Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 19.11.2021 во 01:17
|
Катарза на стравот од смртта
(Делумно Затемнување на Месечината во Бик) „Ноќта е секогаш најмрачна пред изгрејсонце“ Да, драги мои, овој пат, ситуацијата на небото ќе ја оправда оваа изрека на Томас Фулер, англискиот теолог и историчар. Прашувате: „Зошто?“ Затоа што Месечината ќе биде полна, со Сонцето и Јупитер ќе биде вклештена во еден фиксен Т-квадрат и што е најлошо, ќе се најде во близина на фиксната ѕвезда наречена Caput Algol (главата на Медузата). Таа важи за ѕвезда која ги разорува најфините структури на мозокот и предизвикува проблеми со здравјето, несреќи, опасности, садизам, па дури и смрт. Ако се најде во близина на Месечината, на личен план, покажува ситуации опасни по живот и садистички тенденции на личноста. На глобален план, Месечината е симбол за народот и сето погоре кажано се однесува и на широките народни маси. Првата среќна околност е тоа што Месечината и Сонцето, двајцата главни актери во Лунарната Еклипса, прават убав агол кон Плутон, што е како појас за спасување кој ни е пуштен од Универзумот, за да дојдеме до исцелување, како луѓе и како општества, преку трансформацијата и регенерацијата. Втората среќна околност е тоа што тандемот Месечина-Сонце ќе биде и во добар однос со Нептун, што покажува дека е можно да се најдат креативни излези од проблемите. Посебно за проблемите поврзани со здравјето, медицината и лековите, бидејќи Нептун владее со дрогите и фармакологијата. Исто така, ова Затемнување на Месечината кое ќе се случи на оската Бик-Шкорпија е предвесник за сите следни Затемнувања на истата оска кои ќе се случуваат во текот на целата 2022 и делумно во 2023, како и за преминувањето на Северниот Месечев Јазол од Близнаци во Бик и стапнувањето на истата точка каде се наоѓа ѕвездата Алгол, во февруари 2022 година. Зошто Еклипсите се сметаат како лош предзнак? Лунарната Еклипса, во астрологијата, е симбол на кулминацијата на некој процес и негов крај. Но, бидејќи тоа значи дека после крајот следува некоја промена, а луѓето се плашат од непознатото, тие на Еклипсите гледаат како на нешто лошо и страшно. За волја на вистината, оваа Лунарна Еклипса која ќе се случи во Бик, на фиксната ѕвезда Алгол или на точката кадешто Персеј ја исекол главата на Медузата, бидејќи секој кој ќе погледенел во нејзините очи таа го претворала во камен, би требало да го потенцира токму најлошото во нашите животи, за да не поттикне да се ослободиме од истото. И тоа во периодот од 19-ти ноември 2021 до 16-ти мај 2022 година. Во конкретниов случај, ќе ја доживееме кулминацијата на нашиот страв од болеста, од смртта, кулминација на теророт, со цел станеме рамнодушни на надворешните фактори и во себе да го најдеме мирот и сигурноста. Тоа ќе го постигнеме кога ќе се поврземе со Тој кој нашата безживотна материјална лушпа наречена тело ја претвора во жив организам, кога ќе се потчиниме на неговата волја и во она што ќе ни се случува ќе ја бараме лекцијата што треба да ја научиме. Значи, можеме да се покориме само на нешто кое е многу поголемо од нас самите и поголемо од нашиот земен живот, а не на материјалните работи и на земните луѓе. Бидејќи се што е материјално и земно е нестабилно, брзо се корумпира и пропаѓа. Само повисоките идели и нашата внатрешна поврзаност со Оној кој навистина владее со Универзумот е вистинската формула за нашата победа над Стравот, како на стравот од животот така и од смртта. По што ќе биде значајна оваа Лунарна Еклипса во Бик? На глобален план, ќе бидат на удар сите работи со кои владее Бикот: економијата, банките, сигурноста, удобноста, храната, семејството. Би можеле да се соочиме со разни забрани и ограничувања, масовен страв и ширење хистерија. Не би требало да им подлегнуваме на чувствата и однесувањето на масите, бидејќи тоа е најопасно. Човек во маса е како волк во чопор, може да направи нешто што не наликува на него, за кое подоцна ќе се кае. Уште повеќе што дури и кога човек останува сам, со своите убедувања, не значи дека не е во право. На личен план, ќе бидат засегнати нашите емоции. Многумина од нас ќе чувствуваат страв, ужас, очај или депресија. Но, би требало брзо да се соземат, бидејќи секој од нас во себе чува два волци, волкот на доброто и оној на злото. Меѓутоа, трикот е во тоа што расте токму оној волк кој најмногу го храниме со своето внимание и енергија. А, бидејќи имаме слобода да избираме, тогаш пожелно е да го храниме волкот на доброто. Тоа ќе го постигнеме кога ќе се трудиме да размислуваме позитивно. Кога ќе им го даваме на другите тоа што нам ни треба, бидејќи така ќе го активираме Законот на кармата. А, тој ќе не награди со тоа што ни е потребно. Кога ќе читаме книги исполнети со оптимизам, ќе гледаме исто такви филмови, ќе слушаме релаксирачка музика и ќе се дружиме со добри луѓе. Кога ќе медитираме, ќе се молиме, ќе правиме нешто креативно, ќе му служиме на светот. Кога ќе бидеме сигурни дека Господ секогаш го прави само она што е најдобро за нашата душа. Кој најмногу ќе го почувствува влијанието на оваа Лунарна Еклипса? Сигурно веќе погодувате, фиксните знаци. Посебно Биковите и Шкорпиите, во знак или Подзнак. Потоа Водолиите и Лавовите, како и сите оние кои имаат некоја планета на 27° од овие знаци. Тоа ќе го проверите ако направите бесплатен примерок на вашата Натална Карта на мојот сајт. И за крај, запаметете дека Еклипсите (Затемнувањата) не се Баба Роги од кои треба да се плашиме, туку промени кои ни се потребни и кои е неопходно да ги направиме. Затоа што среќата не се случува кога немаме проблеми, туку се состои во знаењето како да се носиме со нив. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|