In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Зошто лоши работи им се случуваат на добри луѓе?

Објавено на 25.08.2021во 10:23

Зошто лоши работи им се случуваат на добри луѓе?
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Само духовите од прва категорија ја читаат природата во оригинал. Пониските духови можат да ја читаат само преведена на човечки јазик.“

~ Кнежевиќ

 

Ех, само кога би го знаеле одговорот на прашањето: „Зошто лоши работи им се случуваат на добри луѓе?“, драги мои, многу нешта во нашите животи ќе ни беа полесни. Побрзо ќе ги прифаќавме одлуките што сакаме да ги избегнеме. Mногу случувања и постапки на другите луѓе кон нас немаше да ги гледаме како неправда. Па, дури и текот на светските настани немаше да ни изгледа толку нелогичен и несправедлив.

Но, малку е еден живот за да ги согледаме последиците, тие реакции со кои одговара Универзумот, на нашите постапки, избори и поведение. За таа цел потребно е на иста ниска да се нанижат неколку животи, како што се редат камењата по патот на кој чекориме кон вечноста.

Дека сите ние сме поврзани во една поголема шема на интеракции која не успеваме да ја сфатиме, жив доказ ми е случајот со Силвана. Разговорот на нашата средба започна вообичаено, за времето, за снегот, за парното и слични работи, онолку колку што е потребно да се скрши мразот при запознавањето за да можеме понатаму да оствариме подобра комуникација. Во ред. Јас веќе дознав доволно работи за неа во процесот на изработка на нејзината Натална Карта. Но, таа требаше да стекне доверба во мене.

Силвана по ништо не отскокнуваше од средината. Бринета со средна височина и нормално развиено тело запакувано во формална облека, која беше дел од дрес кодот на институцијата во која работеше. Имаше завршено факултет на време, беше омажена и, судејќи според показателите во нејзината Натална Карта, една година пред оваа наша средба таа требало да помине низ некаков шокантен настан на план љубов или деца.

„И едното и другото се случи, токму во февруари 2018, како што кажуваш“, ги потврди Силвана моите согледувања. А, потоа ме погледна со прашален изглед на очите, како да бара охрабрување да продолжи понатаму со нејзината приказна.

„Навистина?“, прашав јас, повеќе како начин да го продолжам разговорот во тој правец, отколку како барање потврда на она што го кажав. „Што се случи?“

„Ех, долга е приказната. Ама ај, ќе пробам да ти го кажам само најважното. Значи, по неколку години брак во кој не можев природно да забременам, со маж ми се договоривме да направам инвитро. Внимавај, колку што јас сакав дете, толку и тој. Беше тоа заедничка желба. По неколку обиди останав бремена и тоа со близначиња. Супер, две во едно. Со едно гајле ќе си израснам две деца, си мислев. Меѓутоа тој тогаш се смени. Му пречеше мојот стомак кој растеше, не сакаше да спие до мене, бегаше од заедничкиот кревет. Па, дури и апла ми рече дека му пречат децата што се наоѓаат во мојот стомак.“

„А, ти како реагираше на ваквото негово однесување? Со полудени хормони поради бременоста сигурно си го доживеала уште пострашно отколку што би го доживеала во нормални околности?“, се обидов да и влезам во положението јас.

„Па, не толку страшно. Само сакав да се породам, да се ослободам од тежината. А, и мислев дека друго ќе биде откако ќе ги види децата, откако ќе воспостави контакт со нив“, објаснуваше Силвана. „Сега сум убедена дека децата во стомакот чувствуваа дека не се сакани“, продолжи таа. „И затоа едното се откажа од животот. Го загубив уште во текот на бременоста. Имав спонтан абортус. Додека тоа што го износев до крај, се роди со Даунов синдром.“

„Аууууу...Навистина тешко. Сочувствувам со тебе“, се надоврзав јас. „Но, зошто имам впечаток дека ми зборуваш како за нешто што веќе не постои?“, прашав јас потсетувајќи се на тоа што го видов во нејзината Натална Карта и стрепејќи од одговорот.

„Затоа што тогаш кога ми кажа, во февруари 2018, го загубив и тоа дете. Но, во тие речиси три години додека беше дел од мојот живот, и Дамјан и јас, Дамјан се викаше син ми, доживеавме вистински пекол. Маж ми не можеше да го смисли. Стана премногу агресивен. Дури и ликот му се смени. Добиваше некаков ѓаволски израз кога го гледаше детето. Ме тераше да се ослободам од него, да го однесеме во некоја Институција за деца со посебни потреби. Јас пак, гледајќи го со каква омраза го гледа, се плашев да го оставам сам со него, бидејќи имав впечаток дека ќе го задави. Дури и еднаш го затекнав во чудна позиција со рацете над вратот на детето. И така, бидејќи не можев повеќе да го издржам секојдневниот притисок, ние се разделивме и разведовме.“

„Па добро, тој и онака не ти бил од некаква корист. Но, што се случи со Дамјан?“, сакав да ја дознаам вистината.

„Со Дамјан имавме некој посебен однос. Се разбиравме со поглед. Тој не зборуваше, ама имаше поглед на стар човек кој се знае. Многу го сакав. Мнооогу. А, и тој мене. Не можам тоа да го објаснам, но меѓу нас имаше силен флуид, некаква необично цврста врска. Мислам дека беше поцврста отколку кај другите мајки и деца. Не знам дали си чула, ама ваквите деца се почувствителни на болести? Па, зимата 2018, тој многу се разболе. Имаше воспаление на белите дробови и морав да го однесам во болница. Мене не ми дозволија да останам покрај него, иако инсистирав. Доаѓав да го видам два пати дневно. Но, фати викенд. Лекарите се распиштолија и да скратам, поради нивна негрижа, Дамјан почина. Добро, јас знаев дека тој секако ќе живее покусо отколку останатите деца, ама не толку кратко.“

„Кажи ми го неговиот датум на раѓање, да проверам што се случило?“, побарав јас. И кога ги споредив податоците на Дамјан со оние на Силвана, имав што да видам. Таа во минатиот живот поминала тешки години во прогонства и војни. А, Дамјан бил нејзиниот постар брат кој бил нејзин грб. Ја сакал и ја штител. Таа му врати за тоа на тој начин што, во овој живот, го штитеше од нечистите идеи на нејзиниот сопруг и како лавица се бореше за неговото добро.

Меѓутоа, Дамјан, во тој живот, убил многу свои непријатели и така направил тешка карма која, во овој живот, требаше да ја плати со ментална блокада и болест. А, бидејќи убиствата не беа направени од алчност, туку во самоодбрана и во одбрана на честа, неговата рана смрт беше само убрзување на процесот на враќање на кармичкиот долг и ослободување на душата која ќе може побрзо да се прероди во друго тело.

Тука и двете замолкнавме. Во тој миг ми падна на памет една идеја и прашав:

„Силвана, кажи ми ги податоците на твојот сопруг? Ме интересира дали постои некаква врска меѓу него, тебе и Дамјан? Љубопитна сум да видам дали сите вие се знаете од некој минат живот?“

Како започнав да ги споредувам нивните податоци, така почнаа да ме подлазуваат морници по телото и да ми се поткреваат влакната на кожата.

„Секако дека да. Требаше да претпоставам“, констатирав јас гледајќи ту во нивните Натални Карти ту во неа. „Твојот бивш сопруг во минатиот живот бил жена, која била вљубена во твојот брат. Значи, била вљубена во Дамјан од таа инкарнација. Но, таа жена била многу љубоморна, а твојот брат не планирал ништо сериозно со неа. И во една кавга меѓу нив двајца, тој ја задавил.“

Тука запрев со зборувањето. Едно време се гледавме очи в очи додека ги поврзувавме настаните од минатото со овие од сегашноста како што се поврзуваат котелците со нов конец во скинатите плетенини. И полека пред очи ни излегуваше целата слика. Таткото кој во овој живот го мрази своето дете, во минатиот бил жена убиена од неговите раце. И Силвана, која во минатиот живот била негова сакана сестра, сега е пожртвувана мајка. Немаше неправди, немаше жртви, немаше убијци. Само протагонисти во едно непрекинато причинско-последично битисување. И љубов која трае, во различни облици, во сите инкарнации. Сега се беше јасно. Завеста се спушти. Настапи мир.

Без да сакам, кога размислувам на оваа случка, пред очи ми излегуваат сликите на една емотивна приказна што ја имам прочитано одамна. Имено, во едно студено утро се родило девојче со бројни здравствени проблеми. Лекарите не биле убедени дека тоа ќе преживее. И давале само 10% шанси за живот. Велеле дека дури и ако ја преживее ноќта, сигурно цел живот ќе има сериозни здравствени последици. Ги советувале родителите да не ја допираат ниту бакнуваат, бидејќи е премногу мала и слаба и би можеле да ја повредат на тој начин.

Родителите немале што друго да прават освен фатени за раце да му се молат на Господ: „Господе, прегрни ја нашата мала Ана така да може да ја почувствува целата наша љубов...Господе прегрни ја нашата мала Ана...“ И така, по некое време, Ана, зад стаклата на инкубаторот, започнала да мрда. Со секој ден станувала се поцврста и родителите можеле да си ја земат дома.

Поминале пет години. Ана пораснала во ведро девојченце без никакви знаци на какво било ментално или физичко нарушување. Еден топол есенски ден, Ана седела во скутот на мајка си на една клупа во блискиот парк, постојано дрдорејќи за се и сешто. Во еден миг таа ја стиснала раката како некого да прегрнува и ја прашала мајка си: „Мамо чувствуваш ли?“

Мајката го почувствувала мирисот на дожд во воздухот и рекла: „Да, наскоро ќе има дожд, мила.“

Ана ја дигнала главата и извикала: „Не, мамо! Не! Мириса на него. Мириса како кога дедо Боже те гушка.“ Тогаш мајката сфатила дека додека семејството здушно се молело за малата Ана во инкубаторот, Господ навистина бил Тој кој ги исполнил нивните молитви.

По оваа трогателна приказана, драги мои, ми останува да ве потсетам дека во секое дете, во секој од нас додека сме биле деца, останал запечатен мирисот на Бога. Тој е оној мирис по кој бебињата се препознаваат и се разликуваат од возрасните.

Се прашувам, зошто толку брзаме да го избришеме?

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби