In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Објавено на 24.09.2020 во 09:49

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
 

„Што е твое, ќе си дојде“, овие зборови ме потсетуваат на детството и на повозрасните жени во мојата околина кои со сигурност во гласот ја повторуваа оваа реченица кога некому му се случуваше нешто лошо или кога ништо не му се случуваше. Во тоа време, јас сметав дека ваквото убедување е само манифестација на нивната немоќ и помирување со случувањата.

Животот и искуството, за среќа, ме демантираа и го потврдија непишаниот закон дека Господ има план за секој од нас. Но, како да препознаеме што е наше и како да бидеме сигурни дека тоа што ќе дојде е она вистинското, наменето само за нас?

Како прво, можеме да се потпреме на гласот на нашето срце. Но, срцето од желба за љубов, среќа и благосостојба честопати умее да згреши и да не соедини со луѓе и ситуации за кои подоцна ќе жалиме дека воопшто сме ги сретнале и доживеале.

Можеме да го слушаме нашиот разум. Но, тој е толку немирен, постојано мери и премерува, не споредува со другите на наша штета, се окупира со непотребни работи и детали, забегува. Така што по кусо време се чувствуваме заморени од таа виша математика, уште подезориентирани, додека срцето ни останува празно и разочарано.

Некои велат дека вистината се наоѓа на полпат меѓу срцето и разумот. Но, на кој начин да измериме и со кое средство каде точно се наоѓа таа средина?

„И што е решението?“, сигурно во овој миг се прашувате, драги мои. Решението се крие во сознанието дека секоја личност и случка во нашиот жиот е таму, бидејќи токму такво нешто во тој момент ни било потребно. Да не заборавиме дека Господ никогаш не греши. Па, ни испраќа токму одредени луѓе и ситуации кои ни се потребни на патот на нашиот развој. Дури и кога луѓето што ги среќаваме и ситуациите што ги доживуваме се негативни и не повредуваат. Секој е тука со своја причина. Некои луѓе се наши лекции, а некои островца на кои се одмораме и уживаме до следната борба и до следната лекција. Но, има и такви, додуша многу ретки, кои ни служат како светилници што ни ја покажуваат насоката по која треба да се движиме.

Значи, ние секогаш постапуваме исправно, дури и кога грешиме. Бидејќи, како ќе знаеме да го цениме доброто ако претходно не сме искусиле нешто лошо, ако не сме направиле погрешни избори, ако не сме се изгореле?

Ние постапуваме исправно, дури и кога грешиме. Оваа констатација прави да се чувствуваме полесно и не исполнува со благодарност уште во истиот момент кога ја помислуваме.

Е сега, доаѓаме до поентата:

Сите кои имаат животно искуство веќе знаат дека кога покрај нив се наоѓа вистинскиот човек, партнер или пријател, тоа веднаш се чувствува. Покрај таквите луѓе чувствуваме внатрешен мир, имаме впечаток дека сме си дошле дома, дека сме сигурни, дека немаме потреба да бараме нешто друго и дека можеме да бидеме тоа што навистина сме. Само на луѓето кои предизвикуваат да се чувствуваме на овој начин вреди да се дадеме себеси, својата љубов, своето време, својот живот.

За крај ќе кажам дека сите ние сме туристи, а Господ е туристичкиот водич на патувањето наречено живот. Тој ја знае рутата, ја знае крајната дестинација и ги контролира условите на патот. Дури и кога патот е опасен. Ние само треба да имаме верба дека ќе го најдеме она што е идеално за нас. Тогаш ќе ги направиме и вистинските избори. Бидејќи оние кои чекорат со Господ секогаш стигнуваат на целта.

И најважното:

Пожелно е да научиме нешто од сето она што ќе го видиме и доживееме на нашиот пат.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби