In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Јами Мами од Мајами

 

Јами Мами од Мајами
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Ако мажот очекува од жената да биде ангел во неговиот живот, тој мора прво да изгради Рај за неа. Бидејќи ангелите не живеат во пекол.“

Оваа мисла од непознат автор на шеговит начин ја кажува вистината за нереалните очекувања што ги имаат некои мажи во однос на жените. Не велам дека сите жени се цвеќе за мирисање. Напротив, голем број и од нив очекуваат да го сретнат принцот на белиот коњ кој ќе ги реши сите нивни проблеми. Меѓутоа, и во првиот и во вториот случај се работи за недозреани луѓе со нереална перцепција за себеси и за светот околу себе.

Ако сакам да бидам искрена до крај, ќе кажам дека мажите, за едно копје, се понапред во оваа работа од жените. Пред се заради начинот на воспитување и третманот од страна на нивните мајки. Па, третирани на начинот: „Немој сине да стануваш, мама ќе ти даде вода“, нивните мали принцови остануваат мали во умот и кога ќе пораснат. Несозреани на време, тие очекуваат дека е доволно тоа што само постојат, за жената што ги сака да гине за нив. Бидејќи, мамините мази живеат со илузијата дека заслужуваат да имаат покрај себе жена што изгледа како авион, заработува како Рокфелер, има наследство од родителите како Барбара Хатон, во кревет е како Чичолина, пред роднините и комшиите е како Богородица, а со децата се однесува како Г-ѓа Монтесори. Тоа што тие немаат што да и понудат, освен евентуалната убавина, тоа никој не го гледа. Посебно не овие недозреани типчиња и нивните мајки.

Таков отприлика беше Мартин кога го сретнав за прв пат. Беше убав дечко, висок околу метро и девеесет, со коса во боја на лешник и темни очи. Имаше убаво градено и цврсто тело, кое го одржуваше со практикување боречки вештини. Првата асоцијација што ја добив беше дека, заради нешто а не ми беше јасно заради што, ме потсетува на Алан Форд од романчињата. Имаше завршено некое средно школо што трае три години и не се изразуваше сосема добро на македонски јазик. А, тоа си го оправдуваше со фактот дека до својата деветта година живеел со родителите во странство. Имаше намера повторно да се сели во странство и беше дојден да дознае дали одбрал добар момент за тој потфат и дали ќе се остварат неговите планови?

Неговата Натална Карта покажуваше дека во минатиот живот бил духовен човек кој паднал на испитот на егото. А, како што мене ми се чинеше со оваа работа немаше расчистено ниту во овој живот. Напротив, неговото его беше толку големо што мислам дека физички го чувствував како надуен балон испречен меѓу мене и него. На оваа моја забелешка кажа дека и во овој живот го интересираат духовните работи. Но, решил да им се посвети посериозно откако ќе заработел пари. Што не ми личеше како нешто нелогично, бидејќи човек не може да мисли на Господ и на смислата на постоењето додека му крчат цревата, нели? Меѓутоа, повторно заради надуеното его, тој ги користеше духовните сознанија до кои доаѓаше преку разговорите со своите пријатели кои ги проучуваа тие теми, за да ги импресионира луѓето од кои би можел да има некоја корист или девојките што сакаше да ги однесе во кревет.

Понатаму, неговата Натална Карта покажуваше дека во овој живот би можел да направи одлична кариера доколку се занимава со некоја уметничка гранка или ако работи во бизнисот со модата. Ми потврди дека се дружи со луѓе што се занимаат со уметнички професии, дека и самиот нешто се обидува да прави на тој план. Но, ништо од тоа не беше сериозно. Да биде манекен веќе е стар со триесет години. До сега два пати се запишувал на факултет од областа на уметноста, и овде и во странство. Но програмата не била таа што тој очекувал и посакувал да биде, па затоа ги напуштал студиите уште после првата година. Му кажав дека во тековната година ќе има успех на љубовен план, а дека следната година ќе има шанса за професионален пробив. Но, ќе мора прво самиот да направи нешто со што ќе си ги зголеми шансите за успех. Бидејќи, како што му реков: „Ѕвездите само укажуваат на потенцијалот што еден човек го носи. Но, од човекот зависи дали тој потенцијал ќе го искористи, ќе го развие или бадијала ќе го потроши.“

Тогаш тој израдуван од чуеното почна да ми раскажува:

„Да, да. Од оваа година сум во врска со една женска, богата, единица. А, планирам да одам за Америка. Пред некое време кај нас дома беа на гости другари на сестра ми што живеат во Њујорк. Ми рекоа дека имам шанси да успеам таму. Во прво време се понудија да ми помогнат со тоа што ќе живеам кај нив додека се снајдам. Ми викаат дека во Њујорк врие од постари жени што се пуни ко брод, а не се мажени. И дека ако некоја ме бендиса ќе живеам ко бубрег у лој. Дека имало жени на Менхетн како оние од „Сексот и градот“ што поседувале цели згради, со базени, пиеле од чаши опточени со дијаманти. Ми викаат: „Брат, ко што си млад и згоден може некоја да се загледа во тебе додека работиш у клубот кај што излегува таа, може и да те сретне на улица. А, пошто градот е голем, тие не губат време. Одма ќе те застане и ќе ти бара број од мобилен. Па, ако се покажеш у кревет, можеш да си го прчиш цел живот.“ Сега чекам на виза и одам.“

Додека Мартин ми раскажуваше соживеан во филмот, јас си размислував какви се двојните стандарди меѓу луѓето во Македонија. За девојка која би го направила истото нема да штедат на погрдни коментари. Во најдобар случај би ја нарекле спонзоруша. А, кога истото го прави маж, тогаш тој е опасен и паметен фраер. Тогаш му реков:

„Остај ги рибарските приказни што ти ги кажуваат другарите. Еве, те прашувам ти што мислиш. Дали жена која направила толкаво богатство, а притоа и добро изгледа, бидејќи нон-стоп е по козметичари, како што самиот ми кажуваш, би сакала покрај себе да има маж кој е никој и ништо? Јас мислам дека не. Секоја успешна жена посакува покрај себе да има успешен маж. А, згодните дечковци и се занимација додека не го сретне. Затоа, подобро би било да размислуваш како можеш ти да станеш успешен. Уште повеќе што парите на богатата жена никогаш нема да бидат твои пари и ќе мора да ја трпиш ако сакаш да живееш на висока нога.“

Колку што можев да забележам од изразот на неговото лице, моите зборови само влегуваа во едното и излегуваа од другото негово уво, бидејќи тој одлучно ги бранеше своите балони од фантазии да не пукнат пред налетот на вистината. Тогаш го прашав дали мајка му знае за неговите намери и што мисли за тоа? Ми одговори дека мајка му го поддржува во се што прави само да успее и да стане богат.

„А, што ќе правиш со девојката?“

„Па, ако најдам боља од неа, разлаз.“ одговори тој ладнокрвно.

Не можејќи да се воздржам пламнав: „Ама како не сфаќаш дека ти нема да бидеш тој што е богат, туку ќе бидеш играчка на некоја жена додека таа не си најде нешто помладо и поинтересно. Можеш да привлечеш убава и богата жена само кога ти, самиот, ќе станеш она што бараш од жените.“

„Да, да“ промрморе Мартин. „Секако дека ќе барам начин да се пробијам во светот на шоу-бизнисот.“

Кога сфатив дека ова е разговор на две радија кои се на различни фреквенции ја предадов рундата и само го предупредив: „Многу би сакала да успееш, бидејќи имаш потенцијал. Но, не заборавај дека треба и многу да работиш. И уште ова да ти кажам, ако не се видиме повторно. Треба да запомниш дека никако не смееш да имаш секс на работното место, бидејќи освен што ќе ја загубиш работата, ќе го загубиш и угледот и почитта меѓу луѓето. А, може и нешто полошо да биде. И ова предупредување важи за цел живот.“

„Ха..ха..ха“ громогласно се изнасмеа Мартин „А, баш мислев дека цел живот ќе го поминам со сите четири у вис, оти така и рекла некоја гатачка на мајка ми.“

„Што и рекла?“ прашав јас со неверување.

Па, и рекла: „Жените ќе го обожаваат твојот син. Тој два пати ќе се жени за богати жени. Ќе живее со сите четири у вис.“

„Дека жените ќе те сакаат тоа не е тајна. Но, додека си млад. Како годините ќе поминуваат, а ти немаш ниту школо ниту работа, успешните и убави жени ќе бегаат од тебе. Ќе си бараат успешни мажи за да оформат семејство. Фраерчињата се успешни кај девојчињата во гимназија. Ама бубалиците имаат повеќе успех кај зрелите жени. Бидејќи, тие мажи, како возрасни, имаат повеќе предиспозиции да дојдат на некоја функција, да заработат повеќе пари и да им пружат стабилност и комодитет на своите семејства. А, тоа им значи многу на најголем број жени.“

До следната средба со Мартин помина една година. Дојде да си го чуе својот Соларен Хороскоп. Но, првото нешто што го рече после размената на вообичаените реченици при средба беше:

„Леле вештицо една, па ти не си нормална!“

„Зошто?“ го прашав јас смеејќи се збунето.

„Па, како можеше да знаеш дека ќе имам проблеми ако мувам некоја на работа?“

„Чекај сега, објасни ми! Прво што направи во Њујорк? А, после зошто се врати?“

„Каков Њујорк? Ме извисија пријателите Македонци. Не дојдоа да ме земат на аеродром. Па, се снаоѓав како знаев и умеев. Во Њујорк мали беа можностите за некоја поасална работа. А, во уметничките кругови уште потешко беше човек да се пробие. Можеби ќе можев со тек на време, ама мене веднаш ми требаше работа. Затоа, отидов во Мајами. Ми рекоа дека е туристички центар. Дека во екот на туристичката сезона доаѓаат луѓе од цел свет и лесно се наоѓа работа.“

„Што работеше таму?“ бев нестрплива да чујам.

„На рецепција. Што можам друго да работам?“ продолжи Мартин „Хотелчето беше мало. Се спријателив со вработените. Имаше многу мексиканци. И таман почнав да откривам други легални начини да правење пари, оти кога си во Америка мозокот поинаку ти работи и гледаш илјада можности за заработка, се случи тоа“, изговори Мартин и ме погледна со ококорени очи.

Не знаејќи во кој правец да ми оди умот го прашав:

„Се случи нешто убаво или лошо?“

„Чекај, ќе чуеш. Тој ден бев ноќна смена до сабајле. Луѓе се муваа до кај дванаесет на полноќ, а после штама. Досадно, у пичку матер. Едно време отидов во кујната, беше во продолжение на рецепцијата од лева страна, да испушам една цигара, оти во Америка никаде не се пуши внатре. Се враќам и таман си мислев што да правам да не ми се приспие, кога влегува една женска, авион. Се на неа ко што треба. Знаеш, сите во Мајами билдаат, имаат топ тела. А, скоро сите жени имаат силиконски усти, цицки, газови. Е, една таква влезе и седна на шанк. Облечена во брендирана облека. Злато на неа едно кило. Имаше над четириесет години зихер. Нарача виски.“

„Каде нарача виски? Па, нели немало никој друг освен тебе?“ ми беше нелогично мене.

„Па, кога бев трета смена јас им давав пијалак на тие што седеа на рецепција. И да се вратам на приказната. Додека женава го пиеше вискито почна да ми прави муабет. Ме прашуваше од каде сум, кога сум дошол. Па, ме фати за рака и ми рече дека сум бил многу згоден за да работам на рецепција. Ми рече дека требало да отидам на аудиција за манекени. И мене толку ми требаше. И се нафрлив...“

„Како и се нафрли кога си бил на работа? А, ако влезел некој?“ се шокирав јас од неговата небрежност.

„Па, во тие мигови не мислев баш на тоа. А, после полноќ обично живо пиле немаше.“

„И после?“ прашав, претпоставувајќи веќе што можам да чујам.

„Па, после ја однесов во кујната оти само таму имаше маса каде што можев да ја легнам. И така.“

„Што така?“

„Па, завршивме работа. Таа си замина. По некое време и мене ми дојде смена. И сега доаѓа главното. Само што се вратив дома и се спремав за спиење, а цимерот се спремаше за на работа, некој почна силно да лупа на врата. А, после да вика: „Отворај, полиција! Отворај полиција!“ Прво си мислев дека е некаква грешка, бидејќи во Мајами секој ден слушаш сирени. А, неколку дена претходно имаше убиство во станот до мене. Ама, кога отворив, гледам тројца полицајци и едниот прашува: „Кај е Мартин, тој и тој.“ Му викам: „Јас сум. Што ви треба?“ А, тие: „Ти ни требаш, доаѓај со нас.“

„Ииииии...“ го прашав јас со широко отворени очи.

„Ха..ха..ха..Таков изглед имаше и цимерот кога со очите ме прашуваше што сум направил. А, јас го смирувам и му викам: „Ништо бе брат, сигурно е некоја грешка.“

„Не се исплаши?“ бев љубопитна јас.

„Тогаш не. Ама кога ме однесоа во полициска станица, кога ми ја покажаа сликата од жената и кога ме прашаа дали ја познавам, тогаш ми се пресекоа нозете. Им раскажав се како што беше. И онака немав што да кријам. Ме чуваа едно време во станица додека го испитуваа случајот и попладнето ме пуштија.“

„Иииии... Која е таа? Што била работата?“

„Замисли, таа ме пријавила дека сум ја силувал. И за малку ќе заглавев во затвор. А, таму се опасни казните за силување. И знаеш ли што ме спаси? Камерите за надзор во кујната. На нив се гледаше дека таа доаѓа со мене по своја волја, дека не е силување. А, откако полицијата ја испита, откри дека не е прв пат да спие со некој, па да го пријави за силување.“

„Зошто го правела тоа? Луда ли била?“

„Неее. Била многу отракана. Ги пријавувала за силување и земала тешки оштети. Па, со тие пари живеела на висока нога. Замисли? И тогаш ми текна на тебе и на тоа дека ме предупреди да немам секс на работното место. „Леле каква вештерка е оваа Вики“, си реков. Ама не те послушав на време. Сега знам за друг пат. Затоа, отварај таму тефтерот и кажи што понатаму!“

„Ха...Во овој случај си се спасил бидејќи не постоеја аспекти во Наталната Карта кои сугерираат некоја посериозна опасност. Ама во други услови не би се извлекол толку лесно. Затоа сега ќе си запишеш се што ќе ти кажам и ќе внимаваш што правиш.“

А, вие драги пријатели ќе ја прочитате поучната приказна што следува. Вели вака:

По завршувањето на едно предавање, во опуштениот разговор со професорот, кој бил убав човек, омилен меѓу студентите, еден од студентите се осмелил да го праша она што сите тие меѓу себе го дискутирале: „Зошто никогаш не се оженил?“

Професорот бил малку изненаден од прашањето, го сметал за неумесно. Но, откако размислил дека неговиот одговор би можел да им биде од корист на студентите одлучил да се отвори:

„Јас имав многу интересен и исполнет живот, не можам да се пожалам. Го пропатував светот, се запознав со разни луѓе. Еднаш дури бев вљубен во една прекрасна жена чија убавина никого не оставаше рамнодушен. Меѓутоа, за жал, нејзината душа не беше толку убава како нејзиниот изглед, па по некое време се разделивме. Потоа сретнав уште една жена. Таа беше и убава и паметна и образована. За жал, карактерите не ни се согласуваа и моравме да се разделиме. После тоа сретнав многу прекрасни жени, но секогаш нешто им фалеше. Никоја не беше совршена.“

„И зарем никогаш не сретнавте некоја таква?“ прашал некој меѓу студентите.

„О, да. Се случи и тоа. Еден ден запознав токму таква: совршена жена, паметна, убава, продуховена, елегантна, добра..., ма што да ви раскажувам. Вистинско совршенство!“

„Ииии... Што се случи со неа?“ нестрпливо, во еден глас извикале студентите.

„На мое разочарување излезе дека и таа бара совршен маж!!!“

Ако се прашувате која би била мојата порака, драги пријатели, ќе ви кажам дека ако сте во потрага по совршена жена, совршен маж, совршен пријател, совршена љубов, се плашам дека животот ќе ви помине во барање. Она што можете да направите е самите да станете што подобри, најдобрата верзија од себе. А, заради тоа што сличностите се привлекуваат, можеби ќе имате среќа да го најдете тоа што го барате.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби