In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Објавено на 30.10.2019 во 19:09

Ретрограден Меркур во Шкорпија
 

(Пораст на лагите, кражбите, подметнувањата, конфликтите, криминалот)

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година, Меркур ќе се движи наназад во Шкорпија.

Што значи тоа?

Од астрономски аспект, тоа значи дека тој нема да се движи наназад по својата орбита буквално, бидејќи тоа е невозможно. Туку, гледано од Земјата, ќе се чини дека се движи наназад, заради разликата во брзината со која се движат Земјата и Меркур во однос на Сонцето.

Какво е влијанието на ретроградниот Меркур во Шкорпија?

Како прво, Меркур, во астрологијата, е планетата задолжена за комуникациите и трговијата. Но, бидејќи астрологијата своите аналогии ги влече од митологијата, треба да се знае дека Меркур во митологијата, освен гласник на боговите, бил тој што смислувал несолени шеги, подметнувања, крадел, лажел. Оттука, своите негативни особини или грдата страна од своето лице, Меркур ги манифестира кога е во ретрограден од. Шкорпијата пак е таинствен и интелигентен знак кој ужива да ги открива туѓите тајни и скриените страни на работите. Длабокоумна е, со остар јазик и критична мисла. Но, може да биде и зајадлива, немилосрдна, бескрупулозна, понекогаш параноична, со порив за моќ и контрола на другите луѓе.

Како и да е, во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година, кога Меркур ќе биде ретрограден, тој ќе ги покаже своите најлоши особини и најлошите особини на знакот во кој ќе се најде. Оттаму, би требало да очекуваме дека ќе се зголеми ароганцијата во комуникацијата меѓу луѓето, ќе има многу подметнувања, нешто ќе се подготвува во тајност, а некои дамнешни тајни ќе излезат на виделина, но во искарикирана форма. Посебно некои тајни поврзани со криминалот и подземјето. Но, можни се и некакви турбуленции во финансискиот систем на државата, афера поврзана со некоја банка или со личност на висока позиција во некоја банка, финансиски ризични потези кои ќе покажат негативни резултати. А, ќе ги влечат финансиските институции и граѓаните.

Како резултат на незадоволството, агресивноста, опсесивноста и паранојата, би требало да порасне криминалот, лагите, кражбите, измамите, неверствата, озборувањата, подметнувањата, предавствата, тепачките, сообраќајките. За сметка на тоа, би требало да се зголеми обемот на работа на полицијата. Но, можни се и пресметки меѓу спротивставените криминални групи заради судир на интересите.

Во принцип, неповолните вибрации на Меркур ќе влијаат на тоа луѓето да зборуваат, ама да не го слушаат тоа што го кажува другата страна или да го преведуваат слушнатото на начин што е близок на нивната ментална матрица. Како резултат на ваквото однесување, често ќе се случува и двете страни да се чувствуваат како „изгубени во преводот.“ Затоа, периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година не е поволен за потпишување на важни и трајни договори. Бидејќи, речиси е 100% сигурно дека некоја од страните нема да се држи до договореното или пак би можело да се случи нешто непредвидено, што би пречело да се реализира договореното. Но, во овој период би требало да се зголеми и бројот на сообраќајните незгоди, како и проблемите во функционирањето на телефоните, компјутерите, превозните средства.

Како ретроградниот Меркур во Шкорпија ќе влијае на секој знак од хороскопот?

Начин на читање: Најмногу ќе ви одговара текстот што одговара на вашиот Подзнак. Но, поголема ширина во сознанијата ќе добиете ако тие информации ги комбинирате со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете вашиот подзнак, направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на: оваа страна.

Овен

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година би можеле да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале, на работи што ви причинуваат задоволство, на партнерот, на децата. Тоа што ќе потрошите за ваше задоволство не го жалете, бидејќи смислата на поседувањето пари е токму да ви обезбеди чувство на сигурност, слобода и можност да купите работи кои ви причинуваат задоволство. Меѓутоа, со цел да не излезете „насамарени“ и финансиски искористени, би било пожелно да се воздржите од давање или барање пари на заем. Исто така, проверете дали сте ги платиле сите сметки и дали сте ги подмириле сите рати од кредитите. Постои можност да платите камата на заборавени сметки или хонорар за извршител.

Меѓутоа, ако парите ги дадете во кладилница, за игри на среќа или на коцка, тие нема да ви се вратат никогаш. А, постои и опасност да се задолжите кај сомнителни доверители. На љубовен план е можно некои ваши непромислени и навредливи зборови да предизвикаат фрустрации кај партнерот. А, тоа да има негативни реперкусии по вашиот сексуален живот.

Бик

Ретроградниот Меркур би требало да донесе нестабилност во вашите партнерски односи, во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година. Уште повеќе ако сте родени во втората и третата декада на вашиот знак, ако сте во брак и ако односите со брачниот партнер се веќе нарушени. Во тој случај, судирот на мислења меѓу вас и брачниот партнер е речиси неизбежен, како и проблемите поврзани со изборот на место за живеење, проблемите со родителите или проблемите предизвикани од конфликтот меѓу вашите родители и вашиот брачен партнер. Кој што кажал, кој што мислел, кој лажел, а кој е олицетворение на вистината, ќе бидат темите околу кои ќе ја водите вашата „војна на Роузови.“ Победник ќе биде оној кој ќе ги закачи боксерските ракавици на шајка и ќе чека до 20-ти ноември да помине бурата, што ја создаваат вознемирувачките вибрации на Меркур.

Ако пак планирате да стапите во брак, можно е вашите родители да се спротивстават на вашите планови или пак да се соочите со непланирани правни пречки. Исто така, пожелно е да внимавате како се однесувате на јавни места, со цел да ја избегнете осудата за јавно изречен збор или постапка. Ако сте во ортачки бизнис, би требало да отворите четири очи за да се поштедите од грешките или подметнувањата од страна на бизнис партнерот.

Близнаци

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година би можеле да се соочите со проблеми на работното место. Можно е да ви недостасува концентрација или да ви треба повеќе време за извршување на стандардните работни обврски. Ќе ви биде исклучително тешко да го контролирате својот темперамент и желбата да ја злоупотребувате слаткоречивоста за креирање на византиски игри во професионалните кругови. Но, тоа ќе биде крајно потребно со цел да се поштедите од срамот што би го доживеале кога ќе бидете откриени и осуетени. Подбуцнувањата и ниските удари нема да ви бидат толерирани од страна на колегите. Она што ќе очекувате на професионален план веројатно нема да се оствари, што дополнително ќе ве фрустрира. Со цел да не дозволите ситуацијата да стане полоша отколку што реално е, би требало да се воздржите од групирања на работното место и од озборувања на колегите и претпоставените.

Потоа пожелно е да внимавате што потпишувате, кому и што испраќате, како возите, каде се паркирате. Но, можно е да имате и здравствени проблеми поврзани со респираторниот систем.

Рак

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година би требало да имате проблеми во љубовниот живот или со децата, заради парите или ќе имате зголемени трошоци заради партнерот и децата. Но, не е исклучена ниту можноста да доживеете генерациски судир во односите со вашите деца. Внимавајте што зборувате и како се однесувате кон нив, бидејќи можно е да кажете или направите работи кои никогаш нема да ви бидат заборавени. Што се однесува до вашите чувства, нема да бидете повредени ако не ги сфаќате работите премногу лично.

А, кога станува збор за парите, вината за евентуалната финансиска загуба во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември ќе биде ваша, ако влегувате во ризични зделки, ако шпекулирате на берзата или ако верувате дека можете да се збогатите на брз начин, преку кладилниците и коцкарниците.

Лав

Ретроградниот Меркур би можел да ги активира вашите стари, неразрешени проблеми, што ги имате во односите со членовите на вашето семејство, во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година. Притоа, вие ќе чувствувате револт кон неправдата што ви е направена од страна на останатите членови на семејството, посебно од страна на родителите. Меѓутоа, повеќе нема да можете да молчите и да чекате проблемите да поминат сами од себе, додека вие ја држите „главата во песок“, туку гласно ќе ги коментирате неправедните постапки на членовите на семејството, ќе бидете агресивни во комуникацијата, ќе си ги барате своите права, ќе го браните својот имот. Негативното влијание на Меркур најмногу ќе ги погоди Лавовите родени во втората и третата декада на знакот.

Сепак, паметно е да не купувате, продавате или делите имот до 20-ти ноември, бидејќи постои опасност да не го добиете тоа на кое сте се надевале. Меѓутоа, непланираните трошоци за мајстори и поправките по дома тешко дека ќе можете да ги избегнете.

Девица

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година би требало да бидете исклучително внимателни каде одите, со кого се дружите, што им кажувате на оние што ги сметате за блиски. Посебно на социјалните мрежи. Бидејќи, тоа ќе биде начинот да се заштитите од манипулации и кражби. Но, ќе треба да бидете рестриктивни и со тоа што го кажувате пред браќата, сестрите и соседите, бидејќи нивните мотиви во комуникацијата со вас веројатно нема да бидат добронамерни. А, некои свесно ќе работат против вас. Имајте на ум дека она за што ќе се договорите со сестрите, браќата или соседите до 20-ти ноември, ќе биде прекршено од нивна страна поради некоја причина. Истото важи и за договорите на професионален план. Затоа, почекајте да помине 20-ти ноември, па тогаш ставете го својот потпис на важните документи или договори.

Исто така би требало да покажете зголемено внимание како учесник во сообраќајот, со што ќе ги избегнете и евентуалните казни за сообраќајни прекршоци, за поправка на автомобилот и слично. Но, под влијанието на ретроградниот Меркур би можеле да имате проблеми и со компјутерот, телефонот или при полагањето на испитите.

Вага

Вие сте луѓе со рафиниран вкус, за што се потребни многу пари. Меѓутоа, во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година постои опасност непријатно да се изненадите поради некои трошоци што не сте ги планирале ниту сте ги очекувале. А, се поврзани со местото на живеење, домот или со членовите на семејството. Но, непланираните трошоци би можеле да бидат резултат и на вашата желба за луксуз. Како и да е, би било мудро од ваша страна ако до 20-ти ноември се воздржите од давање и земање пари на заем, од непроверени инвестиции и ако ги испружите нозете само онолку колку што ви е долга чергата.

Имајте на ум дека некои од членовите на вашето семејство ќе се однесуваат претерано агресивно и неправедно кон вас и дека ќе ве разочараат. Но, позитивната страна од сето тоа ќе биде фактот што вие, конечно, ќе го видите нивното вистинско лице.

Шкорпија

Вие сте познати како промуќурни и самозатајни луѓе кои уживаат да ги откриваат туѓите тајни, како и работите што се кријат зад видливото. Одлични сте во детективската работа, како полицајци, психијатри, писатели, банкари, бизнисмени. Но, во зависнот од условите во кои сте растеле, би можеле да ве интересира и членството во таинствените организации и во подземјето.

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 ќе се раздразнувате од ситници и ќе бидете поагресивни од обично. Во суштина, луѓето ќе ви одат на нерви, а и вие ним. Како и да е, внимавајте како се однесувате и што зборувате пред другите, бидејќи тоа би можело да му пречи на вашиот имиџ. Не е пожелно да давате ветувања за кои не сте сигурни дека можете да ги исполните. Имајте на ум дека, ако се обидете да излажете или со манипулации да се спасите од одговорноста, таквата постапка подоцна поскапо ќе ве чини.

Стрелец

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година би требало како грне да вриете од лутина и гнев. Но, тоа нема да го покажувате јавно, бидејќи ќе мислите дека сте во предност пред другите додека успевате да тактизирате со чувствата. Притоа, нема да забележувате дека ви е тешко да се вклопите во секојдневната рутина и да го одржите чекорот со настаните кои ќе се менуваат како на филмска лента.

Всушност, често ќе се случува во важни моменти да бидете отсутни со духот, обземени од анализата на вашите постапки во минатото и од прашањата дали, каде и колку згрешивте? Обземеноста со мисли и неискажаниот бес би можеле да ви го намалат квалитетот на сонот. И можеби е добро што сонот нема да ви доаѓа на очи, бидејќи така ќе имате поголема будност да ги детектирате луѓето кои ќе ви работат зад грб. За да се заштитите од предавства отворете четири очи и проверете ја лојалноста на оние што ви се претставуваат како пријатели.

Јарец

Во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година, можеби ќе биде потребно да ги одложите вашите планови заради финансиски причини или ќе треба да направите драстична промена на приоритетите во својот живот. Вие сте по природа недоверливи и два пати мерите пред да кажете нешто пред некого. Посебно пред луѓето кои не го поминале вашиот тест на доверба. Овој пат е пожелно да бидете потаинствени и попретпазливи во комуникацијата со пријателите, со луѓето со кои членувате во ист клуб, организација или политичка партија. Бидејќи, постои опасност некој од нив финансиски да ве измами, да ве предаде или пак да бидете во зијан заради неговите постапки.

Имајте на ум дека, ако некој пријател или познаник се појави со примамливи понуди за вас, она што ќе ви личи дека е премногу добро да биде вистина, најверојатно и нема да биде вистина.

Водолија

Периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година ќе го доживеете како време исполнето со многу нервози и неизвесност. Меѓутоа, заради тоа што сте познати како отворени луѓе кои сакаат да ги шокираат другите со своето мислење, во овој период ќе биде попрофитабилно за вас ако го филтрирате она што им го кажувате на другите и ако потезите на професионален план и во јавноста ги влечете со голема доза на смиреност и старечка мудрост. Така ќе ги избегнете евентуалните штети што самите би можеле да си ги нанесете на кариерата. Посебно ако сте родени во втората и третата декада на вашиот знак.

Исто така, со цел да си го зачувате достоинството и репутацијата, не е пожелно да ги озборувате колегите и претпоставените, ниту да влегувате во спротивставени табори на работното место. Додека, ако потпишувате или испраќате некому некакви документи, отворете очи и на тилот, за да не се случи да потпишете нешто неповолно за вас или да испратите доверлива пошта на туѓа адреса.

Риби

Постои можност во периодот од 31-ви октомври до 20-ти ноември 2019 година да биде одложено некое ваше патување поради професионални или поради здравствени причини. Но, можно е да имате и проблеми на работното место заради некое патување или да се соочите со правна разврска на некоја ваша професионална активност. Исто така, можно е да имате компликации поврзани со патните документи, визите, да загубите багаж на патување во странство, како и да се соочите со проблеми заради непознавање на законот на земјата домаќин. Затоа, ако е неопходно да патувате, добро е сериозно да се организирате и информирате за законите на земјата во која ќе престојувате. Во спротивно, можно е да се соочите со правни проблеми.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби