In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ѕвезденото небо над светот во јули

 
Објавено на 01.07.2018 во 16:15

Ѕвезденото небо над светот во јули
 

(Шкорпиите среќни на секој план, Рибите, Биковите и Овните најсреќни во љубовта, Раковите и Лавовите со парите)

Ситуацијата на небескиот свод ќе биде поразбранувана и подинамична во месец јули, во споредба со јуни. Посебно околу 12, 13 и 14 јули и во третата декада на месецот.

Така, Сонцето, расплинето, со променлив импулс, ќе се движи низ сензитивниот Рак до 22-ри јули и ќе се обидува да ги затопли емоциите меѓу луѓето. Посебно пријатни би требало да бидат првите десет дена на јули, најмногу 9 и 10 јули, кога Сончевиот импулс ќе биде поддржан од експанзивниот Јупитер во Шкорпија, кој секогаш носи среќа и шанса за успех, како и од креативните вибрации на Нептун во Риби. Затоа, во првите десет дена од јули би требало да бидеме порасположени и поопуштени од обично, случувањата околу нас ќе ги гледаме низ „розови очила“, ќе ја чувствуваме радоста на живеењето, ќе уживаме во убавата храна и останатите земни задоволства, почесто ќе излегуваме и ќе се забавуваме. Овие сензации посебно ќе ги чувствуваат Раковите, Шкорпиите и Рибите родени во втората и третата декада на својот знак. А, потоа и Девиците и Биковите, исто така родени во втората и третата декада.

Меѓутоа, во периодот од 11-ти до 15-ти јули 2018 година, кога Сонцето ќе прима негативно влијание од магот на тајните, Плутон, би требало да бидеме повнимателни кому ја даваме својата доверба, бидејќи ќе постои опасност да подлегнеме на нашите потсвесни стравови и на стапиците кои ќе ни ги местат нашите таинствени непријатели, кои ќе произлегуваат од редовите на нашите пријатели и соработници. Уште повеќе што овие опасности ќе бидат запечатени и со Соларната Еклипса која ќе се случи на 13-ти јули. Посебно засегнати од ова предупредување би требало да бидат Раковите родени на 13 и 14-ти јули, Јарците родени на 11 и 12-ти јануари, Вагите родени на 14 и 15-ти октомври и Овните родени на 10 и 11-ти април.

Додека во периодот од 23-ти до 31-ви јули, кога Сончевата енергија ќе биде пресечена од агресивните вибрации на ретроградниот Марс и од непредвидливите вибрации на Уран, би требало да се однесуваме поимпулсивно и поагресивно отколку обично. Ова влијание посебно ќе го почувствуваат Лавовите родени на 23, 24 и 25 јули, Шкорпиите родени на 24, 25 и 26 октомври, Водолиите родени на 21, 22 и 23 јануари и Биковите родени на 21, 22 и 23 април.

Меркур, планетата на разумот и комуникациите, до 26-ти јули ќе се движи низ гордиот и суетен Лав во директен од. Неговите вибрации би требало да предизвикаат нашите мисли да бидат водени од потребата за големи и херојски дела. Потоа, би требало да се зголеми театралноста во нашиот говор и постапки. Луѓето повеќе ќе се држат до зацртаните планови и цели, повеќе ќе го покажуваат својот талент за организација, ќе бидат пореални во проценките и поамбициозни. Во периодот од 3-ти до 10-ти јули, поради затегнатиот однос меѓу Меркур и Марс, би требало да бидеме порасположени за кавги и докажување на сопствената вистина. Додека во периодот од 16-ти до 21-ви јули би можеле да бидат обелоденети некакви тајни. А, кога Меркур ќе започне да се движи ретроградно, од 26-ти јули до 19-ти август, претерувањето и ароганцијата во комуникацијата ќе биде обележје за повеќето од нас.

Венера, планетата на љубовта, уметноста и земните задоволства, до 10-ти јули 2018 година, ќе го продолжи својот страстен танц низ огнениот Лав, со што нејзините жешки вибрации ќе ги палат и нашите чувства. Па, ние ќе се однесуваме пострасно и потеатрално отколку обично. Ќе имаме потреба другите да не забележат, да доживееме некаква авантура. Веќе од 11 јули, Венера ќе го доживее својот пад во интензитетот на вибрациите, бидејќи ќе зачекори во рационалната и одмерена Девица. Поради тоа и нашите реакции во љубовта ќе го намалат својот набој. Ќе се однесуваме помалку спонтано. Повеќе ќе размислуваме пред нешто да направиме. Ќе ги одмеруваме сите „за“ и „против“ личноста што ја сакаме. Ќе бараме поголема одговорност од партнерите, почитување на редот и хигиената.

Сепак, во периодот од 11-ти до 17-ти јули е можно нашите љубовни желби да се претворат во реалност, поради поттикнувачките вибрации меѓу Венера и Уран. Ова најмногу ќе го почувствуваат Биковите и Девиците. Од 20-ти до 26-ти јули, вљубениот танц меѓу Венера и Јупитер ќе ни донесе радост во животот и уживање во љубовта. А, тоа најмногу ќе им погодува на Шкорпиите, Биковите и Девиците. Додека во периодот од 27-ми до 30-ти јули ќе биде отворен Вселенскиот портал за средба со кармичките љубови и за измирување на кармичките љубовни долгови. Затоа, бидете повнимателни со личностите што тогаш ќе ги среќавате. Посебно ако започнете нова врска или ако се сретнете со некоја стара љубов.

Марс, планетата на акцијата и агресијата, ќе продолжи да маршира наназад низ хуманата и бунтовна Водолија. Неговите вибрации ќе предизвикаат на површина да излезат најнегативните пориви меѓу нас луѓето, нашиот бес, бунт и импулсот за борба со неистомислениците. Па, во овој период (цел јули до 27-ми август) е можно да се организираат протести преку кои ќе се бараат правата на работниците, како и на сите маргинализирани групи луѓе во општеството. Но, постои и можност народот да се бунтува против политиките и одлуките на власта што ја води државата. Ситуацијата би била највжештена во деновите пред и по 27-ми јули, кога ќе се случи Лунарната Еклипса на истиот степен на кој ќе се најде ретроградниот Марс. Оваа појава најмногу ќе влијае на Водолиите родени на 25 и 26 јануари, на Лавовите родени на 27 и 28 јули, на Биковите родени на 25 и 26 април и на Шкорпиите родени на 28 и 29 октомври. Нивните животи би требало да доживеат големи промени во периодот од 27 јули 2018 до 21 јануари 2019 година.

Какво ќе биде влијанието на останатите планети

Јупитер, планетата на среќата, благосостојбата и експанзијата од 10-ти јули 2018 конечно тргнува во директен од во Шкорпија и таму ќе остане до ноември 2018 година. Тој во јули полека ќе зема замав за да продолжи со стара слава да ги шири своите раскошни, оптимистички вибрации. Нив, овој месец, најмногу ќе ги почувствуваат Шкорпиите родени на 5 и 6 ноември, Раковите родени на 5 и 6 јули, како и Рибите родени на 4 и 5 март.

Сатурн, мудриот и непоткуплив учител, ќе не искушува сите нас до крајот на март 2020 година. Но, во јули 2018, неговите награди и казни најмногу ќе ги почувствуваат Јарците родени на 25-ти, 26-ти и 27-ми декември. Потоа, Овните родени на 24-ти, 25-ти и 26-ти март. Раковите родени на 25-ти, 26-ти и 27-ти јуни. Како и Вагите родени на 26-ти, 27-ми и 28-ми септември. Казните ќе ги почувствуваат оние кои се мрзеливи, оние кои се огрешиле од законот, оние кои немаат изградено правилен став кон авторитетите, оние кои се занимаваат со политика и оние кои водат нездрав живот или се оддадени на пороци. Останатите би можеле да бидат наградени за својот минат труд. Инаку, ретроградниот од на Сатурн во Јарец ќе потрае до 6-ти септември 2018 година.

Под влијанието на непредвидливиот Уран, Биковите кои се родени на 22-ри и 23-ти април, можат да се надеваат на непланирани промени во животот. А, можен е и нивен изненаден успех или пад во кариерата.

Нептун на Рибите родени на 7-ти март ќе им подари харизматичност, креативност, но и конфузни мисли.

Додека Плутон на родените на 10-ти и 11-ти јануари ќе им го дрма тлото под нозете, со цел да ги натера да го сменат досегашниот начин на живот и да скокнат скалило погоре на еволутивен план. А, неговото ретроградно движење ќе потрае до 30-ти септември 2018 година.

Планетарната конфигурација во јули за секој знак

Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот Подзнак.

Но, потоа можете да ги проширите своите сознанија со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете својот Подзнак (Асцендент), направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Предвидувањата се работени само според знакот (позицијата на Сонцето), затоа се повеќе информативни. Само Предвидувањата изработени според вашата Натална Карта можат да дадат најточни информации, бидејќи се работени само за вас. Тоа е така затоа што во Наталната Карта има уште 9 небески тела чии што аспекти би можеле да ја сменат целата слика.

Овен

Ако работите во градежништвото, во агенција за недвижности, на берзата, на местата за забава, со услужните дејности или сте уметници, јули би требало да биде многу успешен месец за вас на професионален план. Па, дури е можно да покажете креативен пристап во работењето или да дојдете до неочекувани, оригинални решенија во работата, што ќе резултира и со подобрување на вашата финансиска состојба. Посебно во периодот од 11-ти до 17-ти јули. Од 20-ти до 26-ти јули ќе се зголемат вашите шанси за подобрување на соработката со колешките и за подобрување на меѓучовечките односи на работното место. Меѓутоа, ако вашата работа подразбира често патување, контакт со странство и странци, соработка со високообразовните институции и судовите, можно е да се соочите со неопходност од решавање на старите проблеми во периодот од 27-ми до 30-ти јули.

На план дом и семејство, работите нема да бидат толку сјајни. Можно е да се разбудат старите неразрешени конфликти со родителите или со другите членови на семејството. Посебно во деновите околу Соларната Еклипса, 12, 13 и 14-ти јули. А, овие промени во вашите односи ќе потраат во следните 6 месеци. Во тој период не е препорачливо ниту да продавате ниту да делите недвижен имот. Затоа пак на љубовен план, ќе ја имате целосната поддршка од ѕвездите. Така, до 10-ти јули позитивните вибрации на Венера ќе ги зголемат вашите шанси за отпочнување нова врска. Ако имате деца, ве очекуваат радосни настани поврзани со нив. Ако сте од женски пол голема ќе биде веројатноста да забремените. Додека по 11-ти јули љубовта би можела да ви се насмее на работното место. Меѓутоа, некој од пријателите би можел да направи нешто, со цел да ја поткопа вашата љубовна среќа, во периодот од 23-ти до 31-ви јули. Посебно во деновите околу Лунарната Еклипса на 27-ми јули. Последиците ќе ги чувствувате во следните 6 месеци.

Бик

До 22-ри јули 2018 година, комуникациите ќе играат најважна улога во вашиот живот. Посебно успешни би требало да бидете ако и вашата работа е поврзана со патувањата, образованието, говорот, пишувањето. Исто така, во периодот од 13-ти јули, па во следните 6 месеци, под влијанието на Соларната Еклипса, Универзумот ќе ви отвори пат да ги решите нарушените односи со роднините и соседите, па треба да ја искористите таа шанса. Ако сте родени на 22-ри и 23-ти април, вашето Сонце во јули за прв пат ќе ги почувствува ексцентричните вибрации на Уран кои би можеле да ви донесат изненаден успех или пад, во зависност од тоа колку сте отворени кон новото. Додека под влијанието на Лунарната Еклипса, од 27-ми јули па во следните 6 месеци, ве очекуваат промени во кариерата кои можеби нема да бидат најпријатни.

Од друга страна, некој настан или некоја непланирана средба со една личност во периодот од 11-ти до 17-ти јули, ќе предизвика експлозија од чувства и ќе му даде нов импулс на вашиот љубовен живот или пак тогаш ќе ви се исполнат љубовните соништа што долго ги посакувате. Па, ако сте слободни, од 11-ти до 17-ти јули ќе постои огромна шанса да започнете нова врска или да имате богат сексуален живот со различни партнери. Посебно во периодот од 27-ми до 30-ти јули. Тогаш е можно да се случат и некои кармички љубовни средби со луѓе кои ги знаете од минатиот живот и кон кои имате кармички долгови. Жените Бикови би требало да се заштитат од несакана бременост. Биковите кои се во врска би можеле во периодот од 20-ти до 26-ти јули да одлучат да стапат во брак или да прават свадба. Додека Биковите кои се во брак веројатно сериозно ќе работат на проширување на семејството или ќе се обидат да ги затоплат односите со своите деца.

Близнаци

Поволниот аспект на Сонцето со Јупитер и Нептун, во периодот од 9-ти до 12-ти јули ќе ви ги зголеми шанси да откриете нов и креативен начин кој ќе ви донесе поголема заработка. Посебно ако вашата професија е поврзана со банкарството, правото, образованието, медицината, фармацијата, бизнисот со алкохоли и нафта или пак со медиумите. Меѓутоа, на 12-ти, 13-ти и 14-ти јули не би требало да наседнувате на приказните за брза и лесна заработувачка. Бидејќи, Соларната Еклипса во периодот од 13-ти јули, па во следните 6 месеци би можела да ви донесе непланирани финансиски проблеми и да ве научи на поодговорен однос кон парите. Затоа, отворете четири очи ако треба да дадете пари некому, да инвестирате во некој бизнис, да подигнете кредит, да земете пари на заем. Бидејќи, најверојатно ќе бидете измамени. Во периодот од 23-ти до 31-ви јули можно е некое патување или бизнис со странство да пропаднат или пак ќе опадне вашата концентрација на некој испит.

На план љубов, до 10-ти јули би можеле да запознаете интересна личност на некое патување, на гости кај роднините, преку соседите или пак ќе заминете на пат со саканата личност. Во периодот од 11-ти до 17-ти јули би можеле да имате проблеми со партнерот заради местото на живеење, заради мешањето од страна на родителите во вашата врска, заради неплатените сметки за куќните трошоци или за начинот на кој се однесувате кон парите. Од 20-ти до 26-ти јули проблем во односот со партнерот би можела да ви направи вашата неумешност да најдете рамнотежа меѓу семејните обврски и професионалниот ангажман. Додека во периодот од 27-ми до 30-ти јули можно е на површина да излезат некои нерасчистени сексуални релации од минатото и да ви направат проблем во љубовта со актуелниот партнер. Лунарната пак Еклипса што ќе се случи на 27-ми јули би требала да предизвика промени во начинот на кој комуницирате со луѓето во следните 6 месеци. Посебно со роднините и соседите.

Рак

Како резултат на вашите способности и на вашиот труд, би требало да се подобри и вашата финансиска состојба или барем ќе се зголемат шансите да го оплодите капиталот преку некоја исплатлива инвестиција. Посебно до 23-ти јули. Од 23-ти до 31-ви јули, поради неповолните вибрации меѓу Сонцето, Марс и Уран, би можеле да имате проблеми на финансиски план, поради пријателите или поради некоја голема корпорација. Но, можно е да имате проблеми со социјалното и здравственото осигурување. За сликата да биде позамрсена, своите прсти во креирањето на финансиските проблеми и непланираните трошоци од 26-ти јули до 19-ти август, ќе ги замеша и ретроградниот Меркур. А, на тоа ќе се надоврзе и Лунарната Еклипса од 27-ми јули, која во следните 6 месеци ќе ви создава проблеми со туѓите пари, како што се кредитите, заемите, наследствата и парите на партнерот. Затоа пак Соларната Еклипса што ќе се случи на 13-ти јули покажува дека во следните 6 месеци ве очекуваат длабоки промени на личен план.

Од друга пак страна, вашиот љубовен живот би требало да доживее ренесанса. Тоа значи дека ако сте сами луѓето ќе сакаат да ве дружат, ќе ве канат на различни прослави и забави и веројатно нема да се приберете дома. Збогатениот социјален живот ќе ви ги зголеми шансите да сретнете интересни личности кои ќе го привлечат вашето внимание. Така, во периодот од 11-ти до 17-ти јули 2018 година, можно е да имате некакви љубовни доживувања на патување, со личност запознаена преку пријателите, роднините или преку соседите. Но, ако сте во брак, можно е да направите неверство на некое патување. Од 20-ти до 26-ти јули ќе ги имате најубавите мигови во љубовта или со децата. Тогаш би требало да се родат многу романтични љубови. А, ако сте од женски род можно е да останете бремени или да посакате да имате деца. Затоа, во периодот од 27-ми до 30-ти јули, ве очекува соочување со потиснатите чувства и незадоволства кон партнерот. Посебно ако сте во брак.

Лав

Вие ќе бидете еден од најсреќните знаци на секој план, во месец јули. Така, до 10-ти јули, под влијанието на Венера во вашиот знак, вие ќе бидете весели, опуштени и заводливи. Ќе сакате секој ден да ви биде исполнет до последната минутка со дружење, нови искуства, забава и љубов. Многу љубов. Па, ако сте во врска или брак и ако не добивате љубов во онаа количина и на оној начин каков што вам ви треба, ќе бидете доведени во искушение да пробате од забранетото овошје. Во периодот од 11-ти до 17-ти јули некоја непланирана ситуација на работното место би можела да направи чудна спојка меѓу парите и сексот. А, во периодот од 27-ми до 30-ти јули една личност ќе сака да ги измири долговите меѓу вас од минатото, и финансиски и емотивни. Лунарната Еклипса што ќе се случи на 27-ми јули навестува дека во следните 6 месеци ве очекуваат трауматични случувања во брачниот живот.

Професионално, вашата индивидуалност ќе им паѓа в очи на оние кои имаат потреба од впечатливи лица за извршувањето на нивната работа. Затоа, најмногу среќа и ангажмани ќе имаат Лавовите кои имаат јавна работа, кои работат со својот изглед, глас, со својата харизма. Како што се глумците, водителите, медиумските личности, манекените, моделите, креаторите, сликарите, музичарите, политичките лидери и портпароли. Посебно во периодот од 9-ти до 12-ти јули и од 23-ти јули до крајот на месецот. Меѓутоа, можно е да си направите нови непријатели и да доживеете јавен срам ако не внимавате што зборувате во периодот од 26-ти јули до 19-ти август, кога Меркур ќе се движи наназад. Вашата финансиска состојба би требало да се подобри во периодот по 11-ти јули. Сепак, би требало да се воздржите од лоши инвестиции во периодот од 11-ти до 17-ти јули и да не купувате недвижности и мебел во периодот од 20-ти до 26-ти јули. Затоа пак, во периодот од 27-ми до 30-ти јули, е можно да ви биде исплатен некој минат труд.

Девица

До 10-ти јули постои голема можност поради силната сексуална привлечност кон некоја Шкорпија, Рак или Бик, да влезете во таинствена врска или да обновите некоја стара љубовна приказна. Но, по 11-ти јули, кога Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во вашиот знак, вашето рацио би можело да победи над чувствата. Па, многумина од вас ќе посакаат да си го живеат животот со помалку стрес, без компликации. Аспектите меѓу планетите покажуваат дека од 11-ти до 17-ти јули, би можеле да остварите несекојдневен љубовен контакт одненадеж, со личност која ќе ја запознаете на некое патување или пак ќе одлучите со веќе постоечкиот партнер да заминете на пат и таму ќе доживеете откровение. Но, можно е да се оствари и некој ваш дамнешен љубовен сон за личност која живее во странство или е од друга вероисповед. Додека во периодот од 27-ми до 30-ти јули интензивно ќе размислувате на една ваша стара љубов. Па, веројатно не ќе можете да го избегнете повикот на кармата за измирување на долговите.

Професионално, во јули нема да ви цветаат рози. Ако сте на работа, целата атмосфера ќе биде обвиена со тајни, сплетки, озборувања и интриги. Ретроградниот Марс во текот на целиот јули и ретроградниот Меркур по 26-ти јули се закануваат да направат пекол од вашиот професионален живот. А, на тоа ќе се надоврзе и Лунарната Еклипса на 27-ми јули, која покажува дека во следните 6 месеци ве очекуваат непланирани промени на работното место. Затоа би било најпаметно во јули да заминете на одмор или барем да се притаите, да не го привлекувате туѓото внимание и да соберете енергија за идните битки. Оваа препорака нема да важи само за Девиците медицински лица, оние што се занимаваат со истражувачка работа, со пишување и шпијунажа. Тие би можеле работејќи во осама и изолација да остварат завидни резултати. Би било пожелно пред одењето на годишен одмор да направите рутинска лекарска проверка.

Вага

Позицијата на Сонцето до 22-ри јули не ветува поволна клима на професионален план. Посебно во деновите околу Соларната Еклипса, на 13-ти јули, која навестува дека една ера од вашиот професионален живот е на својот крај и дека во следните 6 месеци би можеле да ви се случат промени во кариерата што нема да ви се допаднат. Но, затоа сите активности што се поврзани со пријателите, дружењето, членувањето во разни клубови, организации или ангажманот во партијата, ќе ве исполнуваат и ќе ви носат задоволство. Притоа, можно е да имате и некаква материјална корист или помош во кариерата од погоре наведените активности. Меѓутоа, во периодот од 23-ти до 31-ви јули постои можност да излезе на површина некоја ваша љубовна афера од минатото и да ви ја загрози позицијата. А, можно е да доживеете предавство од тие што сте ги сметале за најголеми поддржувачи на работното место. Посебно кога Меркур ќе биде ретрограден од 26-ти јули до 19-ти август. Затоа, во овој период можеби е најдобро да заминете на одмор.

Од друга страна, ретроградниот Марс во јули ќе ги тресе темелите на вашиот љубовен живот и ќе ве соочи со револтот на вашите деца, доколку ги имате. Затоа, можеби ќе се затворите во себеси, со цел да се заштитите од негативните чувства на другите луѓе. Вашата зголемена ранливост и ѕидот кој ќе го подигнете околу себе за да се заштитите од повреди ќе им изгледа привлечно на некои личности кои ќе започнат да ве гледаат со поинакви очи. Па, под влијанието на топлите летни денови и заради потребата да бидете сакани, би можеле да влезете во врска што ќе треба да ја криете од другите. Посебно сексуално активни би требало да бидете во периодот од 11-ти до 17-ти јули. Од 27-ми јули, па во следните 6 месеци, под влијанието на Лунарната Еклипса, вашиот љубовен живот би можел да претрпи сериозни промени, како и вашиот однос со децата. Додека за вашите љубовни ескапади би можел да дознае некој од членовите на вашето семејство во периодот од 27-ми до 30-ти јули. Ова е посебно непријатно ако сте во брак.

Шкорпија

Поволните вибрации на Јупитер, Сонцето, Венера и Нептун кон вашиот знак се гаранција дека во јули ќе можете малку да здивнете. И покрај тоа што поттикнати од ретроградниот Марс, а засилени од Лунарната Еклипса на 27-ми јули, проблемите поврзани со домот, со местото на живеење и со членовите на семејството ќе бидат ваша константа во следните 6 месеци. Сепак, до 27-ми јули ќе ве окупираат поубави работи и привремено ќе заборавите на семејните проблеми. Така, првите 10 дена на јули ќе бидат одлични за патувања, опуштање и љубов. Во деновите околу 13-ти јули кога ќе се случи Соларната Еклипса и 6 месеци потоа, би можеле да дојдете до неочекувано решение за вашите проблеми поврзани со кариерата, со патувањата или со преселбата во странство, како и до решенија за соработката со странци. А, не е исклучена ниту можноста да решите некои правни проблеми, ако сте повозрасни. Но, ако сте помлади, спасоносното решение ќе дојде на план полагање испити и учење.

Во јули би требало да процвета и вашиот љубовен живот. Па, во периодот од 11-ти до 17-ти јули би можеле да се најдете во непланирана ситуација која ќе ги оживее вашите замрени односи со партнерот. А, ако не сте во врска, би можеле да запознаете некоја интересна личност преку пријателите или на средбите во вашиот клуб, политичка партија. Во периодот од 20-ти до 26-ти јули би требало да ги доживувате најубавите мигови на љубовен план. Додека во периодот од 27-ми до 30-ти јули ќе биде отворен Вселенскиот портал кој ќе поттикне да ви се случат средби со ваши љубови од минатиот живот, со цел да се измират кармичките долгови меѓу вас. Затоа, внимавајте кого среќавате во овој период, бидејќи вашата љубов од минатиот живот сега би можела да има сосема поинаква улога и форма. Но, во периодот од 27-ми до 30-ти јули, во вашиот живот на волшебен начин би можеле да се измешаат сексот и парите.

Стрелец

Вашата желба за живот и секс ќе биде посилна од проблемите што ќе ги имате со најблиското опкружување, со браќата, сестрите, роднините, соседите. Овие проблеми би требало да ескалираат околу 27-ми јули, под влијанието на Лунарната Еклипса. По 27-ми јули ве очекува период од 6 месеци во кој ќе се случуваат промени на тој план. Од друга страна, во периодот до 10-ти јули, ве очекуваат потенцијални љубовни авантури зачинети со многу секс, на некое патување, со личност која живее подалеку или со колеги од факултет, ако сте помлади. По 11-ти јуни, вашиот љубовен живот би можел да се издише како дупнат балон. Но, и покрај намалувањето на интензитетот на доживувањата, би можеле да имате интересен флерт со личност запознаена преку работата. Додека во периодот околу Соларната Еклипса на 13-ти јули и 6 месеци потоа, би можеле да ги чувствувате последиците од некој непромислен сексуален контакт.

Професионално, периодот ќе биде одличен за Стрелците банкари, професори, правници, туристички работници. Во првите 10 дена од јули би можеле да имате поголем финансиски прилив, да се ослободите од некои заеми, да ги подмирите ратите за кредитот и слично. Во периодот од 23-ти до 31-ви јули би можеле да имате проблем на некое патување или ќе се случи некоја непредвидена пречка во работата со странство, со судовите, на факултетот. Додека Соларната Еклипса на 13-ти јули навестува дека во следните 6 месеци ве очекува промена во вашата финансиска состојба. Па, со цел промената да биде позитивна, не би требало да дозволите да влезете во некаков долг, да дадете пари за некоја непроверена инвестиција, да земете кредит, да не ги исплаќате ратите, да дадете пари на заем или да делите некакво наследство.

Јарец

Ако вашата професија има јавен карактер или е поврзана со судството, до 13-ти јули сите работи ќе се одвиваат спореди вашите очекувања. Можно е да имате поддршка од пријателите или партијата во реализацијата на вашите планови и цели. Од 13-ти јули, па во следните 6 месеци, под влијанието на Соларната Еклипса, ве очекуваат промени поврзани со вашата слика во јавноста, промени во бизнис партнерствата или во некој судски спор. Ако работите во банкарскиот сектор, со медицината, во осигурителните компании или ви се потребни туѓите спонзорства, во периодот до 10-ти јули би можеле да остварите екстра профит или да добиете пари за реализација на вашите идеи. Додека по 11-ти јули поуспешни ќе бидат Јарците професори, студенти и туристички работници. Од 23-ти до 31-ви јули би требало да ја вклучите својата вродена скржавост во односот кон парите со цел да се поштедите од финансиски загуби и непотребни трошоци. Оваа тенденција ќе ја потенцира и Лунарната Еклипса на 27-ми јули, укажувајќи ви дека во следните 6 месеци ве очекуваат значајни промени во вашата финансиска состојба. На што ќе се надоврзе и ретроградниот Меркур во периодот од 26-ти јули до 19-ти август.

На љубовен план, во периодот до 10-ти јули сексот ќе игра доминантна улога во вашите односи. Додека духовната блискот ќе ви биде поважна по 11-ти јули. Во периодот од 11-ти до 17-ти јули можно е да заминете на пат и да имате интересни љубовни доживувања. Додека во периодот од 27-ми до 30-ти јули би можеле да имате средба која ќе ви го смени животот или барем ќе ја смени вашата перцепција за себеси. Ако сте во брак, брачниот партнер ќе биде вашата сила и стамена поддршка некаде до 12-ти јули. А, од 13-ти јули, па во следните 6 месеци, Соларната Еклипса ќе донесе промени во вашиот брачен живот или промени во вашиот однос со брачниот партнер.

Водолија

Во периодот до 22-ри јули работата ќе го окупира вашето внимание. Посебно ако вашата професија има јавен карактер, ако работите во медиумите, ако се занимавате со правото или водите приватен бизнис. Така, до 12 јули постои можност да изнајдете креативно решение кое ќе ја подобри вашата конкурентност на пазарот или пак ќе успеете некоја своја идеја да ја материјализирате во реалноста. На 13-ти јули ќе се случи Соларната Еклипса која навестува дека во следните 6 месеци треба да се подготвувате за промени на работното место, на условите за работа или во односот со колегите. Од 11-ти јули, поголем акцент во вашиот живот ќе и дадете на вашата финансиска состојба. Па, периодот ќе биде оптимален да заработувате преку купопродажба на недвижен имот и да инвестирате во недвижности. Посебно од 11-ти до 17-ти јули. Во периодот од 20-ти до 26-ти јули би можеле да имате поголем паричен прилив, да исплатите некој долг, да добиете покачување на платата.

На љубовен план, најголем број од Водолиите кои се во врска, во јули ќе одлучат да стапат во брак или ќе ги организираат своите свадби. Осамените Водолии постојано ќе размислуваат за сексот. Па, во периодот од 11-ти до 17-ти јули постои голема веројатност да им се случат возбудливи, непланирани и несекојдневни љубовни авантури. Во периодот од 20-ти до 26-ти јули сексот со личноста со која професионално соработувате, а од поодамна ве привлекува, би можел да се реализира. Па, во периодот од 27-ми до 30-ти јули би можеле да имате интензивни и таинствени средби од сексуална природа. Додека Водолиите кои се во брак би требало да пловат во помирни води и целото внимание да го насочат кон обезбедување финансиска благосостојба. Сепак, Лунарната Еклипса на 27-ми јули навестува дека во следните 6 месеци ве очекуваат големи промени на личен план. Посебно ако сте родени на 25-ти и 26-ти јануари. Во тој случај пожелно е да направите рутински лекарски преглед со цел да ги држите под контрола евентуалните здравствени проблеми.

Риби

И покрај тоа што движејќи се напред-назад низ вашето поле на тајните и таинствените непријатели агресивниот Марс, ќе ја тестира вашата издржливост и толерантност до средината на ноември 2018 година, планетарната поставеност во јули ќе ве направи еден од најсреќните знаци и во љубовта и на план работа. Така, во периодот до 12-ти јули, вие ќе бидете поопуштени отколку обично, позаинтересирани за забава, почесто ќе излегувате и ќе бидете во друштво. Така ќе си ги зголемите шансите да сретнете нови луѓе. А, големи ќе бидат и шансите да се вљубите. Посебно на 9, 10, 11 и 12-ти јули. Дури и ако сте во врска или брак. Многумина од вас ќе започнат врска со личност со која работат или професионално соработуваат. Посебно во периодот од 11-ти до 17-ти јули. Во периодот од 20-ти до 26-ти јули многу вљубени парови ќе заминат на патување. По 11-ти јули многу слободни Риби ќе донесат одлука да стапат во брак. Како и да е, Соларната Еклипса што ќе се случи на 13-ти јули открива дека во следните 6 месеци ве очекуваат големи промени во љубовниот живот и во вашиот став кон децата.

Професионално, до 10-ти јули, ќе се зголемат вашите шанси за подобрување на соработката со колешките и за подобрување на меѓучовечките односи на работното место. До 12-ти јули најмногу среќа ќе имаат Рибите уметници, актери, вработените на местата за забава, во казината и во кладилниците. Од 11-ти до 17-ти јули, повеќе успех ќе имаат Рибите со јавни професии, вработените во образованието, транспортот, оние што работат со реклама и маркетинг и судиите. Додека во периодот од 20-ти до 26-ти јули добро е да заминете на одмор. Ретроградниот Меркур би можел да ви донесе проблеми во комуникацијата со колегите и претпоставените на работното место, како и проблеми со документацијата во периодот од 26-ти јули до 19-ти август. Додека Лунарната Еклипса која ќе се случи на 27-ми јули, би требало да го зголеми притисокот што вашите таинствени непријатели ќе го прават кон вас на работното место, во следните 6 месеци.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби