In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Луѓенца

Објавено на 18.02.2021 во 10:19

Луѓенца
 

Пред некое време прочитав подсмешлив коментар на една пријателка на ФБ која се прашуваше какви се оние луѓе кои за другите го употребуваат деминутивот „луѓенца“? Па, биле вакви, па биле онакви и така натаму и така наваму.

Е, сега, како прво, претпоставувам дека изразот луѓенца е превод од сочниот српски израз „човечуљци“. Некои оваа именка можеби ќе ја преведат како човечиња. Некои можеби мислат дека човечиња и луѓенца се изрази кои опишуваат различни карактеристики. Но, јас зборот „луѓенца“ го доживувам како кратенка за „Карикатури од луѓе“. Тие однадвор личат на луѓе. Имаат две очи, две уши, нос и уста. Некој има коса, некој не. Имаат раце и нозе. Одат, јадат, зборуваат, се смеат, ја валкаат околината. Прават се што прават луѓето. Ама не се луѓе.

Ќе прашате: „Зошто?“

Бидејќи за некое човеколико суштество да стане човек, прво треба да се очовечи. Тоа значи дека треба да стекне свест за себеси, но и свест за другите. Потоа треба да има свест за доброто и лошото што се манифестира преку чувството на срам. По срамот луѓето се разликуваат од животинчињата. Потоа треба да има свое достоинство, но и да го почитува туѓото. Да се почитува себеси, за да може да ги почитува другите. Да има способност за ги препознае мотивите за своите реакции и емоции, но и да умее да влезе во кожата на другиот и да почувствува како му е нему.

Очовечувањето значи да станеме свесни дека се што постои во Универзумот е поврзано меѓу себе и дека правејќи му добро на другиот си правиме добро и себеси и обратно.

Како да ги препознаеме?

Луѓенцата обично се како гумата. Немаат р'бет. Се виткаат на онаа страна каде што мислат дека ќе добијат некоја лична корист, коленичат, се вовлекуваат во нашите телесни отвори, лижат каде што не е за лижење. А, богами и плукаат онаму каде што би требале најмногу да излижат, ако оценат дека од тоа ќе имаат некаква полза. Така, тие се првите до шефот што секој ден му делат комплименти, аминуваат се што тој ќе направи и каже, му купуваат ситни подароци, му носат јадење и кафе. Но, немојте да се залажувате дека тие така покажуваат љубов. Напротив. Тие, во суштина, го мразат од дното на душата тој пред кого коленичат, го озборуваат зад грб и се би дале, барем за минутка, да бидат на негово место. А, кога ќе се најдат во таква ситуација, тие се оние кои безмилосно ќе му го заријат ножот во грб.

Луѓенца се оние кои се буткаат во редовите пред продавниците или со изговорот „Само да прашам“, влегуваат пред сите и додека сме трепнале си ја завршуваат работата. Секако, ако им дозволиме. Ако не им дозволиме ќе ни глумат покајување, но ќе размислуваат на кој друг начин би можеле да не изманипулираат за да си ја остварат целта.

Луѓенцата често се кријат и меѓу нашите пријатели. Тоа се сите оние кои ни глумат љубов и приврзаност, ни се декларираат како најдобри пријатели, не коваат во небо, а всушност се трудат да ја запознаат нашата ситуација, финансиска, семејна и емотивна и да видат како би можеле да ги искористат нашите слабости за да профитираат. Некогаш е тоа бесплатна пијачка, некогаш ручек, некогаш е вработување. Но, често пати излегува дека некој од луѓенцата типувал на нашиот маж или жена.

Луѓенцата ќе ви се прават лизни-мази додека им треба нешто од вас. А, кога ќе го добијат тоа нешто повеќе нема да ве познаваат или уште полошо, ќе ви најдат маани што ги немате за да имаат материјал да ве озборуваат. А, се со цел да ја минимизираат добрината што сте им ја учиниле.

Луѓенца се сите оние кои се тука за вас кога ви е добро. Но, не дај Боже да ви е потребна некаква помош. Ако треба да ви го причуваат детето додека сте на лекар, да ви помогнат при селењето, да ве тешат кога сте даун, да ви купат лекови. Тогаш тие, речиси редовно, имаат други обврски, немаат време и тие си имаат свои проблеми, ќе им дојдат кумовите на гости, треба да ја посетат болната мајка, жената не им дозволува да излегуваат од дома по истекот на работното време, и нивното дете се разболело и слично.

Луѓенца се и сите оние кои за едно тапкање по рамо, за еден сендвич, за скалило погоре во кариерата или за грст сребреници, сеедно, се во состојба да се продадат себеси, семејството, предците и потомците, името и татковината.

И што е најважно. Не заборавајте дека луѓенцата многу лесно се навредуваат. Ако не го добијат тоа што замислиле дека треба да го земат од вас, тие веднаш ќе се налутат и повеќе нема да ви зборуваат. Па, што очекувавте? Немаат тие време и енергија да инвестираат во неисплатливи инвестиции. Треба да ги разберете и да им дадете се што ќе ви побараат. Ако сакате да ви останат пријатели. Ако не, кој ви е крив? И онака има уште многу луѓе низ светот што тие треба да ги обесчовечат.

И конечно, луѓенца се сите оние кои ви љубоморат затоа што сте станале и останале луѓе, но ништо нема да направат да станат слични на вас.

Знаете ли зошто?

Затоа што мислат дека така им е поисплатливо.

П.С. Не се тревожете ако се препознаете во некои делови од описот. Сите ние сме луѓенца во некои ситуации, бидејќи не сме совршени. Но, вистинските луѓенца се такви постојано.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби