што следува.

Риби

Во првите десетина дена на октомври, одмерувањето на силите меѓу Сатурн и Сонцето би можеле да ви донесат одложување на плановите, проблеми во комуникацијата со пријателите, потреба да ги решите вашите финансиски обврски, да исплатите рата од кредит, да вратите заем, да отплатите долг, да го осигурате правото на располагање со туѓи пари. Во тој случај, не би требало да се служите со лаги за да дојдете до лична корист, ниту да ги протегнувате нозете надвор од чергата. Тоа би ви донело уште поголеми проблеми во третата декада на октомври. Од друга страна, сите ваши активности поврзани со учењето, духовноста, патувањата, правните работи и работата со странство, би требало да ви одат лесно. Посебно во периодот од 25-ти до 31-ви октомври.

На план љубов, можно е да го обновите контактот со некоја стара љубов во третата декада на октомври. Додека, ако патувате подалеку, би можеле да сретнете една своја кармичка љубов од минатото.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби