Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 11.06.2021 во 08:49
|
Како да го натераме ретроградниот Меркур да работи за нас?
Американците често ја користат поговорката која вели: „Ако животот ти даде лимон, тогаш направи лимонада“. Со тоа сакаат да кажат дека и во неубавите ситуации може да се најде нешто убаво и дека, дури и кога ни се чини дека сме губитници, би можеле да ја смениме нашата позиција во добитничка, само ако го смениме начинот на кој ги гледаме работите. Е, ајде сега ова правило да го примениме на нашиот случај, кога станува збор за негативното влијание на ретроградниот Меркур. Како прво, треба да го познаваме противникот за да можеме да се носиме со него. Нели е така драги мои? Е, па првото нешто што треба да го знаеме за нашиот противник, за брзиот и палав Меркур, е дека до 22 јуни тој ќе биде ретрограден. А, во својата сенка ќе остане до 7 јули. Инаку, Меркур, во митологијата, бил гласникот на Боговите. Оттаму, астрологијата го смета како планета која владее со рационалниот ум, сите видови на комуникации и говорот. Тој е покровител на трговијата, пишувањето, сообраќајот. Кога тој се движи нормално, директно, ја поттикнува работата на рационалната страна на умот, левата хемисфера, која работи линеарно и некако предвидливо. Бидејќи, рационалниот ум не е задолжен за интуицијата и визионерските идеи. Затоа пак, кога Меркур е ретрограден, рационалниот ум е во конфузија. А, за сметка на тоа, несвесната страна на нашиот ум, со кој раководи десната хемисфера на мозокот, ги има своите пет минути. Што сакам да порачам? Би сакала да ви кажам дека периодот до 7 јули, а посебно до 22 јуни би требало да го искористиме на следниот начин: 1. Би требало да се обидеме, како трет човек од страна, да го согледаме процесот на нашето размислување. Да се потрудиме да сфатиме на кој начин низ нашиот ум, како низ филтер, минуваат разните информации, слики, мириси и звуци и како тој потоа ги претвора во асоцијации, сеќавања, убедувања, идеи. Ако прашувате зошто е ова потребно? Затоа што нашите мисли ја креираат нашата иднина. Па, ако умееме да ги препознаеме обрасците како тие се формираат, ќе умееме да ја смениме или барем контролираме иднината. 2. Во периодот кога Меркур е ретрограден, кога рациото е грогирано, би требало да биде посилна нашата интуиција. Бидејќи, ако за Меркур „Тertium non datur“ (Или е вистина или лага, трета можност не е дадена), за интуицијата се е можно. Но, иако секој од нас ја поседува, таа е заспана додека не поработиме на нејзиното будење. А, сега е вистинското време за тоа. 3. Во периодот до 7 јули, би можеле да имаме чудни соништа со архетипски симболи, чие што значење би требало самите да го откриеме. Бидејќи Меркур се наоѓа во Близнаци, симболите би можеле да бидат поврзани со сообраќајните средства, книгите, училиштата, роднините, браќата, сестрите, комуникациите, преговорите, договорите, купувањето, продавањето, вистините и лагите. Па, дури би можеле да бидат и визионерски. Ако прашувате: „Зошто?“ Затоа што визиите не можат да произлезат од рационалниот Ум туку само од нешто поголемо, од Повисокиот Ум. Но, потребно е да имаме антени со кои истите ќе ги уловиме, додека рационалниот ум спие. Ајде, тогаш на работа. Треба да ги наштелуваме нашите антени и да ги поставиме во вистинскиот правец. И што е најважно, ајде да уживаме во тој процес. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Многу сум задоволна. Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
” Ана, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|