In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ќе ја сретнеш својата судбина

Објавено на 23.07.2019 во 19:00

Ќе ја сретнеш својата судбина
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Ќе ја сретнеш својата судбина
на патот што си сакал да го избегнеш.
~ Карл Густав Јунг

 

„Туѓината пуста да остане, таа од либето ме раздели...“, го слушав плачниот глас на пејачката од радиото кое никогаш не се гасеше во мојот дом во периодот на моето детство и секогаш ја поистоветував таа туѓина со судбина, како жена замотана во црни лелееави алишта. Ја прашував мајка ми: „Мамо, што е тоа судбина?“ А, таа, смеејќи се на чудните прашања кои ми паѓаа на памет, се сеќавам дека ми рече: “Тоа е она што е речено да ти се случи кога си се родил.“

„А, кој го рекол тоа?“ продолжував јас.

„Е, ти се сакаш да знаеш. Кога ќе пораснеш само ќе ти се каже.“

И навистина ми се кажа кога започнав да ја проучувам астрологијата. Меѓутоа, мојот рационален ум не можеше да прифати дека судбината на еден човек не може да се избегне, како што провејува низ текстовите во старите астролошки книги. Затоа се дадов во години и години проучување и, од искуство во работата со луѓе, дојдов до заклучокот дека всушност карактерот на еден човек ја формира неговата судбина. Затоа, судбината се менува постојано како што се менува карактерот на човекот. Па, кај повеќето луѓе кои не работеле на осознавањето на себеси и на мотивите кои ги водат нивните постапки, судбината според хороскопот се одигрува прецизно како саат. Меѓутоа, кај луѓето кои многу работеле на себеси, судбината предодредена со раѓањето повеќе не важи. За нив важат правилата на повисоките духовни димензии.

А, дека она што го носиш во себе, дури и да не си свесен за тоа, кога-тогаш излегува на површина, покажува моето искуство со Масимо. Го запознав додека учев во Италија. Беше пријател на Еун Јунг, која пак беше девојка на мојот тамошен најдобар пријател Сандро. Паметам дека бевме пријатно изненадени кога дознавме дека имињата во нејзината култура значат цели поими и дека не може баш сосема точно да ни преведе што значи нејзиното име. Но, рече дека тоа најприближно би значело нешто како мила и приврзана со љубов. Како и да е, ние ја викавме само Еун. Таа студираше дизајн, како и уште многу нејзини сограѓани кои доаѓаа во Италија. А, Масимо беше нејзин пријател кој се занимаваше со манекенска работа. Но, повремено успеваше да најде ангажман и како фото-модел.

Не мора да кажувам дека тој беше убав, висок и исклучително мажевен дечко, кој беше свесен за ефектот што го остава на жените.

Во тоа време, астрологијата за мене беше само хоби кое го практикував во слободното време и никогаш, ама баш никогаш, ниту помислив ниту посакував да ми стане професија. Секако, тогаш се уште не знаев дека човек е најдобар во тоа што најискрено и најдлабоко го сака и дека каков си ти од внатре, тоа привлекуваш и во својот живот. Масимо го запознав една топла летна вечер на скалите на плоштадот, каде се собиравме ние што се знаевме од Универзитетот и додека чекавме да дојде време за одење во диско се дружевме, се шалевме, си разговаравме. Тогаш, за да си го направам чекањето поинтересно, им правев астролошки анализи на пријателите, па на нивните пријатели, па на пријателите на нивните пријатели и така до недоглед. Меѓутоа, тоа беше повеќе поради забава и тепање време додека дојде моментот за одење во диско, отколку што беше нешто сериозно. Луѓето беа фрапирани од моите сознанија за нив и на тој начин стекнав многу пријатели.

Масимо пак ме изненади со својата отвореност и скромност. Ни трага од некој возгордеан лепотан, како што го замислував пред да го запознаам. Всушност, тоа и не е толку чудно, бидејќи луѓето што знаат дека се убави, паметни и слично, тоа го сфаќаат многу природно и нормално. Се прават важни само оние кои не се сигурни во својот изглед и во своето знаење. Кога размислувам на оваа тема ми паѓа на памет асоцијацијата дека Сонцето, кога би било човек, не би знаело за својот сјај, сила и убавина. Тоа е Сонце од кога знае за себеси и го прави она што е во неговата природа, свети и грее. Само луѓето од страна можат да го видат неговиот сјај и да ја почувствуваат неговата топлина. Е, Масимо беше токму таков, некој што свети и грее, бидејќи тоа беше во неговата природа.

Кога се сретнавме јас, во неговите очи, веќе имав репутација на девојката што ќе му каже се за него, бидејќи така му имаше кажано Еун. Тој пак, како и секое машко, беше љубопитен да чуе што ќе му кажам, но се изјасни дека не верува во астрологија.

Бидејќи беше пријател на Еун, сакав неговата Натална Карта да ја направам на посериозен начин и му закажав средба за време на викендот. А, вечерта ја поминавме забавувајќи се и играјќи во диското. На крајот дури добивме на подарок и шише шампањ од менаџерот на диското за најубав пар на вечерта.

Кога ја изработив неговата Натална Карта само добив потврда дека се работи за приземен човек, вреден, одговорен, приврзан за семејството. Но, истовремено беше и човек што ги сака парите, што се плаши од сиромаштија и што има потреба од паметна жена со цврста рака која ќе биде столбот на семејството што би го оформил. Само едно нешто не ми се вклопуваше во сликата што веќе ја имав оформено за него после првата средба. Неговата Натална Карта покажуваше дека тој ќе се занимава со политика и тоа после пет години од тој миг и дека ќе биде газда на некоја трговска фирма, после некаде десеттина години. Ај, дека може да биде газда на некоја модна куќа, тоа ми беше некако логично. Само не верував дека има толку пари за тоа. Но, од каде манекен во политика? Тоа не ми беше јасно. Иако, во тоа време, низ Италијанскиот парламент веќе продефилираа ликови од типот на Чичолина и слични на неа.

Кога се сретнавме и кога му ги раскажував моите согледувања Масимо нервозно се смееше како човек кој сте го затекнале додека се облекува кога е гол. Тогаш почна тој да ми раскажува за себе, а јас слушав:

„Каков фото-робот си направила на жената што ја барам. Да, сакам паметни и образовани жени. Секој ден сум опкружен со убави манекенки. Ама никогаш не би се оженил со некоја од нив.“

Коментарот ме зачуди, па го прашав: „Зошто? “

„Затоа што се многу глупави.“

Кога го погледнав зачудено продолжи во знак на одбрана на својот став: „Не, тоа не се стереотипи. Сите манекенки кои ги знам се многу глупави. Се извинувам. Освен Карла Бруни. Таа е нешто друго. Останатите зборуваат само за диети, шминки, облека. Не знаат кој е главен град на Америка. А, па за твојата земја сигурно не ни чуле. Затоа, барам жена со која ќе можам да разговарам, со која ќе можам да подигам семејство. Дека сакам да имам многу пари, тоа е точно. Но, веројатно не знаеш, тоа не го знае ниту Еун, дека имам завршено една година на правен факултет пред да почнам со манекенската работа. Јас не планирам да учам понатаму. Во иднина се гледам себеси во бизнисот со мода. Ама мајка ми постојано ме преколнува да го завршам факултетот заради неа. Па, едно дете сум бил, па за мое добро и така. Меѓутоа, со политика не планирам да се занимавам ниту на сон. Ги презирам политичарите. Сите тие за мене се мафијаши.“

Вака некако заврши мојот разговор со Масимо. После тоа се гледавме секогаш кога беше во градот. Јас се вратив во Македонија. На почетокот почесто се допишувавме со Сандро и Еун. Тоа беше време кога користењето на мобилните телефони беше во зародиш, а разговор на фиксен телефон со странство чинеше богатство. Но, како времето поминуваше, писмата и разгледниците беа се поретки и поретки. До еден ден кога на домашниот број ме побара Масимо. Ми кажа дека бројот го добил од Еун, да не се вознемирувам дека се е во ред. Ме барал да ми се пофали дека го завршил факултетот за да ја задоволи мајка си. Но, дека тоа било во година на избори, дека некој пријател од факултетот го наговорил да пристапи во неговата политичка партија, дека таа партија победила на изборите и дека сега е вработен во некоја владина институција.

„Дури пред некое време, откако се средив, ми текна дека ти ми го предвиде тоа, ама не ти верував тогаш. Всушност, некои луѓе, посебно оние од модниот бизнис, не можат уште да поверуваат во кои води запливав. Ете излезе по твое. Фала ти. Кога ќе доаѓаш наваму ќе бидеш мој гостин. А, јас ќе те барам кога ќе ми требаат твоите совети.“

Подоцна, од Еун дознав дека се оженил. Но, не за образована и убава девојка како што самиот сакаше, туку за некоја сосема просечна личност, без високо образование.

„Можеби Ливиа не е некоја лепотица и работи како секретарка. Нема завршено факултет. Но, доби стан и кола како свадбен подарок од татко и. Па, мислам дека тоа пресуди кај Масимо да ја побара за жена“, ми ги кажуваше своите размислувања Еун. „Знаеш, Италијаните се љубоморни мажи. А, тој виде многу неубави работи што ги правеа неговите колешки манекенки. Па, можеби сакаше да биде помирен со жена која не го привлекува толку туѓото внимание.“

Приказната на Масимо не е завршена и се уште успешно трае. Како што му реков, по десет години започна свој бизнис со трговија. Задоволен е. Постојано патува во странство. Има складен брак и две деца. Доволно да го победи неговиот страв од сиромаштија. Барем јас така мислам. А, неговата животна приказна има допирни точки со една поучна приказна која оди вака:

Познат стручњак на полето на човечките ресурси држел предавање. По уводниот говор, тој зел еден портокал од чинијата за овошје и со таинствен тон ја прашал публиката:

„Ако со цела сила го стиснам овој портокал, што мислите, што ќе излезе од него?“

Една млада девојка од првиот ред дофрлила:

„Какво ви е тоа прашање? Па, се знае. Ако стиснете портокал, тогаш од него може да излезе само сок од портокал. Ништо друго. А, да. И по некоја семка.“

Стручњакот потврдил: „Точно. Тоа е одговорот на моето прашање.“

А, сега, драги пријатели, ако ја прошириме оваа метафора и ако замислиме дека некој нас не стиска на истиот начин. Да не стиснат, на пример, нашите проблеми, грижи, стравови. Некој да не озборува, да не навреди, да ни нанесе болка, да не изневери. Што ќе излезе тогаш од нас? Бес, омраза, презир, страв, лутење, злоба? Во прв момент сигурно би си помислиле дека тоа што излегува од нас е предизвикано од тоа што некој ни го кажал или направил. Но, вистината е дека она што ќе излезе од нас е она што веќе го имаме во себеси. Од портокалот не може да излезе сок од јаболко. Така е и со секој од нас. Кога сме под притисок, од нас секогаш ќе излегува само она што го имаме во себеси.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби