In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Сатурн коњукција Плутон

 
Објавено на 13.04.2019 во 21:00

Сатурн коњукција Плутон - Ќе се повтори ли СФРЈ на Балканот?
 

Во историјата на човештвото, секогаш кога Сатурн бил во неповолен аспект со разорниот Плутон на небото, на Земјата се случувале војни, економски кризи, земјотреси, вулкани, поплави, пожари. Секогаш се уривале старите системи и традицијата за, од пепелта на разрушеното, одново да никне некое ново општествено уредување, нова држава, нов распоред на политичките и воени сили, нови сојузи меѓу државите, нова финансиска политика, нови погледи на светот.

Како доказ за ова мое тврдење нека послужи фактот дека Првата Светска Војна е започната кога Сатурн и Плутон правеле коњукција, на 28-ми јули 2014 (Сатурн на последните степени на Близнаци, Плутон на првиот степен од Рак). Додека еден од најразорните земјотреси во дваесеттиот век, од 7 степени според Меркалиевата скала, бил оној на 4-ти октомври 1914 година во Турција, кога Сатурн и Плутон биле во егзактна коњукција во Рак.

Големата светска економска криза во октомври 1929 година е почната повторно кога Сатурн правел затегнат аспект со Плутон (Сатурн на последните степени од Стрелец кон Јарец во опозиција со Плутон од Рак). А, во 1931 година поплави од невидени размери во Кина однеле 2,5-4 милиони животи (Сатурн од Јарец и понатаму прави опозиција со Плутон од Рак).

Одиме понатаму, Втората Светска Војна е започната во септември 1939 година. Тогаш Сатурн од Бик правел квадрат, затегнат аспект, со Плутон од Лав. А, запршка на манџата додал Уран кој, како и сега, се наоѓал во Бик.

Во нашето поблиско минато, последниот пат кога Сатурн беше во Јарец, од февруари 1988 до февруари 1991, се случија низа настани кои имаа домино ефект во уривањето на светот што дотогаш го познававме. Се случи распаѓањето на тогашниот СССР, на земјите од Варшавскиот Пакт, беше срушен Берлинскиот Ѕид, се распадна СФРЈ. Всушност, се распадна едно општествено уредување познато под името социјализам. Овие драстични прекројувања на картата на светот направија уште подраматична промена во рамнотежата на силите, и политички и воени, во поновата историја. И замислете, тогаш бевме поштедени од уште пошокантни настани, бидејќи во Јарец се наоѓаше само Сатурн, додека Плутон беше во нему пријателската Шкорпија. Тука е интересен податокот дека Берлинскиот Ѕид и се изгради и се сруши додека Сатурн беше во Јарец. Се изгради во 1961 година, а беше срушен на 9-ти ноември 1989.

Зошто Сатурн и Плутон се поврзуваат со овие разурнувачки настани?

Од астролошки аспект, Сатурн е поврзан со градењето на структурата и формата, со дисциплината, контролата, парите и моќта. Кога е во Јарец, тој е во своето седиште, свој на своето, господар на времето, реализатор на судбината, тој гради и го руши она што некогаш го изградил. Плутон пак е оној кој ги разурнува застарените форми, тој е експлозија, тој го принудува човека да допре до својата потсвест, да ги открие своите стравови и тајни, да ги извади на површина, да се трансформира во посовршена форма. Кога Сатурн е во коњукција со Плутон (се наоѓаат во иста линија), и двете се кармички планети, тие ги активираат судбинските настани и тогаш се случува внатрешен конфликт, и во секој човек и во општеството како целина.

Од една страна е желбата на човекот за личен развој, благосостојба, моќ. Но, бидејќи сите ние живееме опкружени со други луѓе, како енергетски сврзани садови, сакале или не, си влијаеме еден на друг. Па, здрави сме, ние лично и општеството во кое живееме, само кога ја преземаме одговорноста за сопствените постапки, кога соработуваме со другите луѓе, кога взаемно си помагаме. На овој план Сатурн и Плутон би требало да предизвикаат конфликт, во нас лично, но и во функционирањето на општеството, со цел да се ослободиме од старото, од непродуктивниот и застарен начин на размислување и однесување, од она што повеќе не ни служи и да прераснеме во нешто посовршено, да ја трансцендираме нашата свест.

Овој конфликт што ќе го предизвика коњукцијата меѓу Сатурн и Плутон, би требало да предизвика некаков вид на трансформација на владите, државните служби, финансиите, доброволно или по насилен пат. Би требало да има пожари, несреќи во рудници, земјотреси, зголемена омраза меѓу луѓето, злоупотреба на моќта и корупција од највисоки размери. Но, од друга страна, овој аспект ќе биде одличен за напредокот на индустријата, квантната медицина, технологијата на рециклирање на отпадот, генетиката, рударството.

Кога ќе се случи коњукцијата на Сатурн и Плутон?

Коњукцијата веќе се случува од март 2019 година. А, ќе биде актуелна и во април и јуни 2019. Сепак, таа својата кулминација ќе ја доживее во периодот од 20-ти декември 2019 до 1-ви февруари 2020 година.

Кои земји би требало да бидат најзасегнати од коњукцијата на Сатурн и Плутон во Јарец?

Најзасегнати од случувањата предизвикани од коњукцијата меѓу Сатурн и Плутон би требало да бидат сите земји кои се под влијанието на знакот Јарец, заради датумот кога се формирани или заради нивната местоположбата и конфигурација. Потоа, земјите Ракови, Овни и Ваги. Како најистакнат репрезент на Јарецот се земјите од Балканскиот Полуостров, како и сите земји кои се наоѓаат на ридести, каменести и неплодни предели (Авганистан, Индија, Сибир, Тибет, Боливија). Земјите хороскопски Ракови се: Америка, Шкотска, Холандија. Земјите Овни: Германија, Англија, Данска, Шведска, Франција, Јапонија, Палестина, Венецуела, Сирија, Австралија. Земјите Ваги: Кина, Австрија.

На што би требало да не научи коњукцијата меѓу Сатурн и Плутон?

Аспектот Сатурн коњукција Плутон, секогаш покажува дека нешто завршува, некој период од нашиот живот, начинот на кој до тогаш сме живееле, нашите размислувања и однесување. Нешто е бесповратно завршено и ние ќе мора да се ресетираме, за да можеме да се прилагодиме на новите услови за живот. Ваквата трансформација ќе биде потребна во сите сфери на општеството во кое живееме. А, бидејќи коњукцијата се случува во Јарец, кој е господарот на формата и кристализацијата, тоа значи дека ќе се уриваат старите форми (држави, сојузи, правила, убедувања, системи) за да се случи воспоставување на нови.

Ќе бидеме принудени да се дисциплинираме и да ги прифатиме сопствените граници. Ќе мора секој од нас и целото општеството да ја прифати одговорноста за сопствените постапки и за она што се случува на Земјата. Почнувајќи од насилството, загадувањето, климатските промени, до одговорноста за сопственото и туѓото здравје. Ќе мора да се научиме на почитување кон себеси и кон другите, кон сопствениот и кон туѓиот живот. Без разлика дали е тоа живот на човек, растение, животно, животот на нашата планета. Ако не сме доволно свесни да го направиме тој процес доброволно, тогаш Земјата ќе биде принудена со сопствени сили да бара начин да се ослободи од притисокот кој со векови го потиснува во себеси и на површина да ја исфрли сета нечистотија преку вулкани, земјотреси, цунами и поплави.

Веќе сигурно претпоставувате дека одговорот на прашањето од почетокот на текстот: „Дали ќе ни се повтори СФРЈ на Балканот?“, зависи од нас самите. Сега, ние, народите на Балканот, кои се калевме низ разорната братоубиствена војна во СФРЈ во деведесеттите години на дваесеттиот век, ние сега ќе го полагаме дипломскиот испит на тема добрососедски односи, рационално однесување за сметка на импулсивноста, заедништвото наспроти поделбите, прифаќање на новото наспроти традицијата, за која што писателот Добрица Ќосиќ вели: „Традицијата е магацин на најдени работи, од кој секој го зема она што му се допаѓа.“

Ако е така, ајде тогаш да го земеме само она што не соединува, а не она што не разделува. Ајде да се надминеме себеси и сопствените слабости и да трансцендираме во подобри луѓе исполнети со љубов еден за друг, а не со омраза. Во спротивно, ако самите не се научиме на тие вредности, случувањата кои ќе бидат надвор од наша контрола, ќе не научат на нив. Во тој случај, повторно ќе се докаже веродостојноста на мислата излезена од перото на великиот Иво Андриќ кој вели:

„Ништо повеќе не ги зближува луѓето, од среќно преживеана несреќа.“

Ни посакувам среќно да се зближиме без несреќа.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби