In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Љуби, љуби, ама глава не губи

Објавено на 05.07.2021 во 01:15

Љуби, љуби, ама глава не губи
(6 работи што не смееме да ги направиме за ниеден маж)
 

Не постои човек на Земјата кој нема проблем, драги мои. Е сега, некои проблеми се поголеми, некои помали. Некои нам ни се чинат големи иако такви не се. Но, за секој од нив постои барем едно решение. За секој, освен за смртта. А, и смртта не значи крај, туку повеќе претставува поминување од една во друга форма на постоење, како кога човек поминува од една во друга одаја и во секоја гледа нешто друго и треба да научи нешто ново.

Нејсе. Мојот животен повик, не велам работа оти работата подразбира напор, е таков што постојано разговарам со луѓето за нивните проблеми. Всушност, јас не ги нарекувам проблеми туку искушенија. Бидејќи, проблемот е повеќе товар, а искушението предизвик. Од она што го знам, после искушенијата поврзани со здравјето, најтешки се оние поврзани со љубовта.

Знаете зошто?

Затоа што сите ние копнееме за љубов. Но, некои од нас, се подготвени да направат и најголемите глупости само, барем за миг, да се почувствуваат сакани и посакувани. Всушност, повторно да ја почувствуваат вечноста од која се избркани во мигот кога се родиле на Земјата. И тоа е во ред. Љубовта тоа и го заслужува. Но, има една „закачка“, вистинската љубов тоа не го бара. Бидејќи љубовта никогаш не нѐ напушта. Таа е во нас. Само што ние одредуваме кои работи треба да ги задоволи една личност за да си дозволиме да ја ослободиме љубовта од нас, да се вљубиме, да љубиме.

Е сега, ако сакаме да љубиме, а глава да не изгубиме, ни во лудило не смееме да ги направиме овие работи, за ниеден маж на светот:

  1. Да се откажеме од своите соништа
    Имајте секогаш на ум дека оној што навистина не сака ќе не поддржува во остварувањето на нашите соништа. Оној што не спречува е љубоморен, посесивен, има чувство на помала вредност или мисли само на својот комодитет и сака да бидеме во негова функција. Но, не да бидеме самореализирани и задоволни со себеси. Добро е да знаете дека вашите соништа најчесто би можеле им бидат проблем на мажите Јарци, Шкорпии, Девици, Лавови.
     
  2. Да наоѓаме оправдување за неговото однесување
    Оправдувајќи ги глупостите што Тој ги прави, од една страна, се самозалажуваме себеси дека сме партнери, дека го штитиме и дека сме на негова страна. Но, вистината е дека така само губиме време, бидејќи Тој нема да се смени. Уште полошо е тоа што, со оправдување на неговите глупости, го поддржуваме да продолжи и понатаму да ги прави. На ова обратете посебно внимание ако имате партнер Стрелец, Овен, Водолија, Близнаци.
     
  3. Да му купуваме скапи подароци
    Ова правило најмногу важи на почетокот на врската. Знаете зошто? Бидејќи никогаш нема да ви биде јасно дали Тој е со вас затоа што ве сака или затоа што го сака вашето внимание и вашата финансиска поткрепа. Посебно ако е роден во знакот Лав, Јарец, Бик, Рак, Вага.
     
  4. Да го финансираме
    Ова никогаш, ама баш никогаш и со никого не смееме да го правиме, ако не сакаме да привлечеме паразит кој ќе живее на наш грб. Всушност, на овој начин, биле ние свесни или не, го инвалидизираме нашиот партнер, му го поткопуваме достоинството, несвесно го кастрираме. Па, по некое време, Тој ќе започне да не доживува како агресор, во најмала рака како грижлива мајка, и ете ни причина за проблеми во Рајот. За да не дојде до тоа, треба секогаш да му бидете поддршка на вашиот сакан, ама не и негов спонзор. Секако, само доколку сакате со него да бидете поради љубов. А, посебно ако вашиот партнер е роден во знакот Риби, Близнаци, Водолија и Рак.
     
  5. Да го промениме изгледот бидејќи Тој сака
    Тоа е сигнал дека не нѐ прифаќа. Бидејќи, ако не нѐ сака онакви какви што сме, нема да не сака ниту со изгледот кој тој го бара. Да, можеби ќе чувствува страст кон нашиот нов изглед на почетокот, но таа страст за кусо време ќе исчезне, а љубов никогаш нема да се појави. Со вакво искушение најчесто ќе се сретнете ако се вљубите во некој Лав, Девица, Вага или Шкорпија.
     
  6. Да ги симнеме своите критериуми
    Ова е можеби најважното од се што е до тука набројано. Бидејќи, намалувајќи ги критериумите само од пуста желба да вклопите некого во улогата на ваш партнер, вие се лажете себеси. На крајот обично се покажува дека неговиот максимум не се поклопува ниту со вашиот минимум.
     

И тоа е тоа. За крај, би ви порачала да не ги повредувате невините со цел да ги казните виновните.

Ако ме прашувате: „Кој е невин?“

Ќе ви речам: „Вљубените.“

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби