In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

 
Објавено на 14.07.2019 во 09:26

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
 

Јули 2019 година е месец на две Еклипси (Затемнувања). Така, на 2-ри јули се случи Затемнувањето на Сонцето (Соларна Еклипса) во Рак. Додека на 16-ти јули ќе се случи Затемнувањето на Месечината (Лунарна Еклипса) во Јарец, кој е опозит на Ракот. Во астрономска смисла, Затемнувањето на Сонцето се случува кога меѓу Сонцето и Земјата ќе се најде Месечината. Па, гледано од Земјата, светлината што ја рефлектира Сонцето се намалува. Оваа Еклипса секогаш се случува на млада Месечина.

Затемнувањето на Месечината или Лунарната Еклипса се случува кога Земјата ќе се најде меѓу Месечината и Сонцето и со својата сенка ја затемнува Месечината. Оваа Еклипса секогаш се случува за време на полна Месечина. Но, тука би можеле да се прашате зошто нема секој месец затемнување на Месечината, кога таа прави по еден круг околу Земјата на секои 28 дена? Одговорот лежи во фактот дека орбитата на Месечината е навалена за неколку степени, па нејзината траекторија не го следи секогаш правецот на сенката што ја прави Земјата.

Инаку, во астрологијата, Соларните Еклипси се знак на промени и нови почетоци. Додека Лунарните Еклипси се симбол на кулминацијата на некој процес и негов крај. Така што оваа Лунарна Еклипса во Јарец би требало да придонесе во периодот од 16-ти јули 2019 до 10-ти јануари 2020 да се потенцира она што повеќе не ни е потребно во животот, за да не поттикне да се ослободиме од истото. Фрустрациите се случуваат кога поради нашиот страв од новото и непознатото немаме храброст да ги пуштиме работите и луѓето кои ја завршиле својата улога во нашиот живот и грчевито се држиме за нив, иако ни прават повеќе штета отколку што имаме корист.

Влијанието на Соларната Еклипса што се случи на 2-ри јули 2019, најмногу ќе го почувствуваат родените во знакот Рак до крајот на годинава, до 26-ти декември 2019. Додека Лунарната Еклипса, која ќе се случи на 16-ти јули 2019 и своето влијание ќе го покаже до 10-ти јануари 2020, најмногу ќе ја почувствуваат родените во знакот Јарец.

Какво ќе биде влијанието на Лунарната Еклипса на останатите знаци од Зодијакот?

Начин на читање: Најмногу ќе ви одговара текстот што одговара на вашиот Подзнак (Асцендент). Но, поголема ширина во сознанијата ќе добиете ако тие информации ги комбинирате со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете вашиот Подзнак (Асцендент), направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Соларната Еклипса во следните шест месеци би требало да предизвика некакви промени во вашиот дом, во местото на живеење, во односот со членовите на семејството. Ќе мора да расчистите со старите работи и да се отворите за новото. Додека на план кариера, ќе мора да се ослободите од стравот и од работите кои не ви носат задоволство туку само тежини. Ако тоа не го направите самите вие, доброволно, Лунарната Еклипса во периодот од 16-ти јули 2019 до 10-ти јануари 2020 година, ќе испровоцира да се случи она од кое што најмногу се плашите и свесно го избегнувате.

Бик

Вашиот однос со браќата, сестрите, роднините и соседите е зрел за ресетирање. Па, во следните 6 месеци, под влијанието на Соларната Еклипса, ќе се случат некакви промени на тој план или на план автомобил и учење нешто ново. Од друга страна, ќе треба да се ослободите од фантазиите за богат и луксузен живот некаде во странство, од сонот за луксузни патувања или за конечна преселба. Лунарната пак Еклипса во следните 6 месеци ќе има за цел да ве поттикне да го загреете столчето и да ги завршите обврските кон факултетот, да го постигнете максимумот во духовната дисциплина со која се занимавате и да се ослободите од обврската да ја практикувате редовно. А, под влијанието на Лунарната Еклипса би можеле до 10-ти јануари 2020 да добиете импулс да ги соберете сите потребни документи за добивање дозвола за престој во некоја странска држава.

Близнаци

Соларната Еклипса најавува дека ќе се случуваат промени во вашата финансиска состојба во следните 6 месеци. Затоа, добро е да се ослободите од она што го работите за пари и да започнете да го работите она во кое што навистина уживате и со срце и со душа. Од друга страна, Лунарната Еклипса ќе бара од вас да ги подмирите сите долгови кон луѓето и институциите во следните 6 месеци. А, ако не сте задоволни со моментниот сексуален живот, треба да го напуштите стариот начин на однесување и да си го пронајдете оној или онаа, што ќе ве направат исполнети и среќни.

Рак

Соларната Еклипса кај вас ќе донесе промени на личен план во следните 6 месеци. Па, постои можност да го смените својот надворешен изглед, своите размислувања, однесување, стил на живот, пријателите кои не се инспиративни или работата што ве измачува или не ви носи финансиска сатисфакција. Од друга пак страна, Лунарната Еклипса во периодот до 10-ти јануари 2020, ќе предизвика кај вас потреба да се ослободите од начинот на кој што до сега сте функционирале во партнерските односи. За некои од вас тоа ќе значи развод, за другите само сериозен разговор со партнерот и промена на правецот во кој ќе се движи вашата врска.

Лав

Соларната Еклипса во следните 6 месеци ќе ги размрда во вашата потсвест сеќавањата кои сте ги потиснале во минатото со цел помалку да ве болат. Па, ако се соочите со болката, ќе доживеете скок нагоре во својот духовен развој. Во спротивно, очекувајте дека ќе ве совладаат депресивните чувства. За тоа време, до 10-ти јануари 2020, под влијанието на Лунарната Еклипса, ќе имате потреба да се ослободите од работните обврски кои ве ограничуваат, од колегите кои ве нервираат и од животните навики кои се штетни за вашето здравје.

Девица

Вие сте познати како луѓе кои најмногу уживаат во сопственото друштво. Но, под влијание на Соларната Еклипса, во следните 6 месеци би требало да се охрабрите и полесно да стапувате во комуникација со луѓето. Па, има голема шанса до 26-ти декември 2019 да ги запознаете своите нови, најдобри пријатели. За истото тоа време, Лунарната Еклипса ќе ве принуди да ги прекинете љубовните врски кои не ве исполнуваа, да ги ослободите своите деца од својата заштита и да ги пуштите слободно да летаат. Желбата да ги задржите старите љубови ќе ве прави уште понезадоволни. Додека вашата желба да ги задржите децата во своето безбедно гнездо ќе се заканува ним да им ги пресече крилата, а вам ќе ви создаде непотребни конфликти.

Вага

Соларната Еклипса во следните 6 месеци ќе означи крај на една фаза во вашата кариера и промени во истата. Затоа е потребно да го употребите сиот ваш потенцијал во создавањето услови за подобро позиционирање на професионален план. Истовремено, Лунарната Еклипса ќе бара од вас до 10-ти јануари 2020 да се ослободите од врзаноста за некои од членовите на семејството, од врзаноста за местото на живеење или од потребата својот животен пат и својот углед да го градите врз темелите на старата слава на вашето семејно име. Ослободувањето од врзаноста за домот, местото на живеење, корените и семејството ќе ви помогне полесно да ја менаџирате вашата иднина.

Шкорпија

Почнувајќи од јули, па во следните 6 месеци, Соларната Еклипса ќе ве принудува да излезете од својата зона на комфорот и да се впуштите во бескрајот можности што ги нуди животот. Затоа, не ги одбивајте понудите за далечни патувања, запишете некаков курс, специјализација, побрзајте да дипломирате ако сте студенти. Можно е да добиете некаква шанса за живот или учење во странство. За тоа време, Лунарната Еклипса до 10-ти јануари, ќе ја среди сцената за ваше полесно ослободување од товарот што ви го наметнуваа роднинските односи и од комуникациите кои веќе ја изгубиле својата смисла.

Стрелец

Почнувајќи од јули, па во следните 6 месеци, Соларната Еклипса ќе внесува промени во вашата финансиска состојба. Па, можеби ќе треба да научите да ја победите гордоста и да побарате туѓа финансиска помош или нови извори на заработка. Бидејќи, за истото тоа време Лунарната Еклипса ќе бара од вас да се ослободите од својот досегашен однос кон парите, да ги вратите долговите, да внесете промени во вашиот досегашен стил на живот и во неодговорниот однос кон финансиите. На сексуален план, ќе треба да го смените однесувањето кое би можело да има негативни реперкусии по вашата финансиска состојба и по вашето здравје. Но, ако тоа не го направите, би можел да страда и вашиот џеб и вашето здравје.

Јарец

Соларната Еклипса во следните 6 месеци ќе предизвика промени во вашиот брачен статус. Па, ако сте слободни, постои голема веројатност за кусо време да најдете партнер каков што ви одговара и да стапите во брак. Но, ако веќе сте во брак, ќе мора да направите некакви промени во вашиот секојдневен живот, во вашите навики и обврски, како и во односите со партнерот, ако сакате бракот да ви трае. За тоа време, до некаде 10-ти јануари 2020, Лунарната Еклипса ќе бара од вас да се ослободите од вашите стари навики и начин на живот, да го успорите темпото и повеќе време да им посветите на работите што ви причинуваат задоволство наместо на кариерата.

Водолија

Под влијанието на Соларната Еклипса во следните 6 месеци ќе мора да направите нешто со кое ќе си помогнете себеси. Тоа значи дека ќе мора да ги победите лошите навики кои негативно влијаат на вашето здравје, да започнете да спортувате, да одите на фитнес, да пробате јога и медитации. За почеток е доволно само повеќе да се одморате и подолго да спиете. Така, одморени, ќе можете правилно да ги донесете одлуките поврзани со промените што ве очекуваат на план работа, начин на работење, време на работење. За истото тоа време, до 10-ти јануари 2020, Лунарната Еклипса ќе бара од вас да се ослободите од чувството на вина што го имате потиснато во себеси, со тоа што ќе побарате да ви простат за грешките оние пред кои се чувствувате виновни.

Риби

Од јули до 26-ти декември 2019, под влијанието на Соларната Еклипса, ќе почувствувате нов креативен набој. Затоа, не се срамете да го изразите на креативен начин тоа што го носите во себеси. А, ако почувствувате дека само децата се тие што прават да бидете исполнети, тогаш комплетно посветете им се ним. Размислувајте да го проширите семејството со раѓање дете. Поддржете ја намерата на вашите деца да имаат свои деца. Во истото тоа време, до јануари 2020, Лунарната Еклипса ќе бара од вас да расчистите со односите што не ви носеа љубов и поддршка, и на план пријателства и на интимен план.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби