Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 06.10.2021 во 21:33
|
Кога бракот не е консумиран
(Вистинска приказна од мојата пракса) Грешев многу и сега ми е жал, и што не грешев повеќе и што не грешев полудо, бидејќи само гревовите, откако ќе паднам, ќе бидат само мои, се останато е туѓо. ~ Душко Трифуновиќ „Ооооо...Па, ти си многу поубава отколку на телевизија“, беа првите зборови што ми ги кажа Катерина стискајќи ми ја раката додека се запознававме на влезот од вратата. „Искрено кажано и ти си многу поубава од она што можев да заклучам според твојата Натална Карта“, беше мојот спонтан одговор, ослободен од секаква куртоазија или од желба на комплиментот да возвратам со комплимент. И тоа не ми беше воопшто тешко бидејќи Катерина беше навистина една преубава жена на триесет и три години. Висока, одлично градена, со долга и негувана руса коса, беспрекорно нашминкана и облечена. Вистински рај за очите. Работеше специфична работа за која, освен наобразба, требаше да поседува и силен интелект. А, тоа беше евидентно. Разговорот течеше лесно, без никаков гард, без обид, од нејзина страна, да ми се претстави во подобро светло отколку што навистина е, чиниш сме најдобри другарки кои се дружат од раѓање. Се познаваше себеси добро, и своите доблести и своите маани, и беше очигледно дека и е сосема удобно во сопствената кожа. Тоа ми ја олесни работата, бидејќи можев да бидам стопроцентно отворена, дури и за најскокотливите нешта. Имав соговорник со кој беше милина да се зборува. Но, сепак. Имаше една работа која и мене ми беше чудна и не знаев како да ја артикулирам со зборови. Затоа ја прашав: „Добро Катерина, велиш дека имаш одличен брак и дека имаш дете. Но, твојата Натална Карта ми покажува нешто друго и тоа ме збунува. Од една страна покажува дека живееш во брак кој не е брак. Дека бракот е параван за јавноста. А, од друга, дека си среќна во љубовта. Каде е тука НЗС (најмал заеднички содржател)? Ќе ми помогнеш ли да сфатам?“ Таа ме погледна со израз на неверување и восхит и громогласно се насмеа: „Се си е потаман. Добро го дијагностицираш. Јас само ќе го ставам во рамка. Вака...Се омажив од голема љубов. Маж ми е многу убав човек. Но, откако стапивме во брак, ние ни еднаш не сме имале секс. И така пет години.“ На овој одговор редно беше јас да ја погледнам со неверување, и во надеж дека се шегува, успеав само да прашам: „Па, како? Нели имате дете?“. Задоволна од ефектот што нејзината исповест ја предизвика кај мене, со незабележлива насмевка во аголот на усните Катерина продолжи: „Детето е зачнато пред бракот. Во прво време мислев дека повеќе не сум му привлечна на маж ми бидејќи многу се здебелив во бременоста. Но, веднаш откако се породив, почнав да внимавам на исхраната. Почнав да вежбам и за шест-седум месеци се вратив во нормала. Меѓутоа, маж ми и понатаму не реагираше на мене. Прво мислев дека има друга, се лутев, му замерував, постојано се каравме. И еден ден тој ми призна дека многу ме сака, дека не може да замисли да живее без мене и детето, но дека повеќе го привлекуваат мажите. И тоа било отсекогаш така.“ „Па, зошто тогаш се женел?“, ја прекинав јас. „Ете, пробал да биде поинаков за да ги задоволи родителите, ама не успеа. Тогаш ми рече дека ќе ме поддржува во се, ќе ми помага, дека многу би сакал кога јас би била среќна, кога би си нашла некој човек. Затоа што тој веќе си нашол.“ Го слушав нејзиното објаснување и размислував дека од давнина, па до денес, постоеле различни обичаи поврзани со бракот. Така на пример, во средновековна Европа феудалните господари имале право да спијат со жените кои биле нивни поданички на нивната прва брачна ноќ, пред тие тоа да го направат со мажот. Тоа се викало Право на Првата Ноќ (Jus primae noctis). Дали тие го искористувале ова свое право или не, не знам. Дали тоа било трикче со кое се служеле богатите за да извлечат уште некој профит од џебот на сиромашните? Возможно. Така било отсекогаш. Знам само дека мажот можел да го избегне овој срам и блам само ако му исплател извесна сума пари на феудалецот. Потоа, знам дека во кралските семејства на првата брачна ноќ обично биле присутни роднините, како сведоци дека бракот навистина е консумиран. Замислете, консумиран?! Но, до тогаш не бев чула дека во денешно време некој живее во брак кој не е консумиран. Затоа прашав: „Добро, што му одговори ти? Се налути? Беше шокирана?“ „Во прво време, да. Но, го сакав и не сакав да се разведам. А, кога видов дека тој и понатаму се однесува со љубов, и кон мене и кон детето, се опуштив.“ „Значи, тебе не ти пречи таков начин на живот?“, сакав да бидам сигурна јас. „Нееее...Воопшто не. Јас го имам најдоброто од се. За во јавност, за одење на гости и по роднини, јас го имам најзгодниот маж во градот. Во меѓувреме, се вљубив во еден човек и тој во мене. Слободно излегувам со него каде што сакам, додека маж ми го чува детето. Со него ги делам најубавите страни на љубовта без да се оптоваруваме со плаќањето сметки, фрлањето ѓубре, снабдувањето за дома. Сето она што ја убива магијата. Маж ми е одличен татко, ме обожава и постојано ми дели комплименти. И најважно е тоа што многу го почитувам бидејќи беше чесен и ми ја кажа вистината.“ „Секако, браво за него што имал храброст и ти кажал. Но, навистина чесен ќе беше ако ти го кажеше истото пред да родиш дете. Сега можеме да се сомневаме дека бил искрен откако се осигурал дека добил потомство и ја исполнил својата обврска кон родителите“, сакав до крај да бидам отворена јас, како што беше отворен муабетот до тогаш. „А, како можеш да бидеш сигурна дека никогаш нема да посакаш да стапиш во брак со човекот во кој си вљубена или со некој друг што допрва ќе ти се појави во животот? Си размислувала ли што ќе мисли детето кога ќе порасне и ќе сфати каков е реално вашиот однос? Уште повеќе што аспектите во твојата Натална Карта покажуваат дека за пет години би требало се соочуваш со криза во бракот?“ „Мислам дека секоја криза ќе ја надминеме. Маж ми е мојот најдобар пријател и е многу нежен и грижлив родител. Детето расте во љубов која можеби никогаш не би ја добило од некој татко кој од работа се враќа дома, лежи на троседот, ја пцуе мајката, им се дере на децата, пие или пак кисне во кладилници. А, за себеси сум сигурна дека ништо не би менувала, бидејќи откако го почувствував овој стил на живот знам дека токму тоа е она што најмногу ми одговара. Јас сум обожавана од сите. Пливам во љубов.“ Катерина не ја видов оттогаш. Дека минувала низ криза во бракот, поради проблемите на сопругот, и тоа во времето кое и го посочив, ми соопшти една нејзина пријателка, која дојде на нејзина препорака, години потоа. Но, нејзината филозофија на животот многу ме потсетува на една поучна приказна за една исто така убава жена: Откако го поминала осветлениот тунел кој води до другиот свет и стигнала на една прекрасна зелена ливада полна со цвеќиња, жената го здогледала Господ кој идел кон неа со куфер во раката. „Дете мое, време е да тргнеме“, и рекол. „Ах, зарем толку брзо? Имав уште милон обврски, планови, желби...“, со разочараност во гласот рекла жената. „Жал ми е, но време е“, бил настојчив Господ. „Што носиш во тој куфер?“, прашала таа. „Она што ти припаѓа.“ „Она што ми припаѓа? Си ги зел моите работи, алишта, парите?“ „Тие нешта никогаш не беа твои. Тие и припаѓаа на Земјата.“ „Можеби си ги понел моите деца и маж ми?“ „Не. Тие му припаѓаат на твоето срце.“ „Пријателите и семејството?“, била упорна жената. „Не, мила. Тие му припаѓаа на патот по кој одеше.“ „Дали се тоа моите успеси?“, не се откажувала жената. „Не“, нежно и одговорил Господ. „Тие им припаѓаа на околностите.“ „Тогаш е тоа моето тело?“ „Не, не. Тоа и припаѓа на прашината.“ „Значи, во куферот е мојата душа?“ „Грешиш. Твојата душа ми припаѓа мене. Ама, еве...Отвори го самата куферот и види.“ Жената со страв го подотворила куферот и гледај чудо, тој бил празен. Скршена од глетката, низ солзи, таа прашала: „Ох, Господе! Зарем никогаш, ништо не беше мое?“ Господ и одговорил: „Беше. Секој миг што го живееше ти припаѓаше само тебе.“ И тоа е најсилната порака, драги мои, вистинска шлаканица за освестување. Откако животот ќе заврши, само миговите што сме ги живееле ни остануваат само нам. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|