In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ни претстои неочекувано среќен период

Објавено на 25.12.2019 во 11:55

Ни претстои неочекувано среќен период
 

(Затемнување на Сонцето, Соларна Еклипса, на 26 декември)

За големо чудо, ова Затемнување на Сонцето (Соларна Еклипса) би требало да ни донесе позитивни промени и еден, малку, посреќен период речиси за сите нас, во границите на онаа среќа што едно Затемнување може да ја донесе.

Зошто Затемнувањето овој пат ќе има позитивен предзнак?

Затоа што ќе биде на истиот степен на кој ќе се најде и Јупитер, планетата на среќата (4-ти степен од Јарец) и ќе биде во пријателски однос со Уран од Бик, кој секогаш носи непланирани пресврти и промени во животот. Со други зборови кажано, кога ќе ги собереме и двете влијанија, резултатот ќе биде изненадни среќни моменти и ситуации.

Секако, целата планетарна игранка ќе вклучува и претерувања од секаков вид, како што се претераното јадење, пиење, секс и претераните трошоци да се покрие сето тоа, бидејќи Јупитер ќе го води орото, а познато е дека тој нема чувство за мерка. Посебно кога се во прашање земните задоволства. Поради фактот пак што Јупитер зголемува се за што ќе се фати, ако вашата ситуација во моментот на Затемнувањето е добра, после Еклипсата би требало да стане подобра. Но и лошата ќе стане полоша. Кога ги знаеме овие закономерности на време, би требало полесно да одлучиме што сакаме. Потоа, да го одржиме својот позитивен став и со помош на поттикнувачките вибрации на Јупитер да издејствуваме посакуваното да стане наша реалност.

Влијанието на Соларната Еклипса ќе го чувствуваме во следните шест месеци. Но, ќе биде најсилно во следните месец дена. Па, многумина од нас по истекот на шесте месеци од моментот на Еклипсата, кога ќе се свртат наназад, ќе ја доживеат истата како невидлива сила која им го сменила животот од темел.

Во секој случај, Стелиумот планети во Јарец во мигот на Затемнувањето на Сонцето, и тоа во добар однос кон Уран во Бик, се гаранција за тоа дека што и да почнеме да работиме сега, успехот ќе биде неминовен. Па, дури и поголем отколку што сме се надевале и очекувале. Иако, заради фактот што Јарецот ги забавува работите, можно е реализацијата да се случи малку подоцна, со одложување. Во принцип, пожелно е токму во следните шест месеци да одиме на предавања и обуки кои би можеле да не остручат за некои нови професионални активности или да се консултираме со стручни лица околу водењето и ширењето на нашиот бизнис.

Соларната Еклипса најмногу среќа ќе им донесе на Јарците, Биковите, Девиците, Рибите и Шкорпиите. Посебно ако се родени во првите десет дена од владеењето на својот знак. Додека Овните, Вагите и Раковите ќе минуваат низ сериозни искушенија. Овните ќе имаат искушение во работата и во комуникацијата со авторитети. Вагите во семејните односи и со недвижниот имот. Раковите во бракот. Затоа пак, Јарците ќе се менуваат себеси и својот живот од корен. Биковите ќе имаат среќа во активностите поврзани со странство, законот и учењето. Девиците во љубовта и со децата. Рибите ќе ги сменат плановите за иднината и ќе имаат поддршка од пријателите. Шкорпиите ќе бидат силни на вилици, одлични во пишувањето и ќе ги подобрат односите со роднините. Близнаците ќе дојдат до идеа за подобрување на финансиската состојба. Лавовите ќе имаат среќни моменти на работа. Стрелците со парите. Водолиите во расчистување со минатото.

Со среќа нека ни се промените на сите

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби