In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Споменар

Објавено на 30.12.2020 во 09:19

Споменар
 

Дали како деца сте имале Споменар, драги мои?

Да?

Не?

Е, па јас имав. Помладите генерации можеби не знаат што е тоа, бидејќи тие си имаат Фејсбук, Инстраграм и слични играчки. Ние немавме. Нашиот Фејсбук и Инстаграм беше Споменарот. И секој од нас си имаше профил кој го пополнуваше во Споменарот на оној кој сакаше да има спомен од нас.

Eх, кога ќе се сетам, со каква љубов и страст обичната тетратка ја цртав, ја боев, ја облепував со селотејп за да ја претворам во вистински Споменар кој подолго ќе трае, бидејќи знаев дека ќе поминува од рака до рака, низ кој знае колку раце. Можев да купам и вистински Споменар во книжарница, ама не. Задоволството беше поголемо кога јас самата ќе си го направев, како што јас си замислував дека треба да изгледа.

Потоа се сеќавам, кога пополнував нечиј туѓ Споменар, со колкава сериозност барав сликички кој никој друг ќе ги нема. Исто така смислував што ќе напишам, бидејќи не сакав само да препишувам нечии туѓи мисли како на пример: „У срцу сам те закључала, не можеш изаќи. Кључ сам изгубила, не могу га наќи“, или „Ко те воли више од мене нек' још један лист окрене, али листова нема више ја те волим понајвише“... Се сеќавам дека ми беше чудно зошто ги пишуваме мислите на српски јазик и се обидував страниците предвидени за мене во нечиј Споменар да ги пополнам на македонски.

Преку Споменарот тестиравме дали некому се допаѓаме и дали оној кој нам ни се допаѓа гаи исти чувства кон нас. Ако му го дадевме нашиот Споменар на тој што ни беше симпатија и ако тој прифатеше да го пополни, тоа беше нешто како денешен ЛАЈК. Ама ако ни напишеше нешто премногу убаво, ако се забележуваше дека многу се трудел што поубаво да ги пополни страниците, ееее... тоа веќе беше нешто како денешно СРЦЕ на Фејсбук. Тоа значеше дека симпатијата е взаемна и можеме да се „префрлиме на МЕСИНЏЕР“ или да започнеме да разговараме кога ќе се сретнеме во ходник за време на одмор или кога, по часови, ќе си одиме накај дома. Следниот чекор беше симпатијата да те фати за рака, да те покани на кино или на слушање музика, дома, кај него, додека родителите се на работа...итн...итн

Е, а кога се појавија албумите со Сара Кеј, ехехееј... Дури тоа беше тотална еуфорија и зараза. Романтичните пораки беа проследени со професионално нацртани неодоливи сликички од слаткото, мало девојче со пегички на носот, во различни ситуации. Мислам дека не постои девојче на светот што не се идентификувало со овој лик или што не посакувало, барем за миг, да биде Сара Кеј. Затоа, ние, со парите што родителите ни ги оставаа за појадок или за Политикин и Микијев Забавник, брзавме до првиот киоск да купиме сликички со Сара Кеј, за сите пари, и што побрзо да го пополниме албумот. Бидејќи кога ќе го испратевме кај издавачката куќа или не знам веќе кај кого, тогаш на подарок ќе го добиевме мајмунчето Вали.

Јас не успеав да ги пополнам албумите и не го добив мајмунчето Вали, но мојата другарка Лиле успеа. Со денови чекавме да стигне подарокот. Сите се радувавме како да е наш. А, кога стигна, разочарување. Барем за мене. Беше тоа обична кадифена играчка, студена, безживотна, со празни очи, никако налик романтичните сликички полни со живот. Во тој миг јас ја загубив желбата да ги дособерам сликичите од албумот. Не знам, можеби беше тоа миг на соочување со реалноста и излегување од фазата на детството. Или пак беше само реакција на чувството дека сум ја исполнила целта. Бидејќи, во такви моменти, кога човек го добива тоа што долго време страсно го посакува, обично се прашува:
„И што сега? И што понатаму? Ете, го добив тоа што го сакам ама ништо не се смени посебно. Не паѓаат ѕвезди ниту птици се гнездат на мојата перница, не се слушаат фанфари.“

Секој од нас, кога ќе го добие тоа што го посакувал, тоа по кое долго време копнеел, без разлика дали станува збор за љубов, дете или нешто материјално, како што се: кола, стан, работа, веднаш издишува како дупнат балон и ретко кој навистина чувствува среќа.

Е, па кое е решението?

Се прашувате можеби сега. Решението е кога нашата среќа нема да зависи од надворешните фактори туку ќе биде состојба на нашиот дух. Со пари или без пари, со партнер или без партнер, успешни или во потрага по успехот, ние внатрешно треба да се чувствуваме среќни или барем исполнети. Бидејќи среќата не се крие во остварувањето на целта која сме си ја зацртале, туку во начинот на патување до неа. А, за да се постигне таа состојба треба многу работа. Ама работа на себеси.

Што е? Уште сте тука? Уште читате?
Доста беше.
Да засукаме ракави и да започнеме со работа. Да ги расчистиме одаите од нашата душа. Една по една. Бидејќи потребен ни е слободен простор. Простор кој ќе го насели СРЕЌАТА.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2021
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби