Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 14.09.2021во 21:51
|
Кога ќе го преспиеш животот
(Вистинска приказна од мојата пракса) Секое утро ние имаме два избора, да продолжиме да спиеме и сонуваме или да се разбудиме и да работиме на успехот. Имам забележано една појава, драги мои, која се повторува во речиси сите случаи што ги знам. Па, затоа сметам дека тука постои некое правило, да не речам закон. Веројатно сега се прашувате за што станува збор? Станува збор за една појава која се случува во односот меѓу мајките и нивните синови. „Ехеее...“, ќе речете, „Па, познато е тоа!“. Да, познато е дека мајките се послаби кон своите синови отколку кон своите ќерки, барем на овие простори, и тие за нив би направиле се. Но, јас сум забележала и нешто друго. Сум забележала дека во семејствата во кои жената рано останала без маж, поради негова смрт, развод, како и во семејствата каде што мажот бил слаба личност, алкохоличар и слично, тогаш жената прави ненормално блиска врска со еден од синовите. Па, беспоговорно му угодува на тој син, спремна е за него да стане од сон по полноќ за да му го подготви омиленото јадење, насекаде оди со него, па дури и на кафе кај пријателките, го брани и кога тој прави работи кои не се за бранење, на секаков начин се труди да го оддалечи од девојките во неговата околина. Ако станува збор за поинтелигентна жена, тогаш таа се труди да ги претвори во свои пријателки девојките со кои синот се дружи или контактира и од нив потоа да црпи информации за неговото однесување надвор од дома. Ако е поимпулсивна, тогаш му зборува на синот мајкин што се лошо чула за оваа или онаа девојка, која ја чувствува како потенцијална опасност по себеси. Прашувате: „Зошто тоа го прави?“ Па секако, уплашена е дека ќе го загуби приматот во животот на својот син и дека еден ден би можела да остане сама. Аха, значи доаѓаме до сржта на проблемот: тоа е стравот од осаменост. Посебно во староста. Токму за еден ваков однос меѓу мајката и синот зборува оваа моја приказна. Драган го запознав преку една пријателка на моја пријателка во времето кога астрологијата ми беше хоби и ја практикував како начин да го утепам времето додека не најдам „сериозна“ работа според образованието. Прво бевме излезени во „живот“, во неколку од тогаш актуелните кафулиња, каде се забавуваме речиси до мугри. А, следниот ден бев поканета кај него дома на кафе и, се разбира, на ѕиркање во неговата Натална Карта. Драган беше апсолвент на економски факултет, барем самиот така тврдеше, а јас немав причина да не му верувам. Имаше просечен изглед, ниска градба, тесни раменици, малку нагласено стомаче и незаситен интерес кон езотеријата и граничните подрачја на науката. Го собираше „Треќе око“, сакаше да се дружи со ексцентрици од секаков вид. Па, дури, на оние кои не го познаваа, се трудеше да им остави впечаток како и тој да поседува некоја натприродна моќ. Затоа, некогаш се претставуваше како експерт за радиестезија (работа со висок), друг пат како специјалист за гледање во шолја кафе, на понаивните им глумеше дека е видовит и така, како во комунизмот, секому според потребите. Живееше со мајка му. Татко му беше починат, а сестра му беше омажена за некој нашинец во Канада. Кога отидов на закажаната посета кај него дома на врата ме пречекаа тој и мајка му. Тој, како што ви го опишав. А, мајка му беше една многу мила и топла жена, постојано насмеана, срдечна, широкограда, но ненаметлива. Со сите атрибути што ги поседува една мајка во бајките. Тука е да ти го направи животот полесен и поубав, но имаш впечаток дека си сам и слободен. Такви мајки во денешно време се изумрена категорија. Таа веднаш ни свари кафе и додека ние си ги вртевме шолјите и си погодувавме дали знакот во мојата шолја повеќе личи на срце или на солза, тетка Магде ни правеше палачинки. Никогаш не ја мрзеше, во кое било време од денот и ноќта, да скокне од троседот и да ни направи нешто за јадење или пиење. Ви велам, душа од жена, идентична на описот за мајките во бајките. Наталната карта на Драган го опишуваше како фантазер кој умее толку да се убеди себеси во своите фантазии што на другите им делува веродостојно дури и кога кажува лаги и будалаштини. Го покажуваше и односот со мајка му и неговата нереална претстава за цел женски род која ја стекнал преку таквиот однос. И така натаму и така натаму. Горе - долу, Наталната Карта на Драган покажуваше се што јас можев со голи очи да видам дружејќи се со него. Само една работа, барем за мене, беше неочекувана и навистина бомбастична. „Знаеш ли дека би требало да бидеш богат човек. Мноооогу богат. Нема таков богат во Македонија за да ти споредам колку е тоа“, му кажав јас, среќна дека можам да соопштам толку убава вест. „Еве, нешто на пример како Оназис“, продолжив, бидејќи пред дваесет и пет години никој не знаеше за Бил Гејтс или можеби тој не беше толку богат. Додека Илон Маск веројатно сеуште беше на факултет или нешто слично. „И парите ќе ти доаѓаат паралелно од повеќе извори“, настојував да бидам попрецизна. „Знам. Ти си трета која ми го кажува ова“, самозадоволно ми возврати Драган, вовлекувајќи еден долг дим од муштиклата на која беше монтирана цигарата, наводно за помалку да биде штетна за неговото здравје, а всушност, за да изгледа понеобично во очите на набљудувачите. „Навистина?“, бев изненадена јас знаејќи дека ваква информација немало од кого да дознае. „Кои се останатите двајца?“ „Една видовита жена од Сараево која доаѓаше на Арка-фест. Знаеш, тоа беше саемот за алтернатива кој гостуваше во Скопје, не знам која година беше тоа? Можеби 1989 или 1990. И една пријателка од Ниш која гледа во тарот карти.“ „Хм, за видовитата не знам, иако не верувам дека постојат такви луѓе. Интуитивни, да. Добри психолози, исто така, да. Ама видовити? Т’нка работа. А, таротот воопшто не го сакам, бидејќи знам дека работи со сомнителна енергија и знам примери кога им донел лоши настани во животот на луѓето што се занимаваат со него. Ама добро. Во ред е ако истата информација ти доаѓа од три различни, меѓусебно независни места. Сега е само ред на тебе да го завршиш факултетот и да почнеш некој бизнис.“ „Да, да, веќе регистрирав фирма. Па, ќе видиме што ќе биде“, ми потврди Драган. Поминаа многу години од овој муабет, исто како што ластовиците се повеќе заминуваат од овие краишта на југ и никогаш не се враќаат. Јас, од време на време, се среќавав со Драган. Тоа секогаш беше кај него дома и секогаш зачинето со прекрасните специјалитети на тетка Магде. Во меѓувреме тој се ожени со личност која на никаков начин не му одговараше, па дури ни астролошки. Но, јас за тоа си молчев пред него, како секој професионалец, обидувајќи се да воспоставам коректни односи со жената со која тој решил да го помине остатокот од животот. Никогаш не се вработи, а секогаш раскажуваше некакви грандиозни планови за отпочнување бизниси кои носат мноооогу пари. Се опкружи со луѓе кои сонуваа за лесна заработка. Секојдневно вртеше низ неколку кладилници во градот како да оди на работно место. Со восхит раскажуваше за луѓето кои таму ги запознава, а кои, наводно, имаат разработени системи со кои постојано добиваат премии. Кога се чудев како може да издржи да седи дома и кога го прашував зошто не си најде некоја работа, ми одговараше дека не може да работи од 8 до 4 за ситна боранија. Многу пати му ги кажував периодите кои се одлични да започне некој бизнис, му сугерирав да почне од нешто ситно, па дека со упорна работа, тоа ќе го донесе до нешто покрупно, но ништо од моите совети. И по многу години безделничење тој еден ден ме праша: „Добро, не ми е јасно каде се тие големи пари за кои сите ми зборувавте? Зошто не се случија? Да не има некое ограничување? Да не ми се сменила кармата? Да не има некоја грешка во мојот час на раѓање?“ „Не знам дали има грешка, но како можеш да очекуваш дека ќе добиеш пари кога не го уплати ливчето за лото?“, алудирав јас на вицот за Шкотланѓанецот што го молел Бога да му се паднат пари на лото, но не уплатил тикет. На моето прашање тој збунето ме погледна, не сфаќајќи ја веднаш метафората што сакав да му ја кажам, затоа морав да бидам директна: „Сакав да кажам: „Што направи ти за да се исполни потенцијалот од твојата Натална Карта? Дали најде работа? Колку напорно работиш на нешто реално, а не само да сонуваш?“ Беше разочаран од тоа што го слушна, ама упорен во намерата: „Јас и понатаму ќе продолжам да сонувам“, ми одговори. И навистина. Тој и ден денес продолжи да сонува. За Драган и за сите како него, ќе ја раскажам приказната која е мој одговор на нивните неостварени соништа: Џони имаше шест години кога полицијата го запре автомобилот на татко му поради пребрзо возење. Татко му во возачката дозвола стави 20 долари. Кога продолжија со возењето без да платат казна, татко му само рече: „Во ред е сине. Тоа сите го прават.“ Кога Џони имаше девет години мајка му го однесе во театар. Човекот на билетарницата им рече дека билетите се распродадени, додека мајка му не му тутна в рака 5 долари. Кога влегоа во театарот само му рече: „Во ред е чедо. Тоа сите го прават.“ На петнаесет години Џони играше во рагби тимот на своето училиште. Тренерот му покажа како да го потегне противничкиот играч за дрес, а судијата да не види. „Во ред е дечко“, рече тренерот, „Тоа сите го прават.“ Кога имаше шеснаесет години, за време на летниот распуст работеше во една бакалница. Негова задача беше презреаните малини да ги става на дното на кутиите, а добрите, кои се гледаат, да ги реди на врвот. „Во ред е момче“, му рече газдата, „Тоа сите го прават.“ На осумнаесет години Џони и неговиот другар од соседството конкурираа за стипендија на еден факултет. Џони беше слаб ученик, додека другарот беше еден од најдобрите, ама не знаеше да игра рагби. Џони ја доби стипендијата. „Во ред е синко“, рекоа неговите родители. „Тоа сите го прават.“ Кога имаше деветнаесет години, еден постар студент му ги понуди одговорите за испитот за 50 долари. „Во ред е бруцош“, му рече. „Тоа сите го прават.“ Џони го фатија како препишува на испитот и му ја укинаа стипендијата. „Како можеше вака да не посрамотиш?“, врескаше татко му кога дозна за скандалот. „Зарем така те воспитувавме?“, го поддржа мајка му својот сопруг... Е, па драги мои. Додека, свесно или несвесно, ги поддржуваме своите деца да не ги почитуваат правилата, да фаќаат кривини, да немаат почит кон повозрасните. Додека ги поттикнуваме да се „снаоѓаат“, затоа што во такво време живееме. Додека на неподопштините што тие ги прават возвраќаме со насмевка. Додека ги извршуваме нивните обврски наместо нив, правдајќи ги пред блиските со зборовите: „ Нека си поспијат децата, цел живот ќе работат.“ Е, се дотогаш треба да прифатиме дека тие никогаш нема да пораснат, дека ќе имаат неправилна слика за светот и за себеси во него, дека ќе си продолжат да спијат, ќе немаат работни навики, ќе чекаат некој друг нешто да им даде наместо самите да заработат за тоа што им треба и дека на крајот срамот, а и проблемот, ќе биде наш. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! ” Гога Поп-Георгиевски, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|