In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Зошто не постои дневен хороскоп?

 
Текст објавен во јуни 2007

Зошто не постои дневен хороскоп?
 

Речиси сите дневни весници кои држат до своето реноме настојуваат своите последни страници да ги пополнат со дневен хороскоп. Па, во стилот на Марија Антоанета, која несвесна за проблемите на другите божем им советувала ако немаат леб да јадат колачи, така и весниците ако не можат да ве заштитат од страниците полни со насилство, глад, криминал, неправда, на крајот ви го нудат “колачето” наречено дневен хороскоп.

А таму, во графата љубов ви пишува дека ве очекува страсна авантура, тогаш кога вашата тригодишна врска пропаѓа. Во графата работа стои “блескава кариера” тогаш кога добивате отказ. Додека за здравствената состојба хороскопот тврди дека е одлична тогаш кога лежите во кревет со температура од 40 °C.

Тогаш, убедени дека астролозите се луѓе што работите си ги измислуваат од своја глава, вие во зависност од вашиот карактер или ќе продолжите да ги читате дневните хороскопи со цел да се забавувате со нивната содржина или ќе ја прескокнувате таа страница.

– Дали астролозите лажат или?

Ако над хороскопот не видите слика со име и презиме на тој што го пишува, постои голема веројатност хороскопот да не е напишан од астролог. Но, од друга страна, астролог кој сака да го сметаат за сериозен никогаш нема да се потпише под дневен хороскоп.

– Зошто?

Бидејќи знае дека такво нешто не постои.

Водена од принципот на Хермес Трисмегистос, дека “како е горе така е долу, како е надвор така е внатре”, Астрологијата ги следи движењата на небеските тела и преку нив се обидува да ги предвиди идните случувања во животот на еден човек, група луѓе, народи, држави.

– Зошто астрологијата не може да ги предвиди случувањата за секој нов ден?

За да го објасниме ова, треба да се потсетиме за механиката на планетите. Значи, сите знаеме дека Земјата постојано се движи околу својата оска и околу Сонцето, сите планети постојано се движат околу своите оски и околу Сонцето. Нашата галаксија (Млечен Пат) постојано ротира околу својот центар. Целиот Универзум е во постојано движење. Заради тоа, планетите во однос на Земјата секогаш имаат поинаква позиција и поинаков агол. Но, и позицијата меѓу планетите постојано се менува. Така, не е исто ако планетите ги испраќаат своите вибрации на Земјата од делот на еклиптиката која одговара на знакот Близнаци (60 - 90°) или од делот на еклиптиката што одговара на знакот Шкорпија (210 - 240°). Како што не е исто дали аголот што го завземаат две планети меѓу себе има 30°, 60°, 90°, 120°, 180°. Бидејќи кога аголот меѓу планетите е 60° и 120°, вибрациите меѓу планетите се компатибилни, се надополнуваат. Но, ако аголот е 90° или 180°, тогаш тие си пречат едни на други, се сечат, се некомпатибилни.

За да може да се предвиди каква ќе биде сликата на небото и каков ќе биде аголот што планетите ќе го завземат меѓу себе, исто така треба да се знае и брзината со која се движат планетите.

Така најбрза е Месечината, која иако не е планета, бидејќи се наоѓа најблиску до Земјата, има силно влијание врз Земјата и врз се што живее на неа. На Месечината и требаат околу 28 дена да направи цел круг околу нашата планета. Додека, како сателит на Земјата, Месечината околу Сонцето се врти за исто време како и Земјата, за 365,25 дена.

На Меркур му требаат 88 дена да направи еден цел круг околу Сонцето, на Венера 225 дена. Марс ротира околу Сонцето за една година и 322 дена, Јупитер за 11 години и 315 дена, Сатурн за 29 години и 267 дена, Уран за 84 години и 7 дена, Нептун за 164 години и 285 дена и Плутон за 248 години и 157 дена.

Ако сега ова се сведе на времето што и е потребно на секоја планета да помине еден знак од Зодијакот (30° од еклиптиката) со цел да се промени сликата на небото гледано од некоја точка на Земјата, тогаш го имаме следниот резултат.

На Меркур како најбрз од сите планети, му требаат 14 дена да помине еден хороскопски знак. Венера истото растојание го поминува за 26 - 30 дена. А, кога е ретроградна (привидно се движи наназад) што се случува 1 до 2 пати годишно, тогаш и се потребни 2 месеца да помине еден знак.

На Сонцето (гледано од Земјата) му требаат 28 - 31 дена за еден знак.

Марс поминува еден знак во просек за 2 месеци. Понекогаш е побрз и му требаат само 40 дена. Но, ако е ретрограден му требаат дури 6 месеци. Меѓутоа, не е ретрограден секоја година.

Јупитер просечно поминува еден знак за една година. Ако е побрз може да се случи да го помине знакот за 6 месеци. Но, ако е ретрограден, што не се случува секоја година, му требаат 18 месеци за еден знак.

Сатурн поминува во секој знак по 2,5 години. Во тој период е ретрограден 2 - 3 пати.

На Уран му се потребни околу 7 години да помине еден знак (30° од еклиптиката). Тој секоја година е ретрограден, значи 7 пати во ист знак.

Нептун поминува еден знак за 14 - 15 години, а ретрограден е речиси секоја година. Периодот на ретроградноста може да трае и до 5 месеци.

И конечно доаѓаме до Плутон. Неговата орбита е до тој степен ексцентрична што некогаш му требаат 12 години, друг пат дури 25 години да помине еден знак. Најбрзо минува низ Шкорпија (12 години), најбавно низ Рак (25 години). Речиси секоја година е ретрограден во времетраење од 6 месеци.

– После сето кажано, што мислите за колку планетите можат да ја сменат својата позиција во еден ден, за да создадат нов однос меѓу себеси и нова небеска слика, за тоа да донесе голема промена и во животот на еден човек?

– Одговорот е: речиси никаква.

Единствено на Месечината и требаат 2 до 2,5 дена да помине низ еден знак. Меѓутоа, тоа е само капка во морето од другите, посилни влијанија на планетите.

Значи, најмал период за кој може да се смени нешто на Небото, но не секогаш, е една недела.

– И сега, кога го знаете сето ова, дали ви изгледаат сериозно дневните хороскопи?

Гледано со очите на сериозните астролози, тоа е само начин да се девалвира вредноста и значењето на Астрологијата. Но, за жал, живееме во време кога за најголемиот број луѓе “парите се единствениот Бог на кој што тие му се поклонуваат”. Па, подготвени се да ја девалвираат професијата со цел да дојдат до повеќе пари. Но, да не бидеме премногу строги и да не заборавиме дека астролозите се сепак само луѓе. А луѓето не се совршени, нели?

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби